Забава
Аманда Сејфрид се справува со постпородилна депресија во новиот филм

Холивудската актерка Аманда Сејфрид даде сè од себе нејзиниот нов филм за постпородилната депресија да се појави во кината.
Заснован на истоимената книга од Ејми Копелман (2003), која пишува за сопственото искуство, филмот A Mouthful of Air се реализираше откако Копелман слушна жена како зборува на радио дека ја има оваа состојба.
Писателката стапила во контакт со актерката Сејфрид за да види дали можат да снимат филм за да ја расветлат оваа појава.
Сејфрид и Копелман успеаја да обезбедат финансиски средства за филмот, но кога тој тргна во продукција, Сејфрид сфати дека треба да надмине уште една пречка.
„Морав да ѝ погледнам на сопствената ментална болест во очи. Страдам од OCD и напади на паника“, рече таа. „Морав да го прикажам тоа на екранот и тоа беше незгодно. Но, чувствував дека сум безбедна со Ејми да го направам тоа“.
Според студија на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, една од осум жени претрпела депресивни симптоми во текот на постпородилниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Никол Кидман изненади со нова фризура на Мет Гала

Никол Кидман (57) привлече големо внимание на црвениот тепих на Мет Гала 2025 година, каде што за прв пат покажа новата „пикси“ фризура.
Иако оваа кратка фризура доста го промени нејзиниот изглед, веројатно е привремена промена бидејќи добитничката на Оскар е позната по тоа што носи перики во речиси секој проект.
Заедно со фризурата, Никол носеше црн, по мерка изработен фустан без прерамки од Balenciaga Couture во чест на познатата пејачка и актерка Ерта Кит. Луксузниот фустан е инспириран од модел од колекцијата на Balenciaga од 1952 година и за негова изработка биле потребни 700 часа.
Забава
Маж со автомобил пробил низ оградата на куќата на Џенифер Анистон, актерката била внатре

Еден маж е уапсен откако во понеделник со возилото ја пробил оградата на луксузниот имот на Џенифер Анистон (56) вреден 21 милион долари во Бел-Ер. Актерката била дома во времето на инцидентот.
Осомничениот, маж за кој се верува дека има околу седумдесет години, влетал во имотот со автомобил веднаш по пладне.
Според извештајот на ТМЗ, обезбедувањето на Анистон веднаш реагирало, го извлекло мажот од возилото и го држело под закана со пиштол додека не пристигнала полицијата во Лос Анџелес.
Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Џеф Ли, изјави дека полицајците реагирале околу 12:20 часот по локално време по пријавите за лице „кое провалило низ влезната врата од куќата со автомобил“.
Полицијата потврди дека Анистон немала контакт со осомничениот и дека не е повредена.
Забава
Дуа Липа го имаше своето деби на Мет Гала со својот вереник, го покажа и прстенот

Овогодинешното издание на Мет Гала, како и секоја година, привлече бројни познати личности. Меѓу нив беше и пејачката Дуа Липа, која го имаше своето деби на црвениот тепих со својот вереник Калум Тарнер.
Пејачката (29) и актерот (35) не ја криеја својата љубов пред камерите. Дуа Липа во оваа пригода го покажа и својот веренички прстен, кој веднаш привлече внимание под нејзините проѕирни црни ракавици.
Двојката е во врска нешто повеќе од една година, но официјално потврдија дека се заедно летото, минатата година.
Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби, додека пејачката ја заврши врската со францускиот режисер Ромен Гаврас во декември 2023 година.