Забава
Ал Пачино падна на црвениот килим
Актерот Ал Пачино (78) се појави на доделувањето на наградите БАФТА во друштво на својата израелска колешка и пејачка Меитал Дохан (39) со која е во врска од септември минатата година.
Токму таа го спасила Пачино кога, качувајќи се по скалите, се сопнал на црвениот килим и паднал на носот. Двојно помладата девојка му подала рака, а и други колеги му помогнале на актерот да застане на нозете.

Озборувањата за врската помеѓу Меитал и Пачино почнаа да кружат минатиот септември.
„Отпрвин се трудеа нивната врска да остане приватна, но сега веќе не се обидуваат да ја чуваат во тајност“, изјавил пријател на Пачино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дани Димитровска објави нова песна – „Заедно“
Македонската пејачка Дани Димитровска објави нова песна со наслов „Заедно“.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот на Јордан Манов.
Забава
(Фото) Секогаш женствена и секси, но поради погрешниот детаљ „горат“ мрежите
Познатата Софија Вергара често е мета на папараците, особено кога посетува престижни ресторани во Лос Анџелес, обично во друштво на своите пријатели и семејство.
Нејзиниот стил е секогаш мета на коментари и под будното око на корисниците на социјалните мрежи, а сведоци сме дека таа избира широк спектар на комбинации на облека за вечерни излегувања во ресторани. Секогаш е женствена, обично во форма на фустани или парчиња со длабоко деколте, но овој пат се одлучи за малку полежерна верзија.
Таа беше фотографирана на вечера со Ева Логорија и Рики Мартин, во плетено светло здолниште и темен асиметричен топ со голи рамена, кој совршено се вклопуваше со долниот дел, но сепак не беше најдобриот избор.
Софија избра светол градник кој се гледаше под тенката маица, и колку и да беа одлични овие две парчиња во комбинација за лежерен изглед, се покажа дека ќе беше подобро ако избра црн градник… Со изборот на светол градник, таа го расипа конечниот впечаток, па имајте на ум ако одлучите да се одлучите за слична опција – советот е да изберете темна долна облека за вакви комбинации.

фото: принтскрин
Забава
(Видео) За хрватската претсавничка на Мис Универзум веќе велат дека е победничка: прошета во бикини, а потоа во црвен фустан, сите зборуваат за неа
21 ноември, кога ќе се одржи големиот избор за Мис Универзум 2025, се приближува, а фотографиите од бројни убавици од Тајланд нè воодушевуваат секој ден.
Изборот за Мис Универзум 2025 ќе се одржи во Тајланд, каде што убавици од целиот свет се подготвуваат за главната ревија. Во меѓувреме, нивните фотографии ги „рушат“ социјалните мрежи.
Судејќи според коментарите, Лаура Гњатовиќ, која ја претставува Хрватска, има голема шанса. Прекрасната Хрватка плени многумина со својата убавина уште од самиот почеток на подготовките, а некои веќе ја прогласија за победничка.
На таканареченото „прелиминарно натпреварување“, каде што се претставија сите девојки, токму настапот на Лаура ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Убавицата прво прошета во зелено бикини, а потоа и во црвен фустан во кој ја покажа целата своја елеганција.
„Феноменална, грациозна, вистинска убавица“, „Прекрасна Лаура“, „Браво“, „Пукаш од сексапил“, „Имаш сè што треба да има една победничка“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин

