Контакт

Hitech

Шеесет илјади патенти на „Мајкрософт“ отсега се бесплатни за користење

Објавено пред

Со потег што изненади многумина „Мајкрософт“ објави дека се приклучува во мрежата Open Innovation Network (ОИН), што всушност е конзорциум за слободен пристап до патенти, така што сите патенти на компанијата отсега ќе бидат бесплатно достапни.

„Мајкрософт“ ќе прикачи речиси 600.000 патенти на платформата ОИН и на тој начин значително ќе ја прошири постојната база на 1.300 глобални патенти.

Во изминатите неколку години технолошкиот гигант од Редмонд заработи околу 4,3 милијарди американски долари врз одснова на своите андроид-патенти.

Тоа доведе до низа конфликти со корисниците на „Андроид“, но се чини дека „Мајкрософт“ сака да ги направи минато.

Главната мисија на ОИН е да се сочува „Линукс“ од патентни тужби со помош на членови како „Гугл“, „Редхет“, ИМБ, а сега и „Мајкрософт“.

Патентната библиотека на „Мајкрософт“ вклучува технологии, како што се LF energy и HyperLedger.

Сепак, патентите, како што се Windows desktop и кодот за десктоп-апликации, нема да бидат дел од овој договор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Конференција со над 150 светски лидери од 60 земји

Објавено пред

Во четврток ќе се одржи Women in Tech светска 24/7 конференција со над 150 светски лидери од 60 земји.

Секој заинтересиран во технологија ќе може да ја проследи конференцијата на следниот линк: https://www.facebook.com/events/251476715959825/.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Епл“ и „Гугл“ помагаат да се направат апликации за коронавирусот

Објавено пред

„Епл“ и „Гугл“ ставија во погон технологија којашто ќе им помогне на земјите со помош на апликации да го следат ширењето на коронавирусот за да ги известат корисниците кога ќе стапат во контакт со заразено лице.

Двата технолошки ривали, чиј софтвер доминира на пазарот на мобилни уреди, се здружија да создадат заеднички код којшто програмерите на софтвери можат да го користат за да создадат апликација за пронаоѓање контакти, којшто ќе им служи на агенциите за јавно здравје.

Апликациите можат да користат блутут сигнали од паметните телефони за да ги детектираат корисниците кои престојуавале во близина. Компаниите објавија дека 22 земји и неколку држави од САД веќе планираат да ја користат новата технологија за правење апликации.

Здравствените експерти велат дека откривањето на контактите е клучно за забавување на ширењето на вирусот за да може економијата да започне да функционира. Американските држави вработуваат илјадници луѓе за оваа работа.

Новата технологија би можела да помогне да се најдат непознати лица со кои корисникот бил во контакт.Корисникот кој е позитивен на вирусот, може да ги сподели овие информации со здравствените работници преку апликацијата, кои потоа можат да ги известат другите корисници чии уреди биле блиску до уредот на заразеното лице, благодарение на блутут сигналот.

„Епл“ и „Гугл“ истакнаа дека фокусот е ставен на „приватноста и безбедноста“. На пример, апликациите нема да ги следат локациите на кои било заразеното лице.

Прикажи повеќе...

Hitech

Фејсбук активираше нова опција за видео разговори како конкуренција на „Зум“

Објавено пред

Фејсбук воведе нова функција за разговор – месинџер соби, за да може да се натпреварува со Зум, Скајп и Гугл Мит.

Сè повеќе луѓе се вклучуваат во видео разговори, за што придонесе и пандемијата на коронавирус, па Фејсбук реши да ги подобри своите функции. Месинџер собите се појавија во некои земји на почетокот на мај, пред да се рашират во поголемиот дел од светот минатата недела.

Заштитата на приватноста во месинџер собите вклучува можност да се контролира кој ја гледа собата и можете да ја заклучите или пак да ја отклучите. Ако е отклучена, секој може да се придружи и да ја сподели со други, но креаторот на собата мора да биде присутен за да започне повикот. Креаторите исто така можат да ги исклучат другите луѓе од разговорот.

За да креирате соба од вашиот телефон, проверете дали ја имате најновата верзија на мобилните апликации за Фејсбук и Месинџер, а потоа отворете ја апликацијата Месинџер. Кликнете на опцијата „Луѓе“ во долниот десен агол и изберете ја опцијата „креирај соба”. Потоа ќе биде побарано да изберете луѓе кои сакате се приклучат на разговорот.

Можете да ја споделите просторијата на почетната страница, во групи и настани, исто така можете да се приклучите од вашиот телефон или компјутер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија45 минути

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија2 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет3 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија3 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија4 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија4 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија5 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија5 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет17 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија20 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион22 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија23 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија24 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија1 ден

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија1 ден

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија1 ден

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија1 ден

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Досие