Забава
Хилари Даф позира во костим за капење со ќерката Банки
Хилари Даф слави шест месеци брак со вториот сопруг Метју Кома.
Таа очигледно придава значење на секој момент од животот со музичарот и нивната 20-месечна ќерка Банкс.
Во вторникот, актерката и пејачка (32) сподели неколку снепови на својот Инстаграм од нејзиниот живот дома, овој пат позирајќи во костим за капење со своето дете на колкот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тие знаат што сакаш: хороскопските мајстори за подароци
Некои луѓе во божиќното дарување вложуваат посебно внимание и труд, а според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено се издвојуваат по тоа што даваат одлични подароци – не затоа што се скапи, туку затоа што се внимателно избрани.
Лав – подарува со ентузијазам и сака да остави силен впечаток. За него подарокот е искуство, а не само предмет.
Девица – избира практични и корисни подароци, внимателно слуша и памети што му треба на другиот.
Рак – подарува од срце, со емотивни и персонализирани подароци кои имаат симболично значење.
Бик – се води од квалитет и естетика, подарува убави, трајни и пријатни работи што долго се паметат.
Овие знаци, според хороскопот, најдобро ги разбираат желбите на другите кога станува збор за божиќни подароци.
Фото: pexels
Забава
(Видео) Златан Ибрахимовиќ на плажа во Дубаи покажа што сè умее со топката
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ објави видео од плажа во Дубаи на кое изведува фристајл трикови со топка.
Иако ја заврши кариерата, Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е во врвна форма.
View this post on Instagram
Забава
Не е алкохол, ниту дрога: Пејачката Лили Ален призна зависност што малкумина ја очекуваа
Лили Ален откри дека се бори со зависност од компулсивно купување, поради што побарала стручна помош. За проблемот зборувала во подкастот Miss Me?, кој го води со пријателката од детството Миквита Оливер.
Пејачката изјави дека редовно оди на терапија и смета дека коренот на зависноста е поврзан со ниското самопочитување.
„Мислам дека се обидувам да се ослободам од парите затоа што мислам дека не ги заслужувам“, искрено признала.
Ален користи терапија наречена EMDR, за која вели дека ѝ го променила животот, но нагласува дека не е лекар и дека зборува само од лично искуство.
Според Кливленд клиник, EMDR терапијата помага мозокот повторно да ги обработи вознемирувачките искуства и да го продолжи природниот процес на заздравување.
depositphotos

