Забава
Принцот Хари и Меган ќе го прекинат молкот во интервју кај Опра

Принцот Хари и неговата американска сопруга Меган ќе го прекинат својот молк во прво интервју по откажувањето од британското кралско семејство кога ќе гостуваат кај Опра Винфри следниот месец.
Хари и Меган, кои во неделата објавија дека го очекуваат своето второ дете, минатата година ги шокираа високите кралски служби соопштувајќи им дека планираат да се повлечат од кралските улоги и да се преселат во САД.
Си-би-ес соопшти дека интервјуто ќе се емитува на 7 март.
„Винфри ќе разговара со Меган, војвотката од Сасекс, во широко интервју опфаќајќи сè – од животот како член на кралското семејство, бракот, мајчинството, филантропската работа, па до тоа како се справува со животот под силен притисок на јавноста“, се наведува во соопштението на Си-би-ес.
„Подоцна, на двете ќе им се придружи принцот Хари и ќе разговараат за нивната преселба во САД, за нивните надежи, соништа и за нивното проширено семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Принцот Хари и Меган се плашеле од „повторување на историјата“ алудирајќи на принцезата Дајана

„Си-би-ес“ објави неколку видео клипови од претстојното интервју на Опра со принцот Хари и Меган.
Војводата од Сасекс направи паралели помеѓу тоа како ја третирале неговата мајка Дијана и сопругата Меган, во тизер клипови од многу очекуваното телевизиско издание на Опра Винфри.
Во два клипови од 30 секунди кои ги објави „Си-би-ес“ изминатион викенд, Хари проговори за својата мајка и вели дека тој и Меган се повлекле од кралските должности меѓу другото, и поради тоа што се плашел дека историјата може да се повтори, алудирајќи на судбината принцезата Дијана.
Опра ја прашува Меган дали имало „точка на кршење и дали е тивка или замолчена“, но војвотката не зборува во видео клипот.
Во клипот прикажана е фотографија на млад принц Хари со Дајана, а војводата вели: „Не можам да си замислувам како мораше да помине низ целиот тој процес сама пред толку години, бидејќи беше неверојатно тежок за нас двајцата – но барем се имавме еден со друг “.
Хари потоа ѝ вели на Винфри: „Најголема грижа ми беше повторување на историјата.“
Целосното интервју во САД ќе се емитува на 7 март.
Нејасно е кога програмата, Опра со Меган и Хари: „Си-би-ес прајмтајм спешл“, ќе се прикаже во Велика Британија.
Во интервјуто Меган ќе зборува за бракот, мајчинството, живот како член на кралско семејство и како се справува со интензивниот притисок на јавноста, соопшти „Си-би-ес“.
Забава
Бен Стилер може да ви испече „Златен глобус“

Бен Стилер направи нешто што никој претходно го нема направено на официјална церемонија кога почна да ја јаде својата награда „Златен глобус“ на сцената.
Комичарот ги изненади фановите со новиот изглед на синоќешните „Златни глобуси“, а за време на доделувањето на наградите во живо на сцената тој почна да јаде статуетка направена од тесто.
„Тешко е да се поверува дека помина цела година од последниот ‘Златен глобус’“, рече Бен Стилер кога се качи на сцената за да ја додели наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија.
„Но, како и многумина од нас, го искористив тоа време за гледање кон мојата внатрешност и раст. Целосно ја разбрав природата на криптовалутата. Прочитав книга. И, конечно, успеав да ја обојам косата во сиво“.
Се чини дека најинтересно достигнување на актерот во периодот на самоизолација е скулптурирање трофеи од наградите со тесто.
„Како и многу други отпорни Американци, научив да печам. Вкусен леб од банана во форма на златен глобус.
Забава
Вратени назад булдозите на Лејди Гага, шетачот на кучиња таа го нарече херој

Вооружениот напад и грабнувањето на кучињата на поп-ѕвездата Лејди Гага е со среќна завршница – човекот што се грижеше за кучињата на Лејди Гага заздравува, а двата француски булдога се безбедни.
Според „Асошиетед прес“, нејзините два француски булдога биле донесени во полициската станица во Лос Анџелес во петокот од страна на непозната жена.
Пејачката моментно е во Рим на снимање филм. Нејзини претставници биле во станицата и потврдиле дека тоа се нејзините домашни миленичиња.
Претставник на полицијата изјави дека жената што ги донела кучињата се чини дека не била инволвирана или поврзана со нападот во средата вечерта (24 февруари).
Не е јасно како таа дошла во контакт со кучињата.
Во средата 30-годишниот Рајан Фишер беше надвор за да ги прошета трите француските булдози на поп-ѕвездата – Коџи, Мис Азија и Густаво – во западен Холивуд кога беше нападнат од двајца мажи, кои го застрелаа четири пати во градите пред да побегнат со две од трите кучиња.
Фишер итно беше пренесен во болница, од каде што изминатиов викенд беше соопштено дека е во стабилна состојба. Во петокот неговото семејство ѝ се заблагодари на Гага за поддршката по нападот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран