Забава
Актерот Џејми Фокс се соочува со тужба за сексуален напад

Актерот Џејми Фокс се соочува со тужба за сексуален напад поднесена во Врховниот суд на државата Њујорк.
Наводниот инцидент се случил во 2015 година во популарниот ресторан во Њујорк, Catch NYC, наведува Си-ен-ен
Лицето што го тужи актерот, идентификувано како Џејн До, во тужбата тврди дека Фокс „намерно и без согласност употребил сила и навредлив допир“, вклучително и пипкање по градите и гениталиите. Во обвиненијата се наведува дека Џејми се појавил во алкохолизирана состојба во моментот на инцидентот.
Како резултат на тоа, во жалбата се наведува дека жената претрпела и продолжува да трпи „физичка и емоционална повреда, вознемиреност, срам и економска штета“ и бара неодреден износ.
Таа исто така ја тужеше матичната компанија на ресторанот, Catch Hospitality Group, и разни поврзани бизниси за наводно несовесно вработување, обука и надзор.
Претставник на компанијата не беше веднаш достапен за коментар.
Фокс имаше здравствени проблеми претходно оваа година откога беше хоспитализиран во Атланта.
Оскаровецот првпат се зафати со закрепнување во јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.