Свет
Седејќи на прозорецот од болницата, внимавал на својата мајка до нејзината смрт од Ковид-19

Триесетгодишниот Палестинец Џихад ал-Суваити секој ден седел на прозорецот од болницата за да ја гледа својата мајка која заболела од Ковид-19, сè до моментот кога таа починала.
Момчето се качувало на прозорецот преку олукот и седел на прозорецот со часови за да се увери дека мајка му ја има целата можна грижа.
„Тој ќе го поминеше поголемиот дел од денот така, набљудувајќи ја состојбата на неговата мајка, а се спушташе само кога мислеше дека таа спие“, рече едно болничко лице за „Ал Араби“.
الشاب جهاد السويطي من الضفة الغربية يتسلق كل ليلة جدار المستشفى الذي تقبع به والدته للعلاج من فيروس كورونا من أجل دعمها ومواساتها.
والدته فارقت الحياة منذ قليل! pic.twitter.com/wYuHoS4Ng0— Dr. Ramy Abdu| د. رامي عبده (@RamAbdu) July 16, 2020
Иако посетите во болницата биле забранети, синот не се откажал, барем на овој начин, секој ден да проверува како е неговата мајка.
„Џихад е најмалото дете и беше многу близок со мајката, особено по смртта на нашиот татко пред 15 години. Мајката страдаше од леукемија, а пред неколку недели ѝ беше дијагностициран Ковид-19. Кога дозна за нејзината смрт, Џихад беше многу лут и вознемирен. Но, сега се чини дека се помири со тоа“, рече брат му Расми.
The son of a Palestinian woman who was infected with COVID-19 climbed up to her hospital room to sit and see his mother every night until she passed away. pic.twitter.com/31wCCNYPbs
— Mohamad Safa (@mhdksafa) July 18, 2020
Неговата фотографија се појави на социјалните мрежи и предизвика многубројни реакции. По смртта на неговата мајка, еден карикатурист му посвети илустрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Застрелан сојузник на Трамп

Чарли Кирк, влијателен десничарски активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на Turning Point USA (TPUSA), беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали.
Снимките што кружат на социјалните медиуми го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор во дворот на универзитетот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на пукотници. Кирк настапи таму како дел од турнејата American Comeback, организирана од локалниот огранок на TPUSA.
Неговиот тим потврди за Fox News дека е погоден, но неговата состојба во овој момент е непозната. Универзитетската полиција потврди дека се испукани куршуми, а ФБИ соопшти дека агентите брзаат на местото на настанот и целосно ја поддржуваат истрагата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потврди веста дека конзервативниот активист и неговиот сојузник Чарли Кирк е ранет и повика на молитва.
„Сите мора да се молиме за Чарли Кирк, кој беше застрелан“, напиша тој на Truth Social. „Одличен човек од глава до пети. БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ!“
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, повика на молитви за Кирк, нарекувајќи го „добар човек и млад татко“, додека министерот за одбрана, Пит Хегсет, рече: „Нека раката на Исус Христос го допре“.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го осуди нападот и рече дека е „одвратен, гнасен и срамен“. Сенаторот од Јута, Мајк Ли, рече дека внимателно ја следи ситуацијата и повика на молитви за Кирк и студентите кои беа таму.
Свет
Сојузниците и’ нудат помош за Полска во зајакнувањето на својата противвоздушна одбрана

Полска доби понуди од своите европски сојузници за зајакнување на својата противвоздушна одбрана, изјави премиерот, Доналд Туск.
Тој рече дека штотуку разговарал со лидерите на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Украина и НАТО.
„Во денешните разговори добив не само изрази на солидарност со Полска, туку пред сè предлози за конкретна помош за одбрана на нашиот воздушен простор“, рече Туск.
Свет
Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција

Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.
Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.
Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.
Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.
Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.
Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.
Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.
Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.