Забава
Развод долг една деценија: Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер

Разводот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер конечно е официјализиран, повеќе од една деценија од нивната разделба.
Славниот актер, поранешен гувернер на Калифорнија (74) и неговата сопруга (66) всушност се разделија во 2011 година, но судијата неодамна го потпиша разводот и нивната официјална разделба сега е влезена во судскиот систем на Вишиот суд во Лос Анџелес, пишува „ТМЗ“.
Приватен судија посредуваше во нивниот развод, сепак, потребен беше потпис од актуелен судија за да влезе во судскиот систем.
Марија поднесе барање за развод пред повеќе од една деценија, откако се дозна дека холивудскиот ветеран има син (Џозеф Баена) со нивната куќна помошничка.
Сепак, нивниот развод беше комплициран имајќи предвид дека требаше да постигнат спогодба за поделба на имот срекнат во брак.
Деталите од спогодбата останаа тајни во текот на целиот процес, но медиумите наведувааа дека станува збор за сума од околу 400 милиони долари.
Арнолд и Марија – кои заедно ги имаат Кетрин (32), Кристина (30), Патрик (28) и Кристофер (24) – ги поделиле парите од имотот приближно рамномерно.
Ѕвездата на „Терминатор“, кој се ожени со Марија во 1986 година, претходно го опиша разводот како негов најголем неуспех и призна дека е целосно негова вина.
„Тоа беше, без никакво сомневање, најголем неуспех. Не можете да го вперите прстот кон никој друг“, рече тој во една пригода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Истражување покажа која кабина треба да ја користите во јавен тоалет

Според она што истражувачите го нарекуваат „преференција за централност“, повеќето луѓе најчесто избираат средна опција кога им се нудат повеќе избори — без разлика дали станува збор за игра со карти, избор на сендвич за ручек или кабини во тоалет.
Постои теорија дека кога сте во јавен тоалет, треба да ги избегнувате средните кабини секогаш кога можете и наместо тоа да ја избирате првата кабина. Се смета дека таа најмалку се користи, што значи дека е веројатно најчиста.
„Точно е дека, ако ги погледнете истражувањата, луѓето (свесно или несвесно) имаат тенденција да ги избираат кабините што се во помалку пристапниот дел на тоалетот и да ги избегнуваат оние на самиот почеток“, вели д-р Филип Тиерно, клинички професор по патологија на NYU Langone Health во Њујорк, пишува The Healthy.
Едно истражување од 1995 година, објавено во списанието „Psychological Science“, се занимавало со оваа тема — и можеби го покренало опсесивното прашање која кабина да ја изберете во јавен тоалет.
Психологот Николас Кристенфелд следел колку често се менува тоалетната хартија во секоја од четирите кабини во текот на десет недели.
Резултатите покажале дека 60 отсто од потрошените ролни биле од средните кабини, додека само 40 проценти од оние на краевите. Ова укажува на тоа дека „преференцијата за централност“ преовладува — многу повеќе луѓе ги користат средните кабини.
Анкета спроведена од „New York Magazine“ отишла чекор подалеку и ги анализирала разликите во навиките на мажи и жени. И мажите и жените најчесто ја избираат средната кабина, но бидејќи кабините и писоарите ретко изгледаат исто, мажите почесто ја избираат онаа што им е најблиску до вратата.
Во секој случај, важно да се придржувате до правилата за хигиена во јавните тоалети.
Носете свои влажни марамчиња.
Секогаш мијте ги рацете по користење на тоалетот.
Сушете ги рацете со хартија и користете хартија за затворање на чешмата.
Ова е најдобриот начин да се заштитите од бактерии.
Забава
Хороскопски знаци кои секогаш го даваат својот максимум на работа

Додека некои сонуваат за пократко работно време и го бројат времето до пауза, има и такви кои во работата се даваат целосно. Не бараат кратки патишта, не се жалат (барем не гласно) и не оставаат задачи недовршени. За нив работата е повеќе од обврска – тоа е шанса да докажат себеси и на другите дека можат, знаат и вредат.
Овие три хороскопски знаци се познати по тоа што на работното место не штедат ниту време, ниту нерви, ниту енергија. Кога ќе се посветат на задача, тоа го прават без резерви. Додека на другите им треба мотивација, тие едноставно ја имаат работната етика вградена во себе.
Јарец
Јарецот сериозно сфаќа сè, вклучувајќи ја и сопствената одговорност. Не им е важно кој гледа, дали ќе добијат пофалба или бонус. Важно им е да знаат дека дале сè од себе. Јарецот не толерира површност – ниту кај себе, ниту кај другите, и работата ја доживува како лична мисија.
Девица
Девиците не знаат да работат површно. Секој документ мора да биде точен, секоја реченица внимателно испланирана, секоја презентација подготвена како да е пред најважната публика. Нивното внимание кон деталите понекогаш ги излудува колегите, но резултатите им се речиси секогаш беспрекорни.
Девицата не ги сака грешките, но не поради страв од критика, туку затоа што верува дека работата вреди само ако е направена како што треба. Ако треба да остане подолго, да се врати порано од пауза или да им помогне на другите, можете да сметате на неа.
Шкорпија
Кога Шкорпијата работи, сè друго паѓа во втор план. Нејзината енергија е фокусирана, одлучна и понекогаш застрашувачка. Нема простор за опуштање додека задачата не е завршена, и тоа онака како што треба. Не прифаќа површност, не верува во просечност и очекува сите да работат подеднакво сериозно како и таа.
Шкорпиите имаат високи стандарди прво за себе. Не им треба мотивирање или потсетување за работа. Доволно е да ја знаат целта и сè останато ќе го средат. За нив давање максимум е минимален стандард што го очекуваат од себе.
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.