Забава
Џенифер Гарнер се релаксира на плажа
Актерката Џенифер Гранер вчерашниот ден го помина во Малибу на плажа со пријатели, а нејзиниот сега веќе поранешен партнер, Џон Милер, беше виден со својата експартнерка Керолин Кемпбел.
Се чини дека сонцето, песокот, морската вода и вдишувањето на морскиот воздух имаат позитивно влијание врз Џенифер (48).
Истиот ден, нејзиниот наводно поранешен партнер Џон Милер, извршен директор на CaliBurger, беше виден во Лос Анџелес.
Растрчаниот бизнисмен беше уловен од папараците додека влегува во голем бел џип со поранешната сопруга, виолинистката Керолин Кембел, со која има две деца.
Претхдно оваа недела Џенифер беше на куса дружба на плажа со својот добар пријател Бредли Купер, кој со себе ја донесе и тригодишната ќерка Леа де Син.
Во меѓувреме, анонимен извор на списанието In Touch Wekly рече дека Џенифер и Џон веќе не се заедно. Нивната романса траеше речиси две години.
Инсајдерот рече дека се разделиле пред воведувањето на строгите превентивни мерки во Лос Анџелес поради коронавируот додавајќи дека тие остануваат пријатели и дека постои можност да ја зацврстат својата врска во иднина, но засега е готово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.