Забава
Шарлиз Терон сака да го замени Брус Вилис во лезбиски римејк на „Умри машки“
Минатиот декември некој на социјалните мрежи сугерираше дека Шарлиз Терон би била совршена личност да глуми во лезбиска преработка на „Умри машки“, култниот класик од 1988 година.
Во тоа време, 45-годишната оскаровка се пошегува дека е подготвена за таква улога, но во новото интервју за „Венити фер“ објавено во вторникот, Терон е многу посериозна.
„Мислам, тоа е одлична идеја“, рече таа. „Затоа и одговорив на Твитер. Затоа што помислив дека е некако брилијантно .“
Првичниот твит на еден фан објавен на 5 декември 2020 година гласеше: „Лезбиските божиќни ромкоми се добри, но она што навистина сакам е ‘Умри машки’ во кој Шарлиз Терон оди во акција за да ја спаси својата сопруга.
Шарлиз ја твитна објавата на корисникот, одговарајќи „каде да се потпишам?“. Таа, со доза хумор, му предложи на својот фан да почне да бара холивудски продуценти.
А во неодамнешното интерву за „Венити феар“, таа беше прашана за можноста да влезе во улогата што го прослави Брус Вилис.
„Одлична идеја. Фактот дека тоа ќе бидат две жени“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.
Забава
Ексклузивното музичко кабаре шоу „Нина“ на 15 февруари во Скопје – Љубов, љубомора, криминал и покајание
„Животот е ништо повеќе од шаховска партија. Таа секогаш се гледаше себеси како пион, сè додека судбината не ѝ понуди шанса да ја одигра играта како кралица.“
Денот на вљубените добива нова димензија кога на 15 февруари 2025, „Македонската опера и балет“, ќе блесне во светлината на ексклузивното музичко кабаре шоу „НИНА“ – спектакуларен перформанс, што го носи духот на Бродвеј и магијата на џез ерата директно во срцето на Скопје.
Фасцинантна приказна за обична девојка, која се соочува со избор – да продолжи да игра според правилата и да се бори со тешкотиите што животот ѝ ги наметнува или да и се спротивстави на судбината и да ја земе контролата во свои раце, по секоја цена. Љубов, љубомора, криминал, покајание – сето ова и многу повеќе ќе го видите во шоуто „НИНА“.
Гледачите ќе бидат маѓепсани од неочекуваните пресврти во приказната, детективските истраги, љубовните приказни и блескавите слики од холивудскиот живот. Шоуто ќе ве транспортира во гламурозната атмосфера на Бродвеј Кабаре, со сите негови раскошни костими, извонредна музика и стилски танцови изведби.
„НИНА“ е спектакл од големи размери и извонредно импресивно шоу од секој аспект. Благодарение на напорите на меѓународен тим професионалци, создадовме двокатна сцена со внатрешни лавиринти, обложена со големи ЛЕД екрани кои емитуваат специјално изработена видео содржина. Сценографијата што ќе ја сведочат гледачите е толку реалистична што во еден момент ќе ги почувствуваат ладните ветришта од затворската ќелија, во друг ќе се најдат како гости на најгласната свадба, а во третиот ќе ја почувствуваат удобноста на едно елегантно кабаре.
Кореографијата во шоуто „НИНА“ ќе ги изненади дури и најпребирливите гледачи со своите енергични групни точки, нежни дуети и акробации. Овој спектакл е вистински празник за сетилата, кој ќе ве држи во неизвесност од првата минута и нема да ве пушти до самиот крај!
Забава
Лејди Гага негира дека имала естетска операција, експертите тврдат дека направила нешто
Популарната пејачка Лејди Гага неколку пати во јавноста зборуваше дека се подложила на козметички третмани, но секогаш негирала какви било естетски зафати. Сепак, козметичките експерти забележале некои промени на нејзиното лице, пишува Дејли Мејл.
Нивното мислење е дека пејачката има направено естетски зафати, вклучувајќи ринопластика, отстранување на маснотии на лицето, па дури и операција за преобликување на аглите на очите.
Пластичниот хирург Џоел Копелман се сомнева дека Гага направила операција за затегнување на кожата. Истражувајќи ја нејзината трансформација во последните две децении, докторот анализирал нејзина фотографија од 2004 година, кога имала 18 години. Потоа забележал асиметрија во левиот горен очен капак во споредба со десниот и исполнетост на врвот на носот.
„Од 2010 година пејачката почнува да изгледа поинаку“, истакна тој и додаде дека можеби го оперирала носот бидејќи тогаш носот и изгледал потесен. „Исто така, нејзините усни изгледаат пополни, па може да се заклучи дека најверојатно користи некои филери за полнење и зголемување на усните“, додаде Копелман.
Ја анализирал и нејзината фотографија од 2011 година, кога имала 25 години. Забележал дека и се подигнати очните капаци и поради тоа заклучил дека можеби имала операција за подигнување на очните капаци. Со фотографија од 2015 година заклучил дека Лејди Гага најверојатно ги отстранува салото од лицето.
„Порано тоа беше шминка, но сега мислам дека има структурна промена“, додаде тој.
На фотографијата од 2018 година тој ја забележал симетријата меѓу нејзините очни капаци и така заклучил дека сигурно имала операција на очните капаци. Овој доктор верува и дека Гага користела филери на усните и под веѓите.