Контакт

Бизарно

Украинските власти ги ставаат на аукција милениците на луѓето со долгови кон државата

Објавено пред

Расни кучиња запленети во Украина врз основа на судска наредба поради долговите на нивните сопственици, ќе бидат продадени на аукција преку интернет, што предизвика бројни критики во јавноста.

Многумина првично мислеле дека аукцијата на државната интернет-страница за продажба на запленета стока е шега, но кога на аукција се понудиле две кучиња, се покажало дека во прашање се вистински миленици, пишува Би-би-си, а пренесе хрватски „Индекс“.

Опозицискиот пратеник Михајло Волинец објави фотографии од двете кучиња, со порака дека властите ги користат истите како уцена за наплаќање на долговите. Почетната цена за овчарско куче била 44 евра, а за другото била многу пониска сума.

„Навистина мора да ги одземеме милениците од сопствениците“, изјавил украинскиот министер за правда, Денис Маљушка. „Иако беа однесени поради долгови на нивните поранешни сопственици, често се докажува дека ова е најдоброто решение за нив, затоа што во вакви случаи финансиски немоќните газди многу лошо постапуваат кон своите миленици“, рекол тој.

Животот е многу скап за многу Украинци, а во последните години пензионерите имаат проблем со остриот пораст на цената на гасот. Претходно годинава, член на владејачката партија на претседателот Володимир Зеленски се извини откако јавно советувал пензионерка, кој едвај врзувала крај со крај, да го продаде своето куче.

Ресорниот министер исто така се правдал дека запленетите миленици често се откупуваат од страна на сопствениците или нивните роднини и тоа за симболична сума.

Бизарно

„Фолксваген“ се извини поради расистичка реклама за новиот „голф“

Објавено пред

Управниот одбор на „Фолксваген“ денеска се извини за расистичката реклама објавена на инстаграм-профилот на компанијата, која се однесува на новиот модел „голф 8“.

Од компанијата велат дека контроверзното видео било објавено поради недостиг на сензибилитет за културната различност, а не поради расистички намери.

„Можеме да кажеме дека расистичките намери немаат никаква улога во објавувањето на ова видео. Откривме недостиг на сензибилитет и процедурални грешки“, рече Хилтруд Вернер, член на Управниот одбор на „Фолксваген“, надлежен за правни работи.

„Исто така, во име на одборот, сакам официјално да се извинам до луѓето кои се повредени поради недостигот на меѓукултурна чувствителност во овој случај“, додаде Вернер.

На видеото се гледа црнец кој стои покрај новиот модел на „голф“ и поместуван од џиновска бeла рака која во еден момент го турка во влез на зграда со натпис „Петит Колон“.

„Петит Колон“ е вистинско кафуле во Буенос Аирес, сместено во близина на театарот „Театро Колон“. На француски јазик, тоа значи „мал доселеник“ што има колонијални конотации.

„Фолксваген“ и претходно имаше слични гафови.

Во март минатата година, надзорниот одбор го осуди потегот на тогашниот извршен директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, кој рече дека „EBIT (профитот пред камата и даноци) macht frei“.

„Arbeit macht frei“ (Работата ослободува) е натпис кој стоел над вратата на концентрацискиот логор Аушвиц.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Холивудски ѕвезди кои се откажале од своите деца

Објавено пред

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека цели дваесет години не разговара со својата ќерка Абигејл ниту пак знае дали има внуци.

Тој не е единствена личност во светот на познатите која има семејни проблеми.

Од своите деца се откажа и Том Џонс, како и актерот Лоренс Фишбурн.

Синот на Том Џонс, Џонатан Беркериј, денес живее како бездомник, а неговиот татко никогаш не пројавил желба да го види.

„Не ги сакам неговите пари, туку сакам само да се запознаеме“, рече несреќното момче.

И легендарниот Лоренс Фишбурн се откажа од својата ќерка, бидејќи снимаше филм за возрасни пред цели десет години очекувајќи дека и таа ќе стане славна како својот татко. Меѓутоа, таа не ја дочека славата поради малата гледаност на филмот.

Заработката била само 60.000 долари.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Бугарка има 4 пати поголеми усни од нормалните, но сака да бидат уште поголеми

Објавено пред

Девојка од Бугарија, која четирикратно ги зголеми усните, штотуку ja доби 20. доза на инјекција и инсистира дека ќе продолжи да го прави тоа сè додека не ги има најголемите усни на светот.

Андреа Емилова Иванова (22) од Софија, потроши илјадници евра на естетски клиники вбризгувајќи филери во нејзината уста, пренесува „Дејли мејл“.

Нарекувајќи се себеси „Барбика во вистинскиот живот“, последната инјекција ја добила минатиот вторник па  сподели нова фотографија со своите 33.000 следбеници на „Инстаграм“ во текот на викендот.

Андреа, која започна со својата трансформација во 2018 година, плаќа околу 155 евра за секој третман, но признава дека веќе ни самата не знае колку пари потрошила во последните години.

Студентката по филозофија додава дека иако веројатно има едни од најголемите усни во светот, сепак, ќе продолжи да зема повеќе полнила сè додека не биде целосно задоволна од своите усни.

Иако некои лекари мислат дека ги зголемила доволно, Андреа вели дека сака тие да бидат уште поголеми.

„Докторот ми рече дека ќе ми даде повеќе инјекции, но морам да почекам барем два месеца“, додаде таа.

Андреа, која пред операциите изгледала сосем поинаку, смета дека нејзините усни се прекрасни.

„Ги сакам моите усни. Не сум сигурна дали се најголеми во светот, но веројатно се едни од најголемите“, заклучи Бугарката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија52 минути

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија1 час

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија8 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет10 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронаворусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија16 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија17 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија17 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија18 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ20 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија21 час

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија21 час

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија22 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија23 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет23 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа23 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион24 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија1 ден

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија2 дена

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија2 дена

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Досие