Забава
Фрази што ги користат несреќните сопруги
Брачните проблеми ретко се појавуваат преку ноќ, тие обично се акумулираат со години преку чувства на недоразбирање, емоционално занемарување и неисполнети потреби.
Во процесот на решавање на брачните проблеми и брачните кризи начинот на кој некој комуницира може да открие многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед.
Според разни психотерапевти, брачни советници и адвокати за развод, постојат фрази што несреќните сопруги редовно ги користат, а кои укажуваат на длабоко незадоволство. Овие реченици не се нужно причина за проблемот, туку последица на долготрајно емоционално повлекување и чувство на беспомошност.
„Кога тој би/само тој…“
Адвокатката за разводи Џенифер Харгрејв истакнува дека несреќните сопруги често ги почнуваат своите реченици со овие зборови: „Кога тој би/само тој“. Тоа е начин на размислување во кој жената го условува своето чувство на среќа од однесувањето на партнерот или дури и од децата. Наместо да ја препознае сопствената моќ за промена, таа верува дека решенијата се надвор од нејзина контрола.
„Таквите жени живеат чувствувајќи се заробени, иако всушност имаат моќ постојано да ги менуваат своите животи“, истакнува Џенифер Харгрејв. Проблемот е што оваа промена е често застрашувачка, па затоа многумина остануваат во состојба на незадоволство затоа што е познат, иако болен, терен.
„Во право си, не треба да се чувствувам вака“
Иако изгледа како прифаќање туѓа перспектива, оваа реченица често крие емоционално повлекување од врската. Терапевтот д-р Глорија Брејм предупредува дека таквата изјава покажува оти жената престанала да верува дека нејзините потреби ќе бидат разбрани. Наместо сè уште да се обидува да се бори за она што е важно за неа, таа ги премолчува своите емоции и развива планови за излез од врската.
„Колку пати треба да ти го повторам тоа?“
Според брачниот советник Лари Мајкл, оваа фраза открива длабока фрустрација и емоционален замор поради неисполнети потреби или постојано игнорирани барања. Кога се зборува, тоа укажува на чувство дека другата личност не ве слуша и дека постои хронично недоразбирање во врската.
„Тоа произлегува од лоша комуникација и неразбирање на емоционалните изрази на партнерот“, објаснува Мајкл. Тој исто така истакнува дека за напредок во комуникацијата потребно е да се преземе лична одговорност, што им недостига на многу луѓе.
„Се сеќаваш ли кога ние…“
Кога врската ги губи јасноста и заедничката цел, жените што се чувствуваат несреќно честопати се свртуваат кон минатото. Според уредничката и писателка Арија Гмитер, сеќавањето на убавите моменти станува начин за емоционален опстанок.
„Таа се држи до спомените за да го оправда останувањето во врската“, вели Арије Гмитер. Ако нема планови, заеднички цели или интимни моменти на кои може да се радува, жената почнува да се чувствува како минатото да е единственото нешто што преостанува. И ако партнерот не го препознава значењето на таквите реченици, лесно може да пропушти важни индикатори за тага и разочарување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

