Забава
Почнува „ПМГ рекордингс-фестивал 14“ во МНТ и во „Јавна соба“
Од 16 до 18 октомври, љубителите на новиот звук ќе се сретнат во Јавна соба и МНТ, каде ќе се одржи „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“ – тридневен музички настан, кој носи современа фузија на електроника, поп, поезија и трап.
Фестивалот започнува утревечер, 16 октомври, во 21 часот во Јавна соба, со настап на Александар Велики, кој ќе го отвори фестивалот со динамичен концертен настап со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Истата вечер ќе настапат и Donplaya & Prince$$ Donatsu, највлијателното трап-дуо од Битола, чии уникатен израз ги спојуваат музиката, уметноста, рапот и комедијата, оставајќи силен белег врз новата генерација.
Влезот на настанот е бесплатен.
Втората фестивалска вечер, на 17 октомври, ќе се одржи на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот и ќе биде посветена на електронската музика во дијалог со поезијата. L.O.V.D ќе ја претстави својата авторска електронска продукција во живо, додека Поетроника, проектот на Оливер Митковски и Андреја Салпе, кој во поетско-звучен амбиент на уникатен начин ја претставуваат македонската поезија придружена од електронска музика. Вечерта ќе ја заокружи Blackstate, со моќен настап што ги спојува синт попот, експерименталната електроника и хардкор-панк естетиката во моќен музички израз за сложените емоции на современото време.
Билети: mnt.mk
Големото финале следува на 18 октомври во Јавна соба, со настап на хрватскиот MANGROOVE – еден од најреномираните поп-состави во регионот, кои првпат ќе настапат пред македонската публика. Нивниот настап ќе биде кулминација на фестивалот, исполнет со енергија, свежина и емотивност. Вечерта ќе ја отвори Марија Каева, со својот електро-поп настап преполн со синглови и мелодии од албумот „Фортуна“.
Билети: bileti.drugastrana.mk
„ПМГ Рекордингс Фестивал“ го основа Мирко Попов во 2008 година. Со 13 реализирани изданија, фестивалот ја поддржи и промовира новата и квалитетна музичка продукција. Подготовките за 14-то издание започнаа во 2023 година со Попов, а годинашнава реализација е резултат на работата на тимот на фестивалот, заедно со музичарите и партнерите, со програма посветена на неговиот роденден.
Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, во организација на здружението „Крај Вардарот“, а партнери се Јавна соба и Македонски народен театар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.
Забава
Заљубени веќе 24 години: главниот „виновник“ за нивната љубов е бањата
Актерката Сара Мишел Гелар и нејзиниот сопруг Фреди Принц Џуниор се среќно во брак 24 години и имаат две деца. Во последниве години, тие се сметаат за еден од најхармоничните парови, а многумина се прашуваат која е нивната тајна.
Сара не е скржава кога станува збор за споделување информации поврзани со нивниот приватен живот, па затоа постојано повторува дека тајната на нивниот брак се сведува на еден едноставен факт.

Freddie Prinze Jr. and Sarah Michelle Gellar
at the Launch of AOL and Warner Bros. “In2TV”. The Museum of Television and Radio, Beverly Hills, CA. 03-15-06
„Одделни бањи, тоа е она што секогаш го велам“, рече таа во интервју за E! News.
Звучи едноставно, но всушност може да помогне ако вашиот сопружник сака да поминува многу време во бањата.

Нејзиниот сопруг, од друга страна, не е толку практичен, а исто така истакна дека нема среќа со советите што ги добива од другите.
„Никогаш не добив добри совети. Повеќето совети за брак доаѓаа од луѓе кои веќе беа разведени, па претпоставуваа дека наскоро ќе се разведеме. Веројатно така се справуваа со своите проблеми. Советите се како путер од кикирики, можеби ќе ми бидат вкусни, но ако сте алергични на нив, може да ве убијат“, рече еднаш Фреди.

FREDDIE PRINZE JR. and SARAH MICHELLE GELLAR at the premiere of Warner Brother’s “Summer Catch” at Mann’s Village Theater, Westwood, 08-22-01
Сара и Фреди се запознаа на снимањето на филмот „Знам што правеше минатото лето“ во 1997 година и се венчаа пет години подоцна.

