Контакт

Забава

Шест дена на музички фестивал за 1100 денари во Скопје

Објавено пред

„Ентер фест“ е името на големиот музички фестивал кој ќе започне на крајот на мај годинава и ќе трае шест дена во Скопје.

Организаторите најавуваат дека очекуваат фестивалот да ги урне сите рекорди во земјава во посетеност.

„Причина повеќе за ова е и што сумата за билетот за сите шест вечери од фестивалот ќе чини само 1100 денари. За оваа сума посетителите ќе можат да уживаат во настапот на големи музички ѕвезди и над 60 бендови од целиот регион од почетокот па се до крајот на фестивалот. Ова е прв пат Скопје да биде центар на ваков музички хепенинг од големи размери“, велат оттаму.

Засега организаторите се уште не откриваат кои имиња ќе настапат на фестивалот кој ќе трае шест дена на две огромни фестивалски сцени на целиот простор околу спортскиот центар Борис Трајковски.

Според нив, очекуваат фестивалот да се претвори во „македонски Вудсток“, и да привлече огромен број посетители од целиот регион за шесте дена музичка радост во Македонија. Организаторите веќе открија дека поради намерата ова да биде забава за сите, и пивото ќе се продава за само 80 денари.

Екологија

(Видео) Бран од 30 тони пластика

Објавено пред

Од

Видео на кое се гледаат тони ѓубре на брегот на Доминиканската Република, предизвика голема работна акција и бројни реакции на социјалните мрежи.

Невладината организација “Parley fot the Ocenas” го објави видеото, наведувајќи дека се работи за 30 тони пластика што се наоѓа на плажата Монтесинос, во главниот град Санто Доминго.

Големата акција за чистење започна во средата, а повеќе од 500 лица зедоа учество во акцијата.

„Ова е шокантно, но она што е уште пострашно е дека ова не е новост во Санто Доминго“, рече активистката Кармен Данае Чаморо.

Како што наведе, до ова доаѓа секој пат кога ќе падне силен дожд.

Прикажи повеќе...

Забава

Статуа на Џеф Голдблум осамна сред Лондон

Објавено пред

Од

Статуа на холивудскиот актер, Џеф Голдблум, во висина од три метри се појави покрај лондонскиот „Tower Bridge“.

Британците на овој начин решија да го прослават 25-от роденден од филмот „Jurassic Park“ во режија на Стивен Спилберг, а во кој Џеф го глумеше докторот Иан Малком.

Статуата го прикажува Џеф во неговата позната поза од блокбастерот за диносаурусите.

Откако е поставена, обожавателите редовно доаѓаат да се фотографираат, а статуата веќе го доби вниманието и од страна на туристите. Околу неа дури поставени се и лежалки, но таа нема да остане тука, со оглед на тоа што се работи за привремена инсталација.

Неговата позната поза, за која актерот неодамна рече дека не била дел од сценариото стана предмет на бројни интернет мемиња.

Прикажи повеќе...

Забава

Македонка наградена на светскиот натпревар за фотографии направени со „ајфон“

Објавено пред

Од

Македонката Гордана Чавкоска доби пофалници на овогодишниот светски натпревар за фотографии направени со „ајфон“, на кој учествуваат фотографи од над 140 држави од целиот свет.

Прогласувањето на победниците беше на 18 јули во Њујорк. Чавкоска доби три пофалници во три различни категории: панорама, животен стил и дрва.

Трпејца

Трпејца

Сите три фотографии се наоѓаат во годишниот каталог на веб-страницата на натпреварот – ippawards.com.

На две фотографии на Чавкоска е претставен Градскиот парк во Скопје во една волшебна зимска атмосфера, а третата фотографија е од Трпејца, Охрид.

Градски парк

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Коѕијас: Условите за постигнување на договорот за името беа зрели

Условите за постигнување на договорот за името беа зрели, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју...

Венко Филипче, тендер Венко Филипче, тендер
Daily news5 часа

(Видео) Филипче: Тендерот уште не е доделен, сè уште е во фаза на евалуација

Министерството за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавноста се уште не го добила тендерот за набавка...

Економија6 часа

Немаме мандат да ја проверуваме сопственоста на компаниите, велат од Фондот за иновации

По бурните реакции во јавноста за доделените грантови, од Фондот за иновации и технолошки развој велат дека немаат мандат, ниту...

Топ7 часа

Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП, двајца приведени

Седумнаесетгодишно момче вчера било прободено со нож во автобус на ЈСП со број 22, во близина на Поликлиниката Ѓорче Петров....

Македонија7 часа

Фротир производи и путер меѓу грантираните од Фондот за иновации

„Нова ера во индустријата за фротир производи“ гласи името на проектот кој бил одобрен од Фондот за иновации и технолошки...

Vlada na RM Vlada na RM
Македонија8 часа

Владата објави тендер од 2,6 милиони евра за обезбедување државни објекти

За сума од приближно 2,6 милиони евра без ДДВ, Службата за општи и заеднички работи при Владата објави тендер за...

Македонија9 часа

Димитриевски: Ако обвинувањата за тендерите и грантовите се точни, мора да ги осудиме

Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите,...

плажа, одмор, Европска Унија плажа, одмор, Европска Унија
Македонија10 часа

Македонија на врвот на листата на земји во кои луѓето не можат да си дозволат годишен одмор

Според истражувањето на Евростат, една третина од популацијата на Европската Унија (32,9 отсто) не можат да си дозволат годишен одмор...

Лос Анџелес, заложници Лос Анџелес, заложници
Вести10 часа

(Видео) Заложничка драма во продавница во Лос Анџелес, убиена една жена

Вооружен напаѓач упаднал во продавница во Лос Анџелес и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ...

Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии
Економија11 час

МФ: Светска банка забележа напредок во управувањето со јавниот долг во Македонија

Светската банка забележа дека Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии....

Македонија1 ден

Измените на Изборниот законик в понеделник на собраниска седница

Пратениците в понеделник на седница ќе расправаат за предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по завршување на комисиската расправа. Измените...

Македонија1 ден

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион1 ден

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ1 ден

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет1 ден

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија1 ден

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија1 ден

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија1 ден

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија2 дена

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија2 дена

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Досие