Забава
Џенифер Лопез со емотивна објава ја одбележа првата годишнина од бракот
Џенифер Лопез прославува една година брак со Бен Афлек.
Латино-дивата во симпатична објава на „Инстаграм“ сподели досега необјавени фотографии од венчавката и стихови од необјавена песна.

Во описот на фотографиите од раскошната венчавка со својот четврти сопруг Бен таа напиша: на денешен ден пред една година.

Латино-дивата и двократниот оскаровец се венчаа на неговиот имот Хемптон Ајланд во Џорџија. Двојката, која беше позната како Бенифер, технички доби дозвола за брак на 16 јули 2022 година во округот Кларк, Невада, пред да избега во капелата „Литл вајт вединг чепл“ во Лас Вегас.
Џенифер (54), која глумеше невеста во девет филма, своите 394,3 милиони следачи на социјални мрежи ги почести со неколку стихови од претстојнат песна „Драг Бен – втор дел“.

Ова е една од деветте пријавени песни што Џенифер му ги посвети на сопругот (51) во претстојниот деветти студиски албум This Is Me… Now, нејзин прв албум по A.K.A. од 2014 година.
Првиот дел од песната, односно првата песна „Драг Бен“, беше објавена во албумот 2002 година This Is Me… за време на нејзината двегодишна претходна врска со Бен, која заврши во 2004 година.
На 20-годишнината од својот албум This Is Me… Then (Ова сум јас… тогаш“) Џенифер Лопез ги изненади фановите објавувајќи го насловот на претстојниот албум This Is Me… Now. („Ова сум јас… сега“). Новиот албум таа го опишува како хроника на едно емотивно и духовно патување во последните две децении.

Оригиналниот албум беше посветен на нејзиниот тогашен партнер Бен Афлек, со кој денес е во брак.
Албумот има 13 песни, вклучително и некои што алудираат на нејзината врска со Афлек, како што е „Драг Бен, втор дел“ и „Полноќно патување во Вегас“, што е очигледна асоцијација на нивната венчавка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

