Контакт

Hitech

Силни ветрови ја соборија вселенската ракета на Илон Маск

Објавено пред

Силни ветрови во средата го кутнаа горниот дел од прототипот на големата вселенска ракета „Старшип“ на компанијата „Спејс екс“, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Само што слушнав за овој инцидент“, потврди Илон Маск, основачот на „Спејс екс“, на „Твитер“.

„Ветрови со брзина од 80 километри на час ги оштетија платформите за врзување и го соборија горниот дел од ракетата. Ќе ни требаат неколку недели за поправка“, додаде тој.

Портпаролот на „Спејс екс“ за „Бизнис инсајдер“ потврдил дека носот на ракетата паднал поради силните ветрови.

„Спејс екс“ ги лоцираше своите погони во јужниот дел на Тексас. Локален жител, кој побарал да остане анонимен, потврдил дека ветрови од 80 километри на час дувале во вторникот и средата во таа област.

„Неколку часа се слушаше само звук од удари на метал и дрво. Изгледаше како налет на ураган“, рекол жител на тој дел од Тексас.

Илон Маск во јануари се пофали со својот нов прототип на „Твитер“. На сликата подолу се гледа прототипот на ракетата „Старшип“. Подоцна, ракетата беше демонтирана, а нејзините делови биле врзани за безбедносни платформи.

Ракетата „Старшип“ би требала да има носивост од околу 100 тони, што е маса на товар доволен за вселенско патување до Марс или барем до Месечината.

Најавите се дека станува збор за уникатна конструкција, со оклоп од сјаен метал за подобро справување со топлина, а начинот на производство ќе овозможи повторна употреба на речиси сите нејзини делови за вселенски летови.

Hitech

Апликација на „Гугл“ станува конкурент на „ватсaп“ и „вибер“

Објавено пред

Компанијата „Гугл“ соопшти дека најновата генерација на апликацијата за лични пораки, Messages, за корисници на „Андроид“ во САД, ќе биде збогатена со Rich Communication Services (RCS).

Ова значи дека апликацијата за пораки, која обично се смета за наследничка на традиционалните СМС-пораки со проширени можности, всушност станува конкурент на апликации како „ватсап“ и „вибер“.

Нејзините нови можности се да поддржува континуиран прием и испраќање пораки, како и можност за испраќање и примање фотографии, видеа и стикери со висока резолуција.

Покрај тоа, RCS носи и дополнителни можности како додавање и отстранување на луѓе од разговори или промена на името на разговорот поради полесна навигација, пренесува „Танјуг“.

Новите ознаки доаѓаат како бесплатна надградба на апликацијата „Messages“ , која обично доаѓа како претходно инсталирана на повеќето уреди кои користат „Андроид“, а може и да се преземе бесплатно од „Гугл плеј стор“.

„Гугл“ најавува дека проширените функции ќе бидат достапни и во други земји до крајот на годината.

 

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ се ребрендира

Објавено пред

Компанијата објави на својот блог  дека се ребрендира – ќе го задржи името на социјалната мрежа, но ќе има ново лого за  подобро да ги означи сите различни производи и услуги што сега ги нуди, вклучително и Instagram и WhatsApp. Со новото лого, името на компанијата ќе биде испишано со големи букви – ФЕЈСБУК.

„Денес ние ја ребрендираме нашата компанија да бидеме појасни во врска со  производите што доаѓаат од ‘Фејсбук’“, напиша Антонио Лусио, главен директор за маркетинг на компанијата. „Воведуваме ново лого на компанијата и дополнително ја разликуваме ќе направиме разлика меѓу компанијата ‘ФЕЈСБУК ‘ од апликацијата ‘Фејсбук’“, која ќе го задржи својот бред.

„Оваа промена на брендот е начин за подобро комуницирање на нашата сопственичка структура со луѓето и деловните субјекти кои ги користат нашите услуги,  за да се поврзат, споделат, градат заедница и да ја зголемат својата публика“, напиша Лусио. Компанијата соопшти дека новото лого ќе се појави на Инстаграм, WhatsApp и нејзините други производи.

Гугл направи сличен потег во 2015 година, но ја нарече својата нова матична компанија „Алфабет“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Фејсбук-месинџер ќе добие нова опција за аудио и видеоповици

Објавено пред

Компанијата „Фејсбук“ тестира криптирани аудио и видеоповици преку опцијата Secret Conversations во апликацијата месинџер, пренесуваат американски портали специјализирани за технологија.

Наводно, аудио и видеоповиците направени преку опцијата за тајни разговори ќе бидат „шифрирани од почеток до крај на сите ваши активни мобилни уреди“.

„Фејсбук“ ги воведе тајните разговори како експериментална функција за месинџер во 2016 година, овозможувајќи им на корисниците да испраќаат „end-to-end“ шифрирани пораки, а се чини дека наскоро треба да биде овозможено криптирање и на аудио и видеоповици.

Сепак, со оглед на тоа што оваа функција во моментов е во фаза на тестирање, може да мине извесно време пред навистина да можете да остварите аудио или видеоповици на побезбеден начин.

„Фејсбук“ инаку на почетокот од годинава објави дека планира да воведе „end-to-end“ енкрипција на сите свои популарни апликации за размена на пораки, како дел од пристапот за поголема приватност на корисниците.

Ова значи дека комуникацијата меѓу корисниците, без разлика дали се работи за двајца или повеќе, е заштитена со посебни кодови достапни само на уредите од корисниците. Целата комуникација е недостапна за кој било друг, а тоа важи и дури и за компанијата која ја овозможува услугата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион12 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија12 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа13 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија15 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет18 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија18 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија20 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ20 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија21 час

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија22 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ22 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата24 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија24 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа1 ден

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет2 дена

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија2 дена

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија2 дена

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Досие