Забава
Шварценегер: Јас би бил одличен американски претседател

И покрај неговата возраст, Арнолд Шварценегер зрачи со енергија и ентузијазам додека зборува за својата нова книга и за својот пат да стане мотивациска личност.
Во интервју за Би-би-си култниот акционен херој сподели сознанија за својата успешна кариера, влијанието што го има врз забавната индустрија и зошто би бил одличен претседател, а притоа ги призна уставните ограничувања што го спречуваат да ја извршува претседателската функција.
„Чувствувам дека би бил одличен претседател. Но, чувствувам дека, во исто време, сè што постигнав е поради Америка,“ рече тој во интервјуто.
„Америка ми даде толку многу можности, американскиот народ беше толку срдечен и, едноставно, ме примија со раширени раце. Никој не ме спречуваше во мојот успех. Така, единствено нешто што не можам да го направам е да се кандидирам за претседател и нема да се жалам за тоа“.
Шварценегер исто така се отвори за својата ранлива страна додека разговараше за предизвиците со кои се соочил додека го надминувал пропаднатиот брак со внуката на Џон Ф. Кенеди, Марија Шрајвер.
„Имаше и лични порази, како, на пример, мојот брак“.
„Не можете да одите и да обвинувате некој друг за тоа. Преземете одговорност. Преземете ги тие грешки и научете од тоа, а потоа вратете се и бидете подобра личност“. рече тој.
Холивудската легенда се отвори и за своите лични борби и порази како во професионалниот така и во личниот живот. Понизно призна дека се трансформирал од желбата да биде најмускулест маж до стекнување статус на мотивациска личност.
„Тоа беше една од оние работи за кои никогаш не сонував, да бидам мотивациски говорник или да пишувам мотивациски книги бидејќи, кога пораснав, сè што посакував беше да бидам најмускулестиот човек на светот. И да се занимавам со филмови и да заработам милиони долари“, вели славниот ‘терминатор’.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Не се грижат за вашите чувства и само сакаат да доминираат: најсуровите мажи се родени во три хороскопски знаци

Иако секоја личност е различна, одредени особини почесто се поврзуваат со мажите родени под одредени хороскопски знаци.
Кога темата е суровост, не станува збор нужно за насилство, туку за емоционална студенило, манипулација и недостаток на сочувство во врските.
На таквите мажи честопати не им е грижа за чувствата на другите луѓе, тешко е да преземат одговорност за своите постапки и имаат потреба да доминираат. Според ѕвездите, три хороскопски знаци се издвојуваат по овие особини.
Шкорпија
Мажите родени под знакот на Шкорпија може да изгледаат привлечни и мистериозни, но под површината често постои интензивна потреба за контрола. Кога се чувствуваат загрозени или предадени, тие се склони кон манипулација и емоционално казнување.
Тие не простуваат лесно и можат да бидат многу груби со своите зборови. Нивната емоционална сила може брзо да стане оружје, особено ако сакаат да наметнат моќ над партнерот или околината.
Јарец
Мажите родени под овој знак ретко покажуваат чувства и тешко им е да изразат емпатија. Во врските, тие често изгледаат далечни и авторитетни, а во конфликтите им е поважно да бидат во право отколку да бидат искрени.
Тие можат да изгледаат ладни и нечувствителни затоа што нивните емоции не се на прво место. Ако почувствуваат дека некој им стои на патот кон постигнување на нивната цел, тие не се двоумат да користат груби зборови или ладна тишина како начин да ги казнат.
Близнаци
Навидум шармантни и духовити, мажите Близнаци можат да имаат две страни – едната што ја сака забавата и другата што не се грижи за туѓите емоции. Кога ќе го изгубат интересот, можат да станат целосно нечувствителни, да исчезнат без објаснување или да ја игнорираат личноста со која биле блиски.
Тие често ги користат зборовите како оружје во расправиите и се способни да повредат без да го признаат тоа. Нивната непредвидливост често создава чувство на несигурност кај нивните партнери.
Забава
Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.
Изборот ќе трае до 31 мај.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Северна Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
View this post on Instagram
Забава
Утврдено кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Имотот на Лијам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на „Уан дајрекшн“, ќе управува со неговиот имот.
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј бидејќи Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е приближно 32,2 милиона американски долари.
Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.
Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниеден дел од имотот.
Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, при падна од балкон од третиот кат во хотел во Аргентина.