Забава
Роби Вилијамс и сопругата купија палата од 24 милиони фунти во Швајцарија

Британскиот пејач Роби Вилијамс со сопругата Ајда Филд и нивните деца Теди (7), Чарлтон (5), Коко (2) и Бо (шест месеци) првпат се преселија во Женева минатата година среде пандемија и наводно сега одлучиле Швајцарија да биде нивна постојана база.
„Роби и неговото семејство се воодушевени. Тие го сакаат ритамот на живот овде. Тие го сакаат отворениот простор и езерото во близина. Оваа област е навикната на богати жители и нивната приватност целосно се почитува“, извор близок до парот за британски „Сан“.
Роби (46) наводно склучил договор за купување на раскошната семејна куќа за време на една партија голф со бизнисменот Николас Браншвиг.
„Роби е првокласен играч на голф и го сака местото. Тој се запозна со Браншвиг и тие се договорија“, вели инсајдерот.
Минатата година Роби откри дека тој и Ајда (41) се преселиле во Швајцарија со своите деца бидејќи таму се чувствувал побезбеден во екот на пандемијата на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На кралицата ѝ донеле две нови кученца за да ја утешат во стресно време

Сопругот на кралицата, војводата од Единбург, со кого е во брак 73 години, е во болница од средината на февруари.
Добро познат факт е дека најдобриот пријател на човекот честопати е утеха во стресни ситуации. Всушност, има кучиња што се користат поради нивната емоционална осетливост помагајќи им на оние на кои им е најпотребна нивната поддршка.
Некои британски медиуми објавија дека нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора – долгогодишен љубител на кучиња, неодамна добила две нови кученца велшки корги пемброк (нејзината омилена раса) со цел да ја утешат додека нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, е во болница.
Весникот „Сан“ известува дека двата нови члена на кралското домаќинство пристигнале во февруари откако принцот Филип бил примен во болница поради постојната срцева состојба. Додека закрепнува од операцијата во болницата „Св. Бартоломеј“ во Лондон, овие две кученца без сомнение ѝ даваат многу потребно внимание на кралицата.
„Кралицата е воодушевена. Незамисливо е таа да нема ниеден корги. Тоа е како лондонската кула да ги нема гавраните чувари. Тие се таму само неколку недели, но велат дека се преслатки и палатата ја направиле свој дом“, изјавил анониимен извор за весникот. „Внесуваат многу бучава и енергија во палатата додека Филип е во болница“, додава изворот.
Последното куче на кралицата, Вулкан, за жал, почина веднаш по Божик. Тоа беше со нејзиното височество од 2007 година.
Таа долго време чувала корги, а досега имала најмалку 30. Се смета дека зголемената популарност на оваа раса во последните години е нејзина заслуга.
Кралицата со еден од коргите во 1970 година.
Забава
БТС е најпродаван светски изведувач за 2020 година

Момците од јужнокорејската поп-сензација, седумчлениот машки бенд БТС, се прогласени за најпродавани изведувачи за 2020 година од страна на IFPI, Меѓународната федерација на фонографската индустрија.
Признанието ја прекрива ѕвездената година за корејскиот бенд-момчиња, кои минатата година издадоа два албума на врвот на топ-листите – Map of Soul: 7 и Be.
Момчињата ја победија Тејлор Свифт, која е на второ место на листата, а минатата година ја освои круната.
Тие се први незападни музичари што победиле во ваква трка и први што песните не ги пеат претежно на англиски јазик.
Наградата се пресметува според глобалната продажба, преземањата и стримовите на уметници или групи, опфаќајќи го целото нивно дело.
Дрејк се најде на третото место, Викенд е четврти и Били Ејлиш на петтото место.
Забава
Новиот „Брзи и бесни“ одложен до јуни

Американското филмско студио „Јуниверзал пикчрс“ соопшти во четвртокот дека го одложува глобалното деби на „Ф-9“, деветтиот дел на филмската сага „Брзи и бесни“, за 25 јуни.
Ова е последна во низата промени во календарот на холивудските студија, кои се обидуваат да проценат кога љубителите на филмот ќе се вратат во киносалите во поголем број.
Овој потег сигнализира дека „Јуниверзал“, единица на Comcast Corp., е уверен во закрепнување налето бидејќи вакцините против коронавирусот стануваат пошироко достапни во САД и Канада, кои заедно го сочинуваат најголемиот светски филмски пазар.
Киносалите во Њујорк, втора по големина регија на кинопосетители во САД, треба да почнат со повторно отворање в петок.
Деветтиот дел од сагата „Брзи и бесни“, со наслов „Ф-9“, е во режија на Џастин Лин и во него глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Џон Сена и речиси цела актерска екипа од претходно.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“