Забава
Северина во Крива Паланка за празникот на градот, Калиопи на „Џој фест“
Балканската мега популарна пејачка Северина ќе одржи концерт во Крива Паланка, на 28 август за празникот на градот, а главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест“ ќе биде Калиопи која ќе настапи на 24 август, беше најавено на денешната прес конференција во Општина Крива Паланка по повод богатата фестивалска програма за патрониот празник „Свети Јоаким Осоговски“ и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“.
![]()
„Крива Паланка како Град на културата за 2024 година е една голема културна сцена на која секојдневно се случуваат настани, а август е месецот кога кулминираат големите фестивалски случувања што даваат посебен ритам и динамика на градот. Културата ја ставаме во функција на општествениот развој и промоција на општината како една од најпосакуваните дестинции во регионот“, посочи градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Големите фестивалските манифестации почнуваат на 20 август со нововоспоставената манифестација „Шопско село“, која ги обединува Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“,што се одржува по 19 пат од 20-23 август, потоа Фестивалот на занаети и ракотворби кој ќе се реализира во истиот период и Фестивалот на храна кој ќе трае од 20-25 август.

За време на оваа манифестација ќе настапат Игор Димовски и Пауза за ракија, како и Елена Андоновска, а на 25 август следува проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12 македонски патриотски песни, во изведба на 12 македонски доајени на народната музика: Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Мина Блажев, Марија Спасовска, Ламбе Алабаковски и Бојана Скендеровски.

Посебна атракција за посетителите е етаблираниот музички фествал „Џој Фест“ кој ќе се одржи на 23 и 24 август. Првата фестивалска вечер е резервирана за концертите на Конкверинг Лајон и Суперхикс, а на 24 август ќе настап Кисити, Парампарчад и Бубњиви и Пси, додека звезда на вечерта е македонската дива Калиопи.

Фестивалската програма ќе кулминира со спектакуларниот концерт на хрватската пејачка и балканска ѕвезда Северина, на 28 август, кога се очекува да собере бројна публика од земјата и соседството. Пред Северина настапува поп пејачот Давид Темелков, а фестивалската сцена ќе ја затворат енергичните и оригинални BRASS Brothers.

Директорите на НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј, Антони Стојановски и Драган Величковски, како и Мартин Николовски од Организацискиот одбор на „Џој Фест“,носители на манифестациите ги промовираа детално најатрактивните случувања.
Градоначалникот Митовски, пак, подвлече дека во изминатите 5 и пол месеци, Крива Паланка како Град на културата има реализирано над 70 настани со учество на повеќе од 300 уметници, артисти и изведувачи, што ги проследиле повеќе од 10.000 посетители од различни генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нека почнат со одбројување: За пет хороскопски знаци 2026 година ќе биде исклучително плодна со пари
Пет хороскопски знаци имаа тешка финансиска 2025 година, а на некои им претстои отежната зима, но според астрологијата, на долг рок, 2026 може да биде нивната најпрофитабилна година.
1. Девица
2025 била годината на силен притисок и постојани проблеми. Во 2026, трудот станува видлив и исплатлив – следи унапредување, добивка од проект или реализација на идеја која носи приход.
2. Стрелец
По импулсивните одлуки и грешка со доверба во 2025, во 2026 доаѓа стабилност. Меѓународни, креативни или претприемачки проекти можат да станат значаен извор на приход. Влегува и нова поддршка што отвора можности.
3. Риби
Во 2025 носеле туѓи товари, што влијаело и на финансиите. Во 2026 заработуваат преку работа. Следуваат стабилни, нежни, но сигурни финансиски подобрувања.
4. Близнаци
По непостојаниот ритам во 2025, стекнале голема флексибилност. Во 2026 таа станува финансиска предност. Пари пристигнуваат од повеќе извори, можно е смена на кариера или почеток на креативен проект со силен потенцијал.
5. Јарец
Иако ретко паѓаат, 2025 била тежок период за овие знаци. Во 2026 – дисциплината носи раст. Следува голема шанса преку работа, лидерство, инвестиција или храбра промена на правецот.
Забава
Џастин Трудо ја потврди врската со Кејти Пери, објави заедничка фотографија
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо и пејачката Кејти Пери се чини дека и официјално ја потврдија својата врска во она што обожавателите го нарекоа „најлудото јавно признание во историјата на слободниот свет“.
Трудо и Пери позираа со јапонскиот политичар Фумио Кишида и неговата сопруга Јуко. Фотографијата ја објави на социјалните мрежи член на јапонскиот Претставнички дом, веројатно несвесен дека потврдува една од најнеочекуваните врски во годината.
Трудо бргу ги зеде работите во свои раце споделувајќи ја објавата со пораката: „Убаво е што се запознавме @kishida230. Кејти и јас сме толку среќни што имавме можност да се дружиме со тебе и Јуко. Ти благодарам, Фумио, за твоето пријателство и за твојата континуирана посветеност на меѓународен поредок базиран на правила и подобра иднина за сите“.
Great to see you @kishida230. Katy and I were so glad to have the chance to sit down with you and Yuko. Thank you, Fumio, for your friendship and your continued commitment to both the international rules-based order and to a better future for everyone. https://t.co/zLEuppHNST
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) December 4, 2025
Обожавателите беа изненадени од овој пресврт на настаните. „’Кејти и јас’ е нешто што никогаш не можев да го замислам“, напиша еден корисник. Друг направи паралела со друга позната врска: „Фактот дека откритието на Тејлор за врската со Тревис го вклучуваше принцот Вилијам, а Џастин и Кејти ја направија својата со јапонски политичар… поп-ѕвездите објавуваат врски заедно со политичари и тоа ми се допаѓа“.
За потсетување, Кејти Пери и нејзиниот поранешен свршеник Орландо Блум потврдија дека не се повеќе заедно во јуни оваа година, а шпекулациите за причините беа поттикнати и од нејзината најнова песна. Малкумина можеа да предвидат дека до крајот на годината пејачката ќе биде во врска со поранешниот премиер на Канада.
53-годишниот Трудо поднесе оставка од функцијата премиер претходно оваа година откако ја водеше земјата од 2015 година. Шпекулациите за нивната врска кружат веќе некое време, а двојката е видена неколкупати заедно на вечери и на патувања. Во јули тие дури беа фотографирани како се бакнуваат на јахта покрај брегот на Санта Барбара, Калифорнија.
фото/епа
Забава
(Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку проклето секси
Џенифер Лопез повторно нè почести со совршен изглед и покажа дека може да биде многу секси, особено по жешката најава за она што следува. На гала-вечерта на „Холивуд рипортер воман 2025“ на Беверли Хилс таа носеше облека во најпопуларната боја на сезоната – чоколадна.
За оваа посебна пригода познатата Џеј Ло носеше монохроматска облека со лабав крој и не ја истакнуваше половината, ниту ги откриваше совршените стомачни мускули, а сепак беше толку проклето секси, како што многумина коментираа за ова нејзино појавување – со и без очила за сонце.
View this post on Instagram
Немаше апсолутно ништо на себе под преголемото сако, па со добра причина сите се загледаа во нејзиното деколте, кое малку ѝ остави простор на имагинацијата.
Have u ever seen anything or anybody more beautiful than this woman ?!
Course not u haven’t.
Because there simply isn’t. #JenniferLopez #JLo #Oscars2026 #KOTSW #KissOfTheSpiderWoman https://t.co/b7cLHjjAmj— 🎼🎶KOTSW…🎵 ✨️ (@alister_369) December 4, 2025
Ја комбинира со миди здолниште, кое паѓаше лежерно, без да ја нагласи фигурата на една од најубавите и најстилски жени, а целата комбинација ја зачини со женствени детали – лабава коса, ефектни ѓердани околу вратот, слични на некогаш мегапопуларниот чокер, и соодветна шминка.
Пејачката, актерка и танчарка се одлучи и за кафеава кожена чанта и лак за нокти во истата боја, а монохроматската комбинација ја разби со беж чевли.

