Забава
Словенците повеќе нема да варат кафе во ѓезвиња
Словенците кафето повеќе нема да го приготвуваат кафето во „ѓезве“ туку во „кавник“, доколку се прифати предлогот кој го добил Институтот за словенечки јазик, во рамките на својот повик до љубителите на јазикот да му испраќаат сугестии со коишто зачестените странски изрази да се заменат со домашни изрази.
Освен словенската замена за лончето во коешто на турски начин се вари кафе, а станува збор за турски збор од арапска етимологија која во словенечкиот јазик дојде преку Босна, љубителите на новите зборови предложија и замена за вентилатор, коишто, доколку таа иновација влезе во речникот би се викал „вртијатор“, пишува љубљанскиот дневен весник Dnevnik.
Во институтот за словенечки јазик „Фран Рамовш“ уверени се дека јазикот е жива материја и дека секој за тоа заедничко добро може да даде свој придонес и ги повикуваат љубителите на јазикот и натаму да им испраќаат своите предлози коишто еднаш можеби и е се одомаќат во јазикот, бидејќи луѓето ќе ги прифатат, пишува натаму Dnevnik.
Еден од татковците на денешната „словеншчина“ се смета Примож Трубар, протестантски реформатор од XVI век. Тој меѓу првите наместо стариот израз Крањци започнал да говори за Словенци, а ги печател и првите книги на словенечки јазик, но тие биле преполни со странски зборови и поими, па во своите списи народот го означувал како „фолк“, а јазикот „шпраха“ според германскиот јазик.
Од германизмите словенечкиот јазик почнал да се ослободува дури во XIX век, кога во него влегле многу прилагодени изрази од рускиот јазик, а помалку и од тогашниот хрватски.
За зборовите коишто „звучат“ на хрватски, а нормално се користеле во првата половина од XX век во печатот и службената комуникација, денес се смета дека се позајмени кои јазикословците ги нарекуваат „хрватизми“, и настојуваат да ги заменат.
Така на пример терминот „допринос“ (придонес, на македонски – з.р) во коректниот модерен словенечки стана „приспевек“, на место хрватското „оклијевати“ (колебање – двоумење) Словенците сега траба да кажат „омаховати“ и ред други изрази.
Сé уште колоквијално може да се употреби поздравот „добродошли“, бидејќи „добропришли“ доколку буквално биде преведен на словенечки, звучи неумесно. Сепак, како јазично покоректен израз се препорачува „поздрављени“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци што најмногу се нервираат за ситници
Некои луѓе се вознемируваат поради големи работи, а други поради мали секојдневни детали. Според хороскопот, одредени знаци имаат посилен „радар“ за ситници што лесно можат да ги извадат од такт.
Девица се нервира кога нешто е направено неуредно или непрецизно. Неред, недовршена работа или невнимание кон детали лесно може да ја изнервираат.
Овен губи трпение кога работите се одвиваат бавно. Долги редици, одолговлекување или неодлучност брзо му одат на нерви.
Близнаци најмногу ги нервира досадата. Долги разговори без поента или повторување на истото брзо им стануваат неподносливи.
Рак реагира на емоционална дистанца. Кратки или ладни пораки и игнорирање на чувства можат лесно да го изнервираат.
Лав се нервира кога чувствува дека неговиот труд или присуство не се ценат.
Шкорпија има силна интуиција и лесно се нервира кога чувствува дека некој нешто крие или не кажува сè.
Јарец не поднесува неодговорност, доцнење и недостиг од план.
Според хороскопот, и другите знаци имаат свои „слаби точки“: Бик се нервира кога му се нарушува рутината, Вага на непристојност, Стрелец на ограничувања, Водолија на неправда, а Риби на грубост и премногу бучава.
Забава
Кои цвеќиња можете да ги изнесете надвор, а за кои мора да почекате?
Првите знаци на новата сезона се веќе видливи: птиците пеат порано, а утрата стануваат посветли. Ова е совршено време да размислите кои од вашите собни растенија постепено можете да ги аклиматизирате на надворешниот воздух.
Пет цвеќиња што можете да ги изнесете надвор

Сардела
Сарделата е класика на балкони и тераси. Нејзините цвеќиња во разни бои можат да траат цела пролет и лето ако правилно се грижите за нив. Кон крајот на февруари и почетокот на март, тие можат постепено да се аклиматизираат на надворешниот воздух, но сепак да ги заштитат од студени ноќи и мраз.

Лобелија
Лобелија е нежен цвет што обично ги краси висечките корпи или рабовите на цветните леи. Неговите сини, виолетови или бели цветови додаваат живост на секој простор. Може да се почне да се изнесува надвор на сончеви и заштитени места, но сепак обрнете внимание на ноќните температури.

Бегонија
Бегониите се ценети по нивните бујни лисја и шарени цвеќиња. Тие многу добро толерираат полусенни места и лесна сенка. Можете постепено да ги изнесете надвор, особено ако се заштитени од студени ветрови и мраз.

Петунија
Петуниите се едни од најпопуларните балконски растенија. Нивните цветови можат да красат сè, од агли на балкони до големи цветни леи. Сега е вистинско време постепено да се аклиматизираат на надворешни услови, сè додека температурата не падне под 5°C ноќе.

Лаванда
Лавандата е медитеранско растение кое го сака сонцето и свежиот воздух. Освен што испушта прекрасен мирис, привлекува пчели и пеперутки. Можете полека да ја изнесете надвор, што ќе ѝ даде сила пред пролетното и летното цветање.
Пет цветови што не треба да ги изнесувате надвор сè уште

Орхидеја
Елегантните орхидеи ја сакаат топлината и влажноста. Студот може да предизвика паѓање на цвеќињата или оштетување на листовите. Чувајте ги внатре додека не се стабилизираат надворешните температури.

Фикус
Фикусот е собно растение кое лесно е погодено од ненадејни промени на температурата. Иако ја сака светлината, студениот воздух може да предизвика паѓање на неговите лисја. Чувајте го внатре уште неколку недели пред да го преместите надвор.

Мирен крин
Растението spathiphyllum, наречено и мирен крин е познато по својата способност да го прочистува воздухот, но е чувствително на студ. Студените ноќи кон крајот на февруари и почетокот на март сè уште не се погодни за негова надворешна употреба. Најдобро е да се чува во просторија со умерени температури и индиректна светлина.

Каланхоа
Овој сукулент ја сака топлината и светлината, но не е отпорен на мраз. Прераното преместување надвор може да ги оштети неговите лисја и цветови. Уште неколку недели раст во затворен простор ќе ѝ овозможат да биде силна и здрава.

Камелија
Камелијата е елегантно растение кое често цвета во зима и рана пролет. Нејзините луксузни цветови се во бела, розова или црвена боја, што ќе го разубави секој дом. Сè уште не е подготвена за надворешни услови, бидејќи не може да толерира студени ноќи и мраз.
Забава
Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје
Македонската музичка сцена добива настан кој уште сега се позиционира како еден од клучните концертни моменти во 2026 година. На 17 октомври, во најголемата арена во државата, Калиопи ќе одржи голем солистички концерт.
По целосно распродадената арена „Борис Трајковски“ во 2024 година и четирите последователно распродадени концерти во 2025 година во „Македонска филхармонија“, интересот за нејзините настапи повторно расте со интензитет што ретко се гледа на домашната сцена. Овие бројки не се случајност, туку потврда за довербата што публиката ѝ ја дава со години.
Токму затоа концертот на 17 октомври, се најавува како логично продолжение на тој успех но и како нов, амбициозен продукциски чекор напред. Ако 2024 година беше триумф, а 2025 интимна музичка доминација во филхармониски амбиент, 2026 ветува аренско доживување во полн сјај.
Со кариера која трае повеќе децении, Калиопи претставува редок пример на уметник кој успева да ја задржи својата автентичност, а притоа континуирано да се развива. Препознатлива по својата сценска моќ, силна емоција и вокал кој не остава никого рамнодушен, Калиопи ќе донесе вечер исполнета со безвременски хитови, нови музички изненадувања и продукција на високо ниво.
Организаторот најавува внимателно осмислена сценографија, светлосен и визуелен концепт прилагоден за аренско доживување, како и музичка продукција која ќе ја потенцира моќта на живиот инструментал и вокалната доминација по која Калиопи е препознатлива.
17 октомври 2026 не е само концертен датум. Тоа е вечер во која Скопје повторно ќе му аплаудира на гласот што со децении поставува стандарди во македонската музика.

