Контакт

Забава

Состојка која го намалува крвниот притисок

Објавено пред

Научници, врз резултати од истражување, тврдат дека сусамот и маслото од сусам го намалуваат крвниот притисок, додека омега киселините од неговиот состав позитивни делуваат на кардиоваскуларниот систем.

Истражувањата на Универзитетот „Анамалаи“ во Индија покажале дека маслото од сусам позитивно делува во случај на хипертензија.

Во истражувањето учествувале 328 лица со висок крвен притисок, кои обичното масло за готвење, во период од 60 дена, го замениле со масло од сусам.

Само три недели, од почетокот на истражувањето, се покажале првите позитивни резултати, а по завршетокот на контролниот период, се воспоставило дека и систолниот и дијастолниот крвен притисок кај испитаниците бил на ниво како кај лица кои никогаш не боледувале од хипертензија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Се бара список со имиња на многу славни личности кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн

Објавено пред

Податоци од летовите на авионите на милијардерот Џефри Епстајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени пред судот, што предизвикува страв кај богатите и славните личности кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил, кој минатата година изврши самоубиство во затвор, информираат британските медиуми.

Јавниот обвинител на Девствените Острови, каде што милијардерот имал вила и се сомничи дека извршил бројни злосторства, побара да добие документи за тоа кои биле патниците во овие воздухоплови.

Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони во периодот од 1998 година до самоубиството на Епстајн во 2019 година.

Обвинителот Денис Џорџ поднесе тужба, повикувајќи се на 22 точки, вклучително и трговија со луѓе, тешко силување, злоупотреба на деца, занемарување, присилна работа и проституција, пишува „Дејли мејл“.

Џорџ, исто така, бара да види какви било „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотот. Се бараат и имиња и детали за сите кои работеле со пилотите, комуницирале со Епстајн и патниците кои патувале со него.

Пилотот Дејвид Роџерс претходно откри информација од 2009 година која покажала дека британскиот принц Ендрју, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кембел биле меѓу оние кои патувале со авионите на милијардерот. Сепак, тоа не значи дека тие биле свесни за злосторствата за кои беше обвинет Епстајн.

Според некои извори, ова предизвикало вистинска паника кај богатите и славните, а адвокатите на жртвите наведуваат дека побараните извештаи не вклучуваат податоци од летовите на пилот кој работел за Епстајн повеќе од 25 години.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон се појави во живо како презентерка на наградите „Еми“

Објавено пред

Џенифер Анистон, Зендаја и Треси Елис Рос лично го донесоа гламурот, додека поголемиот дел од холивудските ѕвезди останаа дома и од таму одговараа на виртуелните награди „Еми“.

Оваа година, прајм наградите беа многу поразлични бидејќи номинираните поставија камери во своите домови за виртуелно да присуствуваат на настанот среде пандемијата на Ковид-19.

Но, тоа не ги спречи најголемите имиња во телевизијата да сторат нешто во живо, решени да ја направат пригодата посебна, надвор од удобноста на нивните дневни соби, канцеларии и кујни.

Прикажи повеќе...

Забава

„Тенет“ на врвот на американскиот боксофис

Објавено пред

Најновиот филм на Кристофер Нолан, „Тенет“, се најде на првото место на американските киноблагајни викендов и заработи нови 4,7 милиони долари во време кога домашните изданија продолжуваат да бележат скромна и речиси разочарувачка заработка, коментираат медиумите.

На второ место е хорор-фимот на Дизни, „Новите мутанти“, кој изминатиот викенд собра 1,6 милиони долари, според „Дедлајн“.

Порталот тврди дека „Тенет“ заработил само 4,7 милиони долари на домашниот боксофис, разочарувачки домашен вкупен износ од 36 милиони долари пред сезоната на анемични есенски филмови.

А во светски рамки, трилерот на „Ворнер брос“ инкасираше 200 милиони долари на меѓународните киноблагајни, според истиот извор.

Бокс-офисот веројатно ќе биде уште поанемичен во текот на целата есен, имајќи предвид дека не се очекуваат ниту, пак, се закажани премиери до 23 октомври.

Во моментов, отворени се три четвртини од киносалите во САД, но Американците не брзаат назад во голем број поради стравот од коронавирусот, иако големите хитови како „Тенет“ дебитираа во киносалите, а не на интернет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија1 час

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија2 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа4 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија4 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија4 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет6 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија6 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет19 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија21 час

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија23 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Досие