Бизарно
Универзитетска библиотека затворена поради отровни пајаци

Библиотека во студентска населба на Универзитетот во Мичиген е затворена, но не поради пандемијата на Ковид-19, туку поради закана од отровни пајаци.
Универзитетските власти неодамна, за време на рутинска проверка, откриле пајаци во подрумот и во оддалечените згради на студентската населба во Ен Арбор, кои ги нарекуваат медитерански пустиник, објави „Си-би-ес њуз“.
„Почна чистењето на деловите од кампусот, каде што се појавија пајаците“, изјавила портпаролката на универзитетот, Ким Брокхајзен, за Си-би-ес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска

По земјотресот во Хрватска, беше снимен необичен феномен, при што земјата распука и почвата стана течна.
Разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.
Покрај Петриња, кој е во урнатини, и Сисак беше оштетен од потресите во низа.
Вчера во тој град беше снимено видео што покажува необичен феномен на разводнување на почвата, што се случува за време на силни земјотреси, пренесува „Новости“.
На снимката може да се забележат исплашени мештани, кои стојат на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини под нивните нозе и почвата станува течна.
Иако на неупатените им се чини дека можеби се излеала канализацијата, всушност, механичките својства на почвата се менуваат, при што таа ја губи својата цврстина и станува течна.
Овој феномен настанува поради попуштање на сврзаноста меѓу честичките на почвата, а е предизвикан од зголемениот притисок предизвикан од земјотресот.
Феноменот е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно ги губи својата издржливост и капацитетот на носивост.
Во 1964 година, по земјотресите во Јапонија и на Алјаска, деструктивниот ефект бил забележан од сеизмолози и градежни инженери.
Бизарно
Селото со најбезобразно име повторно цел на крадци

Веднаш по објавата на веста дека властите на селото „Факинг“ во Австрија, донеле одлука да го променат името во „Фугинг“, таблата со името на местото повторно е цел на крадци.
Ловците на сувенири ја искористиле можноста, пред да биде променето името од 1 јануари, ја украле таблата со називот „Факинг“, кое има свое значење на англиски јазик, поради што ова место во Австрија стана познато ширум светот.
Некои крадци, кои допатувале од соседна Германија, биле фатени на дело.
На порталите за продажба преку интернет се појавиле понуди за таблата со името на местото „Факинг“, за која се бара 2.499 евра. Откако лицето што ја поставило понудата, било навредувано од многумина и барале од него да го повлече огласот, соопштено е дека се работи за копија на знакот тежок 4,5 килограми, изработен во Виена.
Бизарно
Тројца тинејџери се заглавиле во сушална за алишта – ги извлекле пожарникари

Пожарникари спасија тројца тинејџери кои се заглавиле во индустриска машина за сушење алишта, додека си играле во напуштената перална во округот Есекс, кој се наоѓа северо-источно од Лондон.
Службата за пожар и спасување била повикана во напуштената перална во петокот, откако тројца тинејџери влегле во машината.
Двајца веќе биле во сушалната кога третиот се „заглавил во вратата“ додека ползел, објавија спасувачките служби.
Шефот на противпожарната служба, Глен Џексон рекол дека тимовите морале да помогнат на третото момче да влезе во машината пред да ја отстранат вратата и да ги ослободат сите тројца.
„ Користевме цела низа опрема за да го ослободиме зглобот на жртвата и да му дозволиме да ползи во машината“, рекол тој.
Потоа пожарникарите успеале да ја поместат вратата и да ги ослободат сите тројца тинејџери, кои потоа ги презела брзата помош.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш