Забава
Харисон Форд докажа дека не е холивудски сноб и дека не мора да јаде во отмени ресторани

Тој е на холивудската А-листа од 70-тите години на минатиот век.
Но, Харисон Форд го демонстрира својот шарм на обичен човек кога си купи оброк во калифорниската населба Пацифички Палисади во четвртокот.
Херојот на „Војна на ѕвездите“ (78) јасно стави до знаење дека не е сноб бидејќи зеде бурито од локалниот тако-камион. Среде топлото време во Лос Анџелес, Харисон е облечен во шорцеви, маслинесто зелена маичка и спортски патики.
Не покажувајќи ни малку холивудска надменост, актерот познат како сребрена лисица, кој е во брак со актерката Калиста Флокхарт од 2010 година, се приближи до малиот прозорец на камионот и си ја зеде својата нарачка.
Потоа ѕвездата на „Индијана Џонс“ стрпливо ја чекаше својата храна како и секој друг редовен муштерија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бакингемската палата започнува истрага за Меган Маркл

Бакингемската палата објави дека ќе започне истрага за наводите на британскиот весник „Тајмс“ за тоа дека Меган Маркл малтретирала некои членови на персоналот пред таа и британскиот принц Хари да ги напуштат кралските должности.
Најавено е дека тимот за човечки ресурси детално ќе испита сè, како и дека ќе бидат испитани вработените кои во тоа време работеле во палатата.
„Во Бакингемската палата не е дозволено вознемирување на работното место“, се вели во соопштението.
Целата приказна започна со пишувањето на „Тајмс“ за тоа како, наводно, поради однесувањето на Меган Маркл двајца вработени дале отказ како и дека ја потценила довербата на друга вработена.
Портпаролот на војвотката од Сасекс ги отфрли обвинувањата, пренесува Си-ен-ен.
Принцот Хари и Меган Маркл ќе разговараат за сè што е поврзано со кралското семејство во интервјуто со американската водителка Опра Винфри, кое ќе се емитува в недела.
Забава
„Пучи“ на сцена го враќа познатиот стил со ефективни мотиви и бои

Брендот што го носи името на поранешната sвезда меѓу дизајнерите, Емилио Пучи, во новата колекција му оддава почит на славниот креатор и неговите мотиви со јаки тонови.
Дизајнерскиот тим на брендот „Пучи“ стилски се реферира на наследството на италијанската модна куќа, а тоа се мотиви и дезени препознатливи во целиот свет.
Во текот на шеесеттите и седумдесеттите светлите нијанси беа хит, а Емилио Пучи го нудеше идеалното – тесно, кусо и привлечно.
Забава
Хит на пролетта: маслинести панталони инспирирани од ретро армиски стилови

Една од креациите што ќе ја гледаме насекаде во текот на претстојната пролет се практични панталони со џебови, во придушени нијанси на зелена боја, а освен патики, се носат и на чизми и на сандали.
Ретро панталоните инспирирани од стиловите во седумдесеттите се враќаат на сцената во низа интересни комбинации.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер