Забава
Пристигна целосно новата Škoda Superb: повеќе простор, поголема удобност, ефикасност и безбедност
На македонскиот пазар пристигна целосно новиот Superb. Предводникот на Škoda влегува во новата генерација со уште поголеми димензии, паметно развиен изглед и широк спектар на нови технологии. Со избор од три модерни погонски варијанти и подобрена аеродинамика, тој е поефикасен од кога било. Линијата на погонски варијанти започнува со бензинскиот 1,5 TSI со блага хибридна технологија и моќност од 110 kW (150 КС), додека дизел моторите се достапни во две варијанти, со моќност од 110 kW (150 КС) и преден погон и со погон на сите тркала и моќност од 142 kW (193 КС). Новата, чиста и пространа внатрешност уште повеќе ги користи одржливите материјали и доаѓа со особено интуитивен концепт на контрола кој вклучува Škoda Smart Dials и ChatGPT.

Надворешен дизајн со предни LED Matrix светла, нови модерни дизајнерски елементи и подобрена аеродинамика
Новиот Superb доаѓа со препознатлива, октагонална решетка на ладилникот и остро исцртани LED Matrix светла кои обезбедуваат уште повеќе светлина од нивните претходници и го вклучуваат новиот дизајнерски елемент Crystallinium.

Задните LED светла со анимирани индикатори имаат функција Coming/Leaving Home и се стандардна опрема за Selection нивото на опрема. Други визуелни моменти се надворешните детали во Unique Dark Chrome, на пример логото на хаубата и буквите на задната врата. Елегантната каросерија нуди коефициент на отпор од cd 0,23, што е меѓу најдобрите остварувања во сегментот. Во споредба со претходникот, коефициентот на отпор е намален за 15 проценти.

Нова внатрешност: 13-инчен дисплеј, чиста централна конзола и повеќе багажен простор
Внатрешноста на Superb се одликува со инфо-забавен дисплеј со димензии до 13 инчи и чиста централна конзола, бидејќи рачката на менувачот се префрли на воланот. Како опција за прв пат е достапен head-up дисплеј и Smart Dials на Škoda со кои контролирање на бројни функции на возилото е многу поедноставено. Новитет се и Ergo седишта со десет пневматски контролирани перничиња за масажа на грбот.

Новите дизајн пакети нудат можност за опремување на салонот на возилото со врвни материјали од црна или кафена кожа или сива алкантара. Со капацитет на багажниот простор од 645 литри, големината на багажникот на е зголемена за 20 литри во однос на претходникот.

Зголемена удобност и безбедност
Најновата генерација на динамичка контрола на шасијата (DCC Plus) е достапна кај Superb за прв пат и ги комбинира удобноста и динамиката на возењето.

Наследство: новиот Superb е подготвен да додаде ново поглавје во успешната приказна
Четвртата генерација на Superb треба да се надоврзе на успехот на своите претходници. Škoda ја понуди првата генерација на Superb во 2001 година и до сега повеќе од 1.600.000 Superb модели се испорачани на клиентите.

ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

