Контакт

Забава

(Фото) Во Ријад отворен центар со пет ѕвезди за дерадикализација на екстремисти

Објавено пред

Затворен базен, тераси и вработени во убави униформи се само некои од услугите што ги нуди центарот во Ријад, кој ги има сите карактеристики на живеалиште за одмор со пет ѕвезди, но всушност тоа е место за дерадикализација на џихадисти.

Удобниот комплекс наречен центар за советување и ориентација „Мохамед бен Најеф“ е симбол на контроверзната саудиска стратегија за превоспитување на џихадистите, која повеќе се потпира на идеолошко превоспитување отколку на присила, пренесува францускиот весник „Ле Фигаро“.

Центарот го водат верски претставници и психолози, а неговата цел е да ги спречи осудениците што ја издржуваат казната да му се вратат на џихадот.

„Ние сме фокусирани на коригирање на нивните погрешни сфаќања“, објаснува Јахја Абу Магхајд, директор на центарот.

Поранешните членови на Ал каеда и талибанците се сместени во ниски згради и тие може во комплексот да се движат слободно во бели костуми.

Забава

Роденденот на принцот Чарлс го одложи свадбеното патување на принцот Хари и Меган

Објавено пред

Од

Војводата и војвотката од Сасекс го одложија свадбеното патување за да присуствуваат на роденденската прослава на принцот Чарлс, која ќе биде одржана само неколку дена по нивната свадба.

Принцот Хари и Меган, по вчерашната церемонија и вечера помината со пријателите далеку од очите на јавноста, ќе се вратат дома, во комплексот на Кенсингтонската палата, по што утре ќе присуствуваат на 70. роденден на принцот Чарлс.

Тоа ќе биде првиот кралски настан на кој брачната двојка за првпат официјално ќе се појави како војвода и војвотка од Сасекс. Планирано е прославата да се одржи во дворот на Бакингамската палата.

Принцот Чарлс ќе наполни 70 години во ноември, но утре (вторник) ќе ја почне прославата на својот роденден, со претставници на воените пукови и добротворни организации на кои тој е покровител.

Прикажи повеќе...

Естрада

„Ај кју“ освои прво место за најлошо облечени изведувачи на Евровизија

Објавено пред

Од

Македонските претставници на Евровизија, „Ај кју“, освоија прво место во категоријата најлошо облечени изведувачи. Наградата се нарекува „Барбара Декс аворд“, а се доделува од 1993 година. Гласањето за оваа награда е отворено по финалето на Евровизија, а се натпреваруваат вкупно 43 учесници. Гледачите онлајн гласаат за тоа според нив кој било најлошо облечен изведувач на сцената.

Фото: ЕПА

Марија Ивановска на сцената носеше розово палто, кое личеше како да е облечено наопаку, а потоа се појави во плетен џемпер со сиви шорцеви. Бојан Трајковски носеше бела кошула и црни панталони, но, сепак, медиумите пишуваат дека Марија ѝ ја донела „победата“ на Македонија во оваа категорија.

Македонија вторпат ја освојува оваа награда. Првпат ја освои Мартин Вучиќ во 2005 година.

Зад Македонија, на второ место се најде претставничката на Австралија, на трето место е Белгија, на 4.  место е Црна Гора и на 5. Израел.

Прикажи повеќе...

Забава

Бронзени девојки ја промовираа најновата фаза од кампањата „Младост без лудост“

Објавено пред

Од

Третата фаза од сѐ популарната кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), „Младост без лудост“, во скопските ноќни клубови беше најавена на креативен и несекојдневен начин, од страна на четири млади девојки.

Бронзените девојки ги прашуваа присутните гости „Што е младост?“ и „Што е лудост?“ и им делеа едукативни картички чија цел е да се сврти вниманието за ризиците со кои се соочуваат младите луѓе во сообраќајот и да се разбудат нивните позитивни сообраќајни навики.

„Младост е да се опуштиш со пијачка, лудост е да се опуштиш кога возиш“, „ Младост е да немаш граници, лудост е да ја преминеш ограничената брзина“, „ Младост е да леташ во облаци, лудост е да леташ по улици“, се само дел од пораките од оваа кампања.

„Кампањата ‘Младост без лудост’ почна да се реализира минатата година и истата стана препознатлив белег за подигнување на сообраќајната култура и свест кај младата популација. Младите возачи влегуваат во категоријата ранливи учесници во сообраќајот. Токму поради тоа, во пресрет на летото и на матурските прослави, РСБСП почнува со реализација на третата фаза од оваа интересна и креативна кампања“, информираат оттаму.

Возењето под дејство на алкохол, употребата на психотропни супстанции, возењето со брзина поголема од дозволената, како и отсуството на употреба на сигуреносен појас и понатаму остануваат главни причини за сообраќајни незгоди во кои гинат млади луѓе. Сообраќајните незгоди, според светската статистика, се наоѓаат на врвот на листата „виновници“ за смрт кај младата популација.

„Согласно со сообраќајната статистика на Министерството за внатрешни работи, како резултат на лудо и неодговорно учество во сообраќајот, минатата година 32 млади лица на возраст од 15 до 24 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 1 433 лица биле повредени. Во Европската Унија,околу 20% од вкупниот број загинати се млади лица на оваа возраст. Секој ден приближно 1 000 млади луѓе гинат на патиштата ширум светот“, наведуваат од РСБСП.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот, а особено до младите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и во сообраќајот да учествуваат безбедно и одговорно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев, во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија17 минути

Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Движењето Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија36 минути

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, Обвинителството не успеало да докаже дека...

Македонија2 часа

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија3 часа

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет4 часа

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија14 часа

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија15 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија21 час

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија22 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија1 ден

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Досие