Забава
(Фото) „Јас сум човек што ги сака врските, ги сакам жените“: сите љубови на Том Круз
Светот беше изненаден од веста дека Том Круз и Ана де Армас ја завршиле својата љубовна врска. Според извештаите на странските медиуми, актерите тргнале по разни патишта кога сфатиле дека искрата исчезнала.
Извор близок до двојката рекол: „Том и Ана се забавуваа одлично заедно, но нивното време како двојка заврши…“
two comments insinuating miles teller caused it…please yall he’s married 😭 https://t.co/gMuxJ7Gakn
— oak🎱oceans 🌊 (@getfutct) October 16, 2025
И се чини дека навистина тргнале по разни патишта. Ана беше видена со колегата на Круз, Мајлс Телер.
Ана и Мајлс, кој е во брак со Кили Спери, беа забележани како излегуваат од приватна сала за вежбање претходно оваа недела, но се качија во разни возила.
Сепак, се чини дека Круз бргу ќе ја преболи оваа врска бидејќи ова не е првпат љубовната искра да исчезне во неговото срце. Пред Ана тој имал врски со многу познати и непознати дами.
„Јас сум човек што ги сака врските. Ги сакам жените“, рече тој еднаш.
Па, да се потсетиме…
Бракот со Мими Роџерс

Мими Роџерс и Том Круз беа во брак од 1987 до 1990 година. Интересно е што токму Мими го запозна со учењата на сциентологијата.
Том и Мими се запознаа преку заеднички пријатели, а тој секогаш зборуваше за неа како за многу паметна девојка.
Врската со Никол Кидман го обележа светот на Холивуд

Само четири месеци по разводот од Мими, Том почна романса со Никол Кидман. Никол еднаш изјави за „Венити фер“ дека лудо, страсно се заљубила и била толку обземена од нивната врска што се откажала од својот животен план.
Посвоија две деца, Изабела и Конор, и станаа омилен пар на Холивуд. Хемијата меѓу нив беше толку силна што беше забележлива во еротскиот трилер „Очи широко затворени“. Сепак, нивниот брак заврши во 2001 година.
Трета среќа со Кејти Холмс? Сепак – НЕ!

Тој се ожени со актерката Кејти Холмс во 2006 година, а од тој брак ја доби ќерката Сури Круз. Ни тој брак не траеше долго, а тие се разведоа во 2012 година.
Според ТМЗ, раскинувањето се должи на поврзаноста на Том Круз со сциентологијата и стравот на Кејти Холмс дека и нивната ќерка Сури ќе стане дел од оваа секта.
А што прави тој надвор од бракот?
Кога не е во брак, Том Круз сака да заведува на краток рок. Многу познати убавици го привлекоа неговото внимание, меѓу кои: Ванеса Кирби, Анабел Волис, Софија Вергара, Софија Бутела.

Сепак, се чини дека неговата врска со познатата поп-дива Шер најмногу ја шокира јавноста:
„Не се забавувавме долго, но, дефинитивно, имаше врска и одредена хемија“, рече пејачот во 2018 година.

Тој беше во врска и со Пенелопе Круз, која ја запозна на снимањето на трилерот „Ванила скај“ од 2001 година. Сепак, тие раскинаа во 2004 година.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.
Забава
Интензитет, страст и самодоверба: Кои хороскопски знаци имаат најсилно либидо
Според астрологијата, страста и сексуалната енергија се поврзани со инстинктот, самодовербата и односот кон емоциите и телото. Постојат хороскопски знаци кај кои либидото е поизразено и силно поврзано со личноста.
Шкорпија
Луѓето родени во овој знак се познати по силна сексуална енергија и длабока страст, поврзана со емоции и интензитет. Нивната привлечност често е мистериозна, а желбата долготрајна.
Овен
Кај Овните страста е импулсивна и директна. Либидото е поврзано со енергијата, натпреварувачкиот дух и потребата за освојување, што ги прави исклучително страсни.
Лав
Лавовите ја поврзуваат страста со чувството на посакуваност и самодоверба. Нивното силно либидо произлегува од харизмата и потребата да бидат ценети и обожавани.
pexels

