Контакт

Hitech

Русија развива суперкомпјутер за вселенската индустрија

Објавено пред

Групацијата „Руселектроникс“, која е дел од државната корпорација „Ростек“, развива мобилен суперкомпјутер со капацитет од 2,2 петафлопси, кој може да процесира апликации во одбранбената и вселенската индустрија.

Компјутерската единица од 1,9×1,35×1м овозможува постигнување на рекорден капацитет од 2,2 петафлопси за компјутери со таква димензија и обем на податоци до 2,2 петабајти (1 петабајт = 1.000.000 гигабајти) , се вели во соопштението на „Ростек“, а пренесува агенцијата „Тасс“.

Како што е наведено, меѓу потенцијалните корисници на новиот компјутер се вбројуваат организации од одбранбената и вселенската индустрија, технолошки паркови, истражувачки и образовни институти.

Суперкомпјутерот има течен систем за ладење, кој работи речиси бесшумно, како и заштита од прав и влага, а исто така е отпорен и на оган, се вели во соопштението.

Новиот тип на компјутер користи 40 проценти помалку енергија отколку другите компјутери во овој сегмент.

Извршниот директор на „Ростек“, Олег Јевтушенко, рече дека компјутерот може да се користи во вселената за автоматска идентификација на објекти на сателитските снимки, моделирање на вселенски летала и проценка на состојбата на системите на вселенските летала.

 

Hitech

Новиот „ајфон“ непријатен за луѓе кои имаат фобија од дупки

Објавено пред

Луѓето кои имаат фобија од мали дупки тврдат дека дизајнот на новиот „ајфон 11 про“ го активира ваквиот страв.

На претставувањето на новиот телефон во вторникот, вниманието на јавноста го привлече ултра широката задна камера, со три леќи поставени блиску една до друга.

Стотици корисници на паметни телефони сега тврдат дека новиот дизајн ја активирал нивната „трипофобија“, што претставува аверзија од гледање во мноштво од мали дупки, пишува Би-би-си.

Терминот „трипофобија“ првпат беше споменат во 2005 година на онлајн платформата „Редит“ и оттогаш за него многу се дебатира на социјалните мрежи.

Актерката во „Американ хорор стори“ Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу познатите личности кои тврдат дека страдаат од ваква состојба.

Пред извесно време научници од Универзитетот во Есекс ја спроведоа првата комплетна научна студија за трипофобија.

Тие констатирале дека гледањето во мали дупки кај некои луѓе може да предизвика екстремни последици. Така некои од испитаниците повраќале, а други рекле дека неколку денови не биле во состојба да одат на работа.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час

Објавено пред

На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час.

„Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.

Иако електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, позната како автоплот, компанијата ги предупредува возачите да бидат будни додека возат и да ги држат рацете на воланот.

Фактот дека автомобилот има автономно управување не значи дека треба да вози без надзор и контрола на возачот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Бил Гејтс: Најголемиот страв ми е дека мозокот ќе престане да ми работи

Објавено пред

Најголем страв на американскиот милијардер, Бил Гејтс, е дека мозокот ќе престане да му работи.

Гејтс ова го кажа во новиот документарец на „Нетфликс“ во три дела, наречен „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс“.

Во неодамна објавената најава за овој филм, чиј режисер и извршен продуцент е Дејвис Гугенхајм, се обелоденува дека неговата тематиката е да открие што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс ја нарекува мултипроцесор.

Мелинда вели дека Гејтс цвета во комплексни ситуации.

„Тој прави рамка во својот ум и тогаш почнува да ги сортира информациите. Ако нешто не се вклопува, навистина се фрустрира“, објаснува госпоѓа Гејтс.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе ги однесе затворените борци на ИД на границите на Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои ѝ се приклучиле на Исламската...

Македонија5 часа

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата5 часа

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет9 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ13 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија14 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија14 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет14 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет16 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет16 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет16 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа1 ден

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет1 ден

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија2 дена

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион2 дена

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ2 дена

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија2 дена

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ2 дена

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Досие