Забава
(Фото) Кога гламурот и класиката ќе се спојат, се создава спектакл: икона на стилот

Неодамна заврши Неделата на модата во Њујорк, а најновите трендови се селат на друг континент и друга сцена, во лулката на модата. Започна Неделата на модата во Милано, која се отвори со гламурозна вечер која собра бројни познати ѕвезди, вклучувајќи ја и актерката Деми Мур.
Токму на овој настан Деми Мур уште еднаш докажа дека е икона на стилот, иако не нè разочара ниту еднаш во последните месеци. Таа блесна во луксузен златен фустан кој е богат со рачно изработени детали и на прв поглед навистина го привлекува целото внимание и предизвикува восхит.
Поради полнењето од светки и монистра, се чини дека буквално свети, а станува збор за многу едноставен крој на фустан што Деми Мур го носеше достоинствено.
Макси фустанот што се влече по подот ја нагласува витката фигура на познатата актерка и иако на прв поглед се чини дека е „закопчан од глава до пети“, задниот дел од фустанот има дискретно отворен грб, но тоа не ја расипува неговата елеганција.
Друг детаљ што модните експерти не го пропуштија беа чевлите што совршено се вклопуваа со фустанот – со идентични апликации, внимателно избрани за да го комплетираат целиот впечаток.
Холивудската ѕвезда остана верна на својата препознатлива фризура – долга, распуштена коса во бранови и минимален накит, така што фустанот беше во преден план.
Таа докажа дека ја следи модата, но и дека го негува класичниот, колку и модерниот стил.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

Со доаѓањето на есента, деновите стануваат пократки, температурите се намалуваат, а времето сè почесто е променливо. Овие услови носат поголем ризик од настинки и вирусни инфекции, па затоа потребно е навремено да се зајакне имунитетот.
Лекарите потсетуваат дека здравиот имунолошки систем е клучен за справување со сезонските предизвици. Тие советуваат редовна и разновидна исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, кои се извор на витамини и антиоксиданси. Особено се препорачуваат намирници богати со витамин Ц, како цитрусното овошје, кивито и пиперките.
Физичката активност, дури и во поладните денови, исто така е од големо значење. Брзото пешачење, лесното трчање или вежбањето дома можат да помогнат во одржување на енергијата и подобрување на општата состојба на организмот.
Стручњаците дополнително советуваат доволно сон и намалување на стресот, бидејќи тие се меѓу најчестите фактори кои го ослабуваат имунитетот.
Есента може да биде убава и пријатна, доколку се грижиме за нашето здравје и превентивно го зајакнеме организмот за студените денови кои следуваат.
-
Вклучете повеќе овошје и зеленчук – јаболка, круши, киви, цитрусно овошје, моркови и тиква. Овие намирници се богати со витамини Ц и А, кои го зајакнуваат организмот.
-
Консумирајте намирници богати со цинк – ореви, семки од тиква, интегрални житарки и мешунки, бидејќи цинкот игра важна улога во одбраната од инфекции.
-
Додајте пробиотска храна – јогурт, кефир и кисела зелка, кои ја поддржуваат здравата цревна флора и го јакнат имунитетот.
-
Не заборавајте на топли супи и чорби, особено оние со зеленчук и домашна пилешка супа, кои се вистинска „вакцина“ од природата во студените денови.
-
Вклучете мед и ѓумбир во секојдневната исхрана, познати по своите антибактериски и антиинфламаторни својства.
Топли чаеви за есенски денови
-
Чај од ѓумбир и лимон – ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува одбранбената моќ на телото.
-
Чај од шипка – богат со витамин Ц, помага против замор и настинки.
-
Чај од камилица – го смирува телото, го намалува стресот и помага за подобар сон.
-
Чај од мајчина душица и нане – корисен за дишните патишта и во борба со кашлица.
-
Зелен чај – природен антиоксиданс, кој го зајакнува
Забава
(Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан

Холивудската актерка Дакота Џонсон се појави на Филмскиот фестивал во Цирих и воодушеви со уште еден проѕирен фустан.
Секое појавување на оваа убавица привлекува внимание, а се чини дека наскоро ќе стане синоним за чипкани, проѕирни комбинации, со оглед на тоа што успеа да ги воодушеви сите со уште еден.
Таа прошета во Цирих во син фустан чиј горен дел е направен од чипка и е проѕирен, додека долниот дел е малку поширок, направен од тил и доста волуменозен.
Како и обично, фокусот беше на природната убавина, па Дакота ниту овој пат не претеруваше со вечерната шминка, а косата ја остави да паѓа во бранови.
На својот стајлинг додаде обетки и два импресивни прстени, а сите собрани ги разоружа со насмевка.
Во текот на вечерта, таа беше наградена и со наградата „Златно око“ за животно дело, па нејзината кариера е побогата за ова значајно признание.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Селена Гомез се мажи овој викенд: објави снимка на социјалните мрежи

Актерката, пејачка и претприемачка Селена Гомез наговести дека овој викенд се мажи за музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Дејли меил“.
Имено, Селена Гомез објави видео од маса полна со производи за шминкање на официјалниот Инстаграм профил на нејзиниот бренд за убавина „Rare“.
Покрај производите за убавина, имаше и мобилен телефон, како и црни очила за сонце и сребрена чанта.
„Јас цел викенд“, кратко напиша пејачката.
Видео материјалот ја разбуди имагинацијата на многу нејзини обожаватели, а тие сега претпоставуваат дека Селена ќе го каже судбоносното „ДА“ во текот на викендот, бидејќи… Исто како и секоја невеста, таа ќе посвети доста време на разубавување и нанесување шминка за големиот ден.
Некои американски медиуми веќе објавија дека актерката ќе се мажи овој викенд.