Забава
Активизмот е во мојата ДНК, вели Били Портер во интервју за „Есенс“

Актерот Били Портер е првиот геј на насловна страница на магазинот „Есенс“ (Essence).
50-годишниот актер и пејач, познат по екстравагантниот аутфит на холивудски настани, се појави на насловната страница на изданието јули/август со боите на пан-африканското знаме – црна, зелена и бела.
Во интервјуто во кое говори за граѓански права, тој вели: „Активизмот е во мојата ДНК“.
„Не сакам да сум организатор, вие ми кажувате каде да се појавам и јас доаѓам. Јас сум таков вид активист “.
Тој ја искоментира сегашната ситуација со расните немири: „Белите луѓе се плашат од тоа дека сакаме одмазда и не можат да ја спознаат вистината.“
„Ние не сакаме одмазда. Ние ги сакаме нашите права. Сакаме еднаквост. Сакаме да бидеме третирани како човечки суштества. Сакаме да знаеме дека можеме да излеземе надвор од нашите куќи и да не бидеме под закана од смрт секој ден едноставно поради бојата на нашата кожа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Три знаци од Зодијакот кои важат за најголеми егоисти

Себичноста не мора секогаш да се манифестира како гласно фалење – понекогаш се крие во мали секојдневни однесувања, како игнорирање на потребите на другите луѓе или ставање себеси на прво место без оглед на контекстот.
Некои луѓе само природно веруваат дека заслужуваат повеќе внимание, признание и простор од другите.
Таквите луѓе не мора да сакаат да ги повредат другите, но им е тешко да го видат светот од туѓа перспектива. Во се што прават самите се на прво место.
Лав
Луѓето родени во овој знак често се убедени дека заслужуваат восхит и внимание, без оглед на околностите. Иако можат да бидат дарежливи, нивната потреба да бидат во центарот на вниманието може да има исцрпувачки ефект врз оние околу нив.
Тешко ги прифаќаат критиките и не поднесуваат кога некој друг блеска повеќе од нив. Сакаат да се истакнуваат и во исто време очекуваат да бидат признаени за секоја нивна заслуга.
Лавовите не се гледаат себеси како егоисти – исто како оние кои ја знаат својата вредност и сакаат другите да ја препознаат.
Овен
Импулсивен, самоуверен и нетрпелив, Овнот често дејствува без оглед на туѓото мислење. Нивната потреба да бидат први и најдобри може да ги направи себични, дури и кога тоа не е намерно.
Тие секогаш одат напред, очекуваат другите да ги следат или да се тргнат од патот. Тешко им е да признаат кога грешат бидејќи веруваат дека нивната интуиција е најдобриот водич.
Девица
Навидум тивки и аналитички, Девиците често веруваат дека знаат најдобро – и тоа јасно го кажуваат. Нивната потреба за контрола и перфекционизам понекогаш ја преминува границата и остава впечаток дека не се грижат за туѓото мислење. Тие често ќе ги критикуваат другите додека се целосно слепи за сопствените недостатоци.
Девиците не мислат дека се егоисти, туку дека се единствените кои прават се „како што треба“. Токму ова верување во сопствената праведност често ги доведува во конфликт со околината.
Забава
Ќерката на Брус Вилис си ја отвори душата: Чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да те гушнам, да ти кажам што ми се случува

Румер Вилис, ќерката на холивудската легенда Брус Вилис, испрати трогателна порака до својот татко на Денот на таткото, размислувајќи за нивниот однос, семејството и тешкиот период низ кој минуваат откако му беше дијагностицирана деменција.
„Денот е тежок. Чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да те гушнам, да ти кажам што ми се случува, да ти поставам прашања за твојот живот, твоите приказни, борби и успеси“, напиша Румер на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Знам дека не би сакал да бидам тажна, па ќе се обидам да бидам благодарна. Благодарам што си мојот татко. Што сè уште можам да те држам за рака, да те гушнам, да ти го бакнувам образот, да гледам како твоите очи светат кога ќе ја видиш Луета. Секој момент со тебе е драгоцен. Те сакам, Среќен Ден на татковците”.
Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија, болест која влијае на говорот и когнитивните способности. Една година подоцна, семејството објави дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, форма која ги зафаќа предните и страничните делови на мозокот.
Оттогаш, Румер и остатокот од семејството отворено споделуваат фрагменти од секојдневниот живот и предизвиците со кои се соочуваат. Другата ќерка, Талула, претходно изјави дека нивните посети биле „полни со љубов“ и дека ја чувствуваат важноста да се подигне свеста за болеста.
Објавата на Румер Вилис предизвика бројни реакции и поддршка, а многумина споделија свои искуства со членовите на семејството кои живеат со деменција. Деми Мур, поранешната сопруга на Брус и мајка на неговите три ќерки (Румер, Скаут и Талула), исто така ја истакна важноста од споделување на нивната приказна: „Ако може да му помогне на друго семејство или да привлече внимание на некоја болест да се најде лек – тоа е важно“.
Во 2009 година, Брус Вилис се ожени со манекенката Ема Хеминг, со која имаше уште две ќерки – Мејбел Реј Вилис (13) и Евелин Пен Вилис (11).
Забава
Дејвид Бекам прогласен за витез

Британскиот крал Чарлс на својата роденденска забава го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез за неговиот придонес во британското општество, според традиционалниот список на добитници на титулата витез објавен во петокот.
„Никогаш не замислував дека ќе добијам таква чест“, изјави Бекам за новинарите, кој пораснал во скромна околина во источен Лондон во семејство на патриотски и горди британски родители и баби и дедовци.
50-годишниот поранешен фудбалер, кој се пензионира во 2013 година, и неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на популарната британска група „Спајс грлс“, сега ќе станат сер Дејвид и леди Викторија.
Бекам, икона во светот на фудбалот и модата, со години е номиниран за витез, а сега конечно е почестен за своите заслуги во спортот и хуманитарната работа. Поранешниот англиски репрезентативец играше 115 пати за својата земја и освои многубројни трофеи со „Манчестер јунајтед“, а беше и многу активен во хуманитарната област. Во соработка со УНИЦЕФ тој водеше кампањи за организацијата што работи со името Malaria No More и работи на искоренување на маларијата во целиот свет.
Во јуни 2024 година кралот Чарлс официјално го назначи за амбасадор на својата фондација (Фондацијата на кралот).
Тој и неговата сопруга се блиски со кралот и неговото семејство многу години. Тие беа поканети на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, како и на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година. Бекам претходно го доби Орденот на Британското Царство (OBE) за заслуги во спортот во 2003 година, кој му го додели кралицата Елизабета II.