Забава
Словенците повеќе нема да варат кафе во ѓезвиња

Словенците кафето повеќе нема да го приготвуваат кафето во „ѓезве“ туку во „кавник“, доколку се прифати предлогот кој го добил Институтот за словенечки јазик, во рамките на својот повик до љубителите на јазикот да му испраќаат сугестии со коишто зачестените странски изрази да се заменат со домашни изрази.
Освен словенската замена за лончето во коешто на турски начин се вари кафе, а станува збор за турски збор од арапска етимологија која во словенечкиот јазик дојде преку Босна, љубителите на новите зборови предложија и замена за вентилатор, коишто, доколку таа иновација влезе во речникот би се викал „вртијатор“, пишува љубљанскиот дневен весник Dnevnik.
Во институтот за словенечки јазик „Фран Рамовш“ уверени се дека јазикот е жива материја и дека секој за тоа заедничко добро може да даде свој придонес и ги повикуваат љубителите на јазикот и натаму да им испраќаат своите предлози коишто еднаш можеби и е се одомаќат во јазикот, бидејќи луѓето ќе ги прифатат, пишува натаму Dnevnik.
Еден од татковците на денешната „словеншчина“ се смета Примож Трубар, протестантски реформатор од XVI век. Тој меѓу првите наместо стариот израз Крањци започнал да говори за Словенци, а ги печател и првите книги на словенечки јазик, но тие биле преполни со странски зборови и поими, па во своите списи народот го означувал како „фолк“, а јазикот „шпраха“ според германскиот јазик.
Од германизмите словенечкиот јазик почнал да се ослободува дури во XIX век, кога во него влегле многу прилагодени изрази од рускиот јазик, а помалку и од тогашниот хрватски.
За зборовите коишто „звучат“ на хрватски, а нормално се користеле во првата половина од XX век во печатот и службената комуникација, денес се смета дека се позајмени кои јазикословците ги нарекуваат „хрватизми“, и настојуваат да ги заменат.
Така на пример терминот „допринос“ (придонес, на македонски – з.р) во коректниот модерен словенечки стана „приспевек“, на место хрватското „оклијевати“ (колебање – двоумење) Словенците сега траба да кажат „омаховати“ и ред други изрази.
Сé уште колоквијално може да се употреби поздравот „добродошли“, бидејќи „добропришли“ доколку буквално биде преведен на словенечки, звучи неумесно. Сепак, како јазично покоректен израз се препорачува „поздрављени“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сопругот и’ дал бубрег – Тина Тарнер и Ервин Бах се сакале до последниот ден

Рок легендата Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст. По бурниот брак со Ајк Тарнер, пејачката го запознала речиси две децении помладиот Ервин Бах, со кого остана до крајот на животот, а љубовта ја покажал со еден крајно неверојатен гест.
До декември 2016 година, здравјето на Тина Тарнер се влошило толку многу што пејачката била речиси на работ на смртта. Бубрезите во тој период и „работеле со 20 проценти“. Тогаш нејзиниот втор сопруг и голема љубов, Ервин Бах, донел одлука тој да и биде донор.
На пејачката и била потребна трансплантација, а на повидок немало донор. Тина зборува за сето тоа во нејзината автобиографија „Моја љубовна приказна“, нагласувајќи како најпрво се обидела да го наговори својот сакан да се откаже од намерата „бидејќи немало смисла тој да направи нешто такво само за да го продолжи животот на една постара жена за неколку години“.
„Мојата иднина е нашата иднина, тоа е подарок на љубовта“, и рекол тој.
Тина била оперирана на 7 април 2017 година и по извесно време поминато во болница успеала добро да закрепне.
Инаку, Тина и Ервин се запознале речиси точно три децении порано. Во тоа време таа го обиколи светот со турнејата „Private Dancer“, која и остави малку време за приватниот живот… Меѓутоа, штом го здогледа, срцето почнало да ѝ чука побрзо, а рацете и биле студени.
„Тоа е она што луѓето го нарекуваат љубов на прв поглед. Боже, не бев подготвена за тоа“ признава таа во својата книга, посочувајќи како подоцна дознала дека на почетокот и него го мачеле несигурности поради неа, бидејќи и тој веднаш се заљубил.
Забава
Видео од настап со Бијонсе стана вирално по смртта на Тина Тарнер

По смртта на музичката дива Тина Тарнер, социјалните мрежи беа преплавени со пораки од нејзините обожаватели кои споделуваа спомени од неа и нејзините песни, а едно видео стана вирално.
Станува збор за настапот на Тина Тарнер и Бијонсе на Греми наградите во 2008 година. Пејачките заедно ја изведоа Proud Mary, а видеото од настапот моментално е хит на Твитер.
RIP Tina Turner! If you love Beyoncé, you need to love Tina Turner 🫶🏾. pic.twitter.com/YCmUxBexaC
— Madam Vice President Harris is THEE GOAT! (@flywithkamala) May 24, 2023
Инаку, Бијонсе со емотивна порака се прости од својот идол.
„Моја сакана кралица, те сакам бескрајно. Многу сум благодарна за инспирацијата и за сите начини на кои го трасираше патот. Ти си сила и издржливост, ти си олицетворение на моќта и страста. Сите ние сме толку среќни што сме сведоци на твојата добрина и прекрасен дух кој ќе живее вечно“, напиша Бијонсе.
Тина Тарнер почина во својот дом во Цирих по долго и тешко боледување. Детали за нејзиниот погреб се уште не се објавени.
Забава
Целото богатство Тина Тарнер му го остави на сопругот

Музичката легенда Тина Тарнер во текот на нејзината кариера собрала огромно богатство, проценето е на приближно 250 милиони долари. „Хелоу“ пишува дека Тина Тарнер го решила прашањето за нејзиниот имот години пред нејзината смрт и дека најмногу, му оставила на својот сопруг Ервин Бах (67).
Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска. Само три недели по венчавката, Тина доживеа мозочен удар. Ервин и го спасил животот со тоа што и го донирал својот бубрег во 2017 година.
Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018. Минатата година почина и вториот син на пејачката, Рони. Таа имаше два сина, Ајк Тарнер, Ајк Џуниор и Мајкл, кого го посвоила откако се омажила за бившиот сопруг.
Сепак, во 2018 година, Ајк Џуниор, откри дека не разговарал со мајка си речиси 20 години.
„Тина ме воспитуваше од две години. Таа е единствената мајка која некогаш сум ја познавал. Но, не сум зборувал со мајка ми, Господ знае колку долго – веројатно од 2000 година. Мислам дека и брат ми не зборуваше долго со неа. Мајка ми го живее својот живот – има нов сопруг и таа е во Европа. Не сака да има ништо со минатото“, изјавил тој за Дејли Мејл.
Зборувајќи за неговиот брат Мајкл, Ајк Џуниор рекол дека е во установа за опоравување во Јужна Калифорнија и има потреба од медицинска помош.
„Го посетив неколку пати. Супер му е. Тина не го посетува. Се што прави е да му праќа пари“, додал во таа прилика.
Тина почина од природна смрт во средата по долга борба со рак на дебелото црево, висок крвен притисок и трансплантација на бубрег. Имаше 83 години, а во својата долга кариера создаде бројни светски хитови.
Таа продала 200 милиони плочи, била вклучена на листата на Бесмртници – најголемите уметници досега, добила дури осум Греми и била вклучена меѓу музичарите во музејот на Куќата на славните на рокенролот.