Забава
Хороскопски знаци кои анализираат сè до најмалиот детаљ

Додека некои луѓе носат одлуки врз основа на инстинкт или емоции, постојат знаци кои темелно анализираат сè пред да направат каков било потег, од зборови, погледи, до најмалите нелогичности во однесувањето на другите. Ништо не им бега, ништо не останува „неважно“ и ретко земаат нешто здраво за готово.
За овие знаци, анализата не е само навика, туку начинот на кој го разбираат светот. Еве два хороскопски знаци кои се истакнуваат во микроскопскиот пристап кон реалноста.
Девица
Девиците се познати по својата прецизност, перфекционизам и аналитички ум. Нивниот мозок никогаш не престанува да работи, постојано скенира, оценува, споредува и категоризира. Тие ќе забележат детали што никој друг не ги регистрирал: тонот на гласот во пораката, промена во моделот на однесување, нелогичност во нечија приказна. И нема да го заборават тоа.
Пред да кажат нешто или да одлучат, Девиците ќе имаат цела ментална мапа на можни сценарија. Нивната потреба за анализа често е водена од потребата за контрола и безбедност, бидејќи се чувствуваат најмирно кога имаат сè под контрола.
Шкорпија
Иако често се перцепираат како емотивни и интуитивни, Шкорпиите се всушност многу длабоки аналитичари, само што не го покажуваат тоа отворено. Нивниот мозок работи тивко, но постојано. Тие поврзуваат информации, читаат меѓу редови, истражуваат и памтат детали што сите други би ги сметале за неважни.
Тие се особено внимателни во врските, нема шанси да пропуштат ако нешто „не е во ред“. Нивната анализа не е ладна како онаа на Девицата, тие се исполнети со интуиција и инстинкти. Но, резултатот е ист: ништо не може да ги изненади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.