Забава
Со MINT ништо не е црно-бело – сребрен спонзор на 46. ИФФК „Браќа Манаки“
Mint Fintech Group ја најави својата поддршка како сребрен спонзор на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што традиционално се одржува во Битола.
„Со MINT, ништо не е црно-бело“ е пораката со која компанијата се претставува на фестивалот, симболизирајќи ја својата визија за свет полн со нијанси, перспективи и иновации. Како што филмот не е само црно-бел, така и финансискиот свет што го гради MINT е исполнет со креативност, технологија и решенија кои носат нова динамика во секојдневието.
„Браќа Манаки“ е фестивал што повеќе од четири децении ја слави уметноста на филмската камера и визијата на најистакнатите кинематографери од светот. Поддршката на MINT претставува јасна порака дека компанијата е посветена на културата, заедницата и приказните што траат.
„За нас е голема чест што сме дел од еден од најзначајните фестивали во регионот. Вредностите што ги носи ‘Браќа Манаки’ – креативност, визија и континуитет … се вредности со кои и самите се идентификуваме. Веруваме дека вистинските приказни, било на филм или во бизнис, никогаш не се црно-бели – тие се полни со живот, со боја и со инспирација,“ – изјавија од Mint Fintech Group.
Со оваа соработка, Mint Fintech Group уште еднаш ја покажува својата определба да биде дел од најзначајните настани кои ја обликуваат културната сцена на Македонија и пошироко.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

