Контакт

Забава

Шведската кралска палата е опседната со духови, тврди кралицата Силвија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Кралската палата е опседната од духови, а шведската кралица сведочи дека ги сретнала, во новиот документарец.

Палатата Дротнингхолм, во ценаторт на Стокхолм, која е изградена во 1600 години, е под заштита на УНЕСКО, а кралот и кралицата на Шведска сѐ уште живеат таму. Но, не се сами, според кралицата Силвија.

„Овде има многу историја. Исто така, ги имаме тука и малите пријателчиња… духовите. Тие се многу пријателски настроени, но некогаш чувствуваш дека не си сам. Дојдете и уверете се сами, прошетајте наоколу по темница. Ќе видите дека е многу возбудливо“, вели кралицата Силвија во докуметарцеот што го сними државната шведска телевизија SVT, за зградата.

Живеејќи со декади таму, кралицата може да посведочи различни ситуации, но вели дека не е исплашена од нејзините сожители.

„Не се плашам, тие се пријатни. Замислете што сѐ можат да кажат?“, вели 73-годишната кралица.

И другите членови на кралското семејство ги делат нејзините сомнежи. Сестрата на Кралот Карл XVI Густав, принцезата Кристина, исто така верува дека палатата е опседната.

„Секако дека е. Има духови во старите куќи. Дефинитивно. Таму има многу енергија и би било чудно ако таа енегрија не се покаже во вид на звуци или форми. Во сите стари куќи има духови“, вели таа за истата програма.

Храбрите аматери ловци на духови може да се сретнат со кралските духови, ако тоа го посакаат, имајќи предвид дека Дротнингхолм платата е отворена за посетители цела година, освен јужното крило, каде живеат членовите на кралското семејство. И нивните `страшни ` пријателчиња./крај/тл/бб

Забава

Ринго Стар позитивен на Ковид-19, претстојните настапи во Северна Америка откажани

Објавено пред

Сер Ринго Стар откажа пет концерти во рамки на неговата турнеја во Северна Америка откако доби позитивен резултат на тестот за Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот тапанар на „Битлси“, кој има 82 години, имаше низа настапи во САД и Канада со својот „Ол-стар“ бенд пред да се разболи изминатиов викенд.

По откажувањето на два настапи во последен момент, денес е потврдено дека Ринго има Ковид и турнејата ќе биде ставена на чекање, изјави неговиот портпарол во понеделникот.

Ринго закрепнува дома и се надева дека наскоро ќе ги продолжи настапите.

„Ќе ги информираме фановите за какви било дополнителни вести или промени“, изјави неговиот портпарол за „Би-би-си“.

Ѕвездата овој јули го прослави својот 82. роденден

Прикажи повеќе...

Забава

Ринго Стар поради корона ги откажа концертите во Северна Америка

Објавено пред

Поранешниот тапанар на Битлси – Ринго Стар ги откажа концертите во Северна Америка откако беше позитивен на тестот за Ковид-19, потврди денеска неговиот претставник за печат.

dobivaj vesti na viber

Вчера Ринго Стар (82) ги откажа настапите во Мичиген и Минесота во САД, а неговиот портпарол најави дека поради болест ќе бидат откажани и пет концерти во Канада.

Остатокот од турнејата зависи од закрепнувањето на Стар.

„Ринго се надева дека ќе продолжи (настапот во живо) што е можно поскоро и закрепнува дома. Како и секогаш, тој и неговиот бенд All Stars  им испраќаат на своите фанови желби за мир и љубов и се надеваат дека наскоро ќе ги видат на турнеја“, се вели во соопштението.

Битлси ги сочинуваа Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Ленон беше убиен во 1980 година, а Харисон почина во 2001 година.

Мекартни и Стар сè уште се музички активни.

Прикажи повеќе...

Забава

Амбер Херд во финансиски проблеми? Им должи повеќе пари на адвокатите отколку на Деп

Објавено пред

Амбер Херд е во сериозни финансиски проблеми, а сега се појавија и медиумски извештаи дека им должи повеќе пари на своите адвокати отколку на Џони Деп по загубата на правната битка иницирана од поранешниот сопруг, пишува шпанска „Марка“.

dobivaj vesti na viber

Според пресудата, актерката мора да му плати отштета на Деп над 10 милиони долари, а неколку таблоиди тврдат дека таа на адвокатите им должи уште поголема сума.
Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата.

Кога судијата одлучи дека таа мора да му плати на Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи речиси 15 милиони долари на своите адвокати. Херд наводно има милионски долгови кон нејзините поранешни правни застапници и неколку осигурителни компании, кои наводно се вмешале во судскиот спор, но сега одбиваат да ѝ ги платат трошоците.

Актерката ја продаде својата куќа во САД, но тоа не е доволно да гпокрие ниту минимален дел од двата долга.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи,...

Свет9 минути

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет30 минути

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет34 минути

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет40 минути

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион13 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа15 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет15 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија18 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија19 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија20 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија20 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија20 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет21 час

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет21 час

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија22 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија22 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет24 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...