Забава
Синди Крафорд на дружба со ќерката откако го прослави својот 55. роденден

Поранешниот супермодел Синди Крафорд беше забележана на заедничка прошетка со нејзината ќерка Каја Гербер, со која отиде на кафе во Мајами во неделата.
Папараците ја уловија нивната дружба откако пртходно ноќта деловната жена сподели фотографии на својот инстаграм-профил по повод нејзиниот посебен ден, 55. роденден.
19-годишната ќерка на Синди тргна по стапките на мајка ѝ, и веќе е модел.
Само неколку часа пред дружбата мајка и ќерка, Крафорд објави фотографија од претходната вечер, на која се гледа родеденската торта, како и фотографија од детството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Салма Хајек во црвен фустан ги воодушеви фановите

Салма Хајек ја истакна својата одлична фигура во романтичен црвен фустан додека присуствуваше на наградите „Златен глобус 2021“ во Беверли Хилс во неделата.
Актерката (54) зрачи со гламур додека позира и чекори по црвениот тепих пред големото шоу, коментираат таблоидите еден ден потоа.
Забава
Ања Тејлор-Џој маѓепсува во смарагдно зелен фустан на „Диор“

Својот прв „Златен глобус“ го заработи за шаховската драма „Дамски гамбит“ на 78. церемонија на доделавање на престижните награди во неделата вечерта.
А 24-годишната Ања Тејлор-Џој ги направи сите вистински потези кога станува збор за моден избор во ноќта на наградите појавувајќи се во две креации за виртуелното шоу.
Аргентинско-британската актерка почна во пенлив смарагдно зелен фустан од „Диор“ со драматично деколте пред да се пресоблече во класичен дизајн во боја на слонова коска за да ја прифати наградата за најдобра актерка во лимитирана серија.
Забава
Џејми Ли Кертис заблеска на црвениот тепих на „Златните глобуси“

Кога станува збор за стилот, актерката Џејми Ли Кертис не направи ниедна модна грешка, а така е и со нејзиниот последен стајлинг во низата.
На црвениот тепих на „Златните глобуси 2021“ во Лос Анџелес таа се појави во долг жолт фустан и покажа како треба да изгледа добро облечена жена.
Вистинска доза елеганција и стил – актерката достојно ја испорача улогата на презентерка на наградите.
Годинешната церемонија првпат се одржуваше на две локации и со две водителки – Тина Феј беше домаќин во „Реинбоу рум“ во Њујорк, а Ејми Полер во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес.
Водителките и презентерите, вклучително и Кертис (62), беа едни од ретките што лично присуствуваа на церемонијата заедно со група неопходни технички лица.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер