Забава
Шварценегер се кае за прељубата и жали за разводот: Тоа е мојата најголема грешка
Арнолд Шварценегер се наврати на разводот од Марија Шрајвер по 25 години брак во текот на неодамнешно интервју за „Пипл“.
Пред да се разделат во 2011 година добија четири деца, кои сега се возрасни: Кетрин (33), Кристина (31), Патрик (29) и Кристофер (25). Непосредно пред нивниот развод Шварценегер јавно откри дека има син, Џозеф Бена, со домашната помошничка на неговото семејство, Милдред Баена.
Во интервјуто ѕвездата на „Терминатор“ (75) искрено проговори за прељубата и откри во какви односи е со поранешната сопруга, новинарката Марија Шрајвер (67).
„Тоа е само моја вина“, изјави актерот за аферата со домашната помошничка Милдред, што доведе до развод од Марија во 2011 година. Актерот доби син, Џозеф, со Милдред само пет дена откако неговата поранешна сопруга го роди нивниот син Кристофер. Сепак, тој призна дека тој и неговата поранешна сопруга не се скарале и останале во добри односи.
„Моето поглавје со Марија ќе трае вечно. Иако се работи за поинаква врска, немам причина да чувствувам ништо друго, освен љубов кон неа“, изјави актерот за „Пипл“.
Арнолд потенцира дека за него, децата се на прво место.
„Отсекогаш јасно кажувавме дека децата не треба да страдаат поради афера. Таа сега има партнер, јас имам партнерка, но секогаш комуницираме за децата, за празници, роденденски забави и за забави за Денот на мајката и за Божиќ“, додава тој.
Тој моментно е во врска со физиотерапевтката Хедер Милиган (48).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.