Забава
Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс напредува во својата актерска кариера
Дилан Даглас, 24-годишниот син на Мајкл Даглас (80) и Кетрин Зета-Џонс (55), напредува во својата актерска кариера по стапките на своите славни родители. Со желба да сними што е можно повеќе проекти, Даглас го прифатил и дипломскиот филм на студентите од Њујорк наречен Truths of a Corporate Sellout и на својот „Инстаграм“ сподели како изгледаат работите зад сцената на претстојниот проект.
Дипломиран на Универзитетот „Браун“, тој го имаше своето филмско деби во 2003 година појавувајќи се покрај својот татко Мајкл, братот Камерон и дедо му Кирк Даглас во комедијата со соодветен наслов It Runs in the Family и со текот на годините продолжи да гради име за себе во светот на шоу-бизнисот.
Во 2011 година тој синхронизира епизода од „Финес и Ферб“, која се емитуваше на каналот „Дизни“, а се испроба и на театарските штици.
Покрај актерството, тој покажа интерес и за политички теми, а во септември 2024 година почна неделен политички поткаст наречен Young American. Поткастот се емитува во сабота во 11 часот и има цел да ја информира и мотивира неговата генерација за политичките прашања што влијаат на нивната иднина.
„Од почетокот на вечните војни, првиот црн претседател, културните војни и сега втората шанса за првата жена претседател, мојата генерација доживеа некои од најтрансформативните и најбурни времиња во нашата историја – и само ќе стане полудо“, рече Дилан објавувајќи го поткастот.
Покрај синот Дилан, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ја имаат и ќерката Керис (23).
Оваа година парот слави 25 години успешен брак. Нивната љубовна приказна почна на филмски фестивал во Франција. Тие се венчаа во ноември 2000 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Нивната раскошна венчавка, на која присуствуваа многу познати актери, политичари, па дури и членови на британското благородништво, беше прогласена за свадба на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

