Забава
Амбер Херд смета дека пресудата во случајот клевета е пораз за жените
Холивудскиот актер Џони Деп во средата постигна речиси целосна победа во случајот за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.
Американските медиуми веднаш ја објавија веста што ја чекаа фановите на Деп а и илјадници луѓе ширум светот. Читањето на пресудите и реакцијата на Херд се пренесуваше во живо на социјалните мрежи.
Херд, седнатa во судницата меѓу двајца нејзини адвокати, гледаше надолу додека се читаа пресудите.
„Разочарувањето што го чувствувам денес не е можно да се опише“, рече таа во првата изјава откако ја напушти судницата. „Срцето ми е скршено дека планината докази не беше доволна за да се спротивставам на непропорционалната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг“.

„Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени“, додаде таа. „Ова е назадување“.
„Тажна сум што го изгубив случајот. Но, уште потажна дека очигледно го немам правото што мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“.
Деп се соочи со поинаков исход во Британија пред помалку од две години, кога го тужеше весникот „Сан“ затоа што го нарече „тепач на сопруга“. Високиот суд во Лондон тогаш пресуди дека тој повеќе пати физички ја нападнал Херд.
А во центарот на правниот случај во САД беше текст на Херд објавен во „Вашингтон пост“ во декември 2018 година. Во написот таа не го спомнува Деп по име, но неговиот адвокат им кажа на поротниците дека е јасно дека Херд мислела на него.
Поротата се согласи со сите тврдења на Деп за клевета, кои цитираа пасус од статијата и насловот кој гласи: „Прозборев против сексуалното насилство – и се соочив со гневот на нашата култура. Тоа мора да се промени“.
Поротниците отфрлија две од трите точки на противтужбата на Херд. Тие заклучија дека била клеветена кога тогашниот адвокатот на Деп изјавил за еден медиум дека исценирала материјална штета за да ѝ покаже на полицијата по наводна кавга меѓу нив двајцата.

Сведочењето се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, привлекувајќи огромна публика која имаше можност да слуша детали од нивната бурна врска и проблематичниот брак.
Адвокатите на Деп го поднесоа американскиот случај во округот Ферфакс, Вирџинија, бидејќи таму се печати „Вашингтон пост“. Весникот не беше обвинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Парите ќе им се множат до Велигден: четири хороскопски знаци ги очекува финансиски пресврт
Клучните планетарни транзити, како влегувањето на моќниот Сатурн и сонувачкиот Нептун во знакот Овен, создаваат уникатна енергија во која дисциплината се среќава со визијата.
Ова е време кога долгогодишните соништа можат да се материјализираат, а трудот од минатото конечно да се наплати. Според анализите, четири хороскопски знаци влегуваат во фаза на просперитет и изобилство, при што космичките влијанија им носат можност за значителен финансиски подем.
Овен: Време е за храбро лидерство
За овните, 2026 година почнува со силен астролошки поттик. Влегувањето на Сатурн и Нептун во нивниот знак создава моќен импулс за манифестација на богатство, поставувајќи ги во улога на „лидери на промените“.
По години финансиска нестабилност, почнува период на враќање на контролата и сигурноста. Ова не е време за пасивност, туку за преземање иницијатива.
Се отвораат можности за нови одговорности, водење креативни проекти или тргнување по неконвенционални патишта на заработка што може да се покажат исклучително профитабилни.
Клучот е доследноста – започнатите проекти не смеат да се напуштат на половина пат. Токму дисциплината што ја носи Сатурн ќе им донесе најголем финансиски напредок до Велигден.
Бик: Трпението се претвора во опипливо богатство
Биковите, познати по темелноста и трпеливоста, влегуваат во едно од своите најплодни периоди.
Астролозите сметаат дека ова е фаза кога семето посеано во изминатите пет години конечно се претвора во стабилни финансиски резултати.
Силното влијание на Венера, нивната владејачка планета, во комбинација со поволните аспекти на Јупитер, носи награди за долгорочни проекти. Можно е неочекувани деловни понуди, враќање на стари инвестиции или дури наследство.
Советот е да ја поврзат својата наклонетост кон квалитет со системи што овозможуваат можност за раст – наместо наплата по час, да размислуваат за вредносно базирани цени.
Ризиците преземени во овој период, особено во недвижности или долгорочно штедење, може повеќекратно да се исплатат.
Девица: Интуицијата и деталите отвораат врати
За аналитичните девици, периодот до Велигден носи изострување на нивниот најсилен адут – интелектот и интуицијата.
Нивниот владетел Меркур ќе биде во поволна позиција, што ќе им овозможи да препознаат профитабилни можности што другите не ги гледаат.
Ова е период кога нивната способност за решавање комплексни проблеми ќе биде високо ценета и соодветно наградена. Можни се нови деловни соработки или унапредување со значително повисоки приходи.
Најмногу ќе профитираат ако се фокусираат на деталите во договорите и преговорите во февруари и март. Прецизноста ќе им обезбеди стабилен и долгорочен приход.
Советот е да им веруваат на инстинктите, но да ги поткрепат со детална анализа.
Јарец: Жетва на долгогодишниот труд
Ниту еден знак не ја разбира вредноста на дисциплината како јарецот.
2026 година за нив претставува циклус на „заслужена награда“, а периодот до Велигден е врв на тој циклус.
Нивното стратешко планирање и напорна работа од претходните години се материјализираат во конкретни финансиски добивки.
Позицијата на Јупитер укажува на активирање на секторот на кариерата, што може да донесе брз напредок, големи бонуси или успешно лансирање приватен бизнис што долго бил во подготовка.
Астролозите ги советуваат јарците да бидат поодважни во изразувањето на своите финансиски очекувања.
По години тивка упорност, дојде време трудот да биде препознаен и награден.
Забава
(Видео) Вештачки генерирана снимка со Бред Пит и Том Круз предизвика паника и бес во Холивуд
Кинеската компанија „Бајтденс“, сопственик на „ТикТок“, најави дека ќе ги заостри правилата за својата нова алатка за вештачка интелигенција откако корисници почнаа да создаваат пародии на холивудски акциски сцени.
Капката што ја прели чашата беше видео-клип генериран со алатката „Сиденс 2.0“ (Seedance 2.0), кој викендов стана вирален само неколку часа по лансирањето. Во видеото е прикажана сцена на тепачка меѓу ликови што наликуваат на Том Круз и Бред Пит на врв на облакодер.
Во видеото, ликот на Бред Пит вика: „Ти го уби Џефри Епстин, животно. Тој беше добар човек!“ На тоа ликот на Том Круз одговара: „Знаеше премногу за нашите операции во Русија. Мораше да умре – а сега ќе умреш и ти“, пред да го собори Пит на земја, пренесува „Индекс“.
This video of Brad Pitt fighting Tom Cruise and angry about killing Epstein looks completely real. It’s not. It’s AI. ByteDance’s Seedance 2.0 generates this in minutes. Think about what this means for the next election. pic.twitter.com/3FKnpfLtv9
— Alex Grankin (@grankin) February 11, 2026
Бес во Холивуд
Видеото, кое било создадено со едноставно внесување кратка текстуална наредба во алатката, заедно со други содржини – вклучувајќи и преработки на ликови од Дизни и други анимирани франшизи – предизвика бес во Холивуд.
„Дизни“, според „Би-Би-Си“, уште во петокот испратил барање до Бајтденс за прекин на наводно незаконските активности, обвинувајќи ја компанијата дека „Сиденс 2.0“ е снабден со „пиратска библиотека“ на заштитени ликови, вклучувајќи суперхерои од Марвел и франшизата „Војна на ѕвездите“.
„Кинескиот ВИ-сервис „Сиденс 2.0“ се впушти во масовно и неовластено користење на американски дела заштитени со авторски права“, стои во изјавата на Чарлс Ривкиен, претседател на Здружението на филмски студија (Motion Picture Association), кое ги застапува големите продуцентски куќи.
Someone made a video of the entire Marvel universe fighting Tanos’s army in in Seedance 2.0. 🔥
Hollywoods days are numbered pic.twitter.com/KnhQd8GtAe
— Steven (@StevenWallaby) February 14, 2026
„Со лансирањето на услугата без значајни заштитни мерки против кршење на авторските права, Бајтденс го игнорира воспоставениот закон за авторски права што ги штити креаторите и поддржува милиони работни места во САД. „Бајтденс“ треба веднаш да ги прекине активностите што ги кршат авторските права“, се додава во соопштението.
Од Синдикатот на филмски актери (Screen Actors Guild) порачаа дека „Сиденс 2.0“ ги игнорира „законот, етиката, индустриските стандарди и основните принципи на согласност“. „Прекршувањата вклучуваат неовластено користење на гласовите и ликовите на нашите членови“, додаде синдикатот. „Тоа е неприфатливо и ја поткопува можноста човечките таленти да заработуваат за живот.“
marvel its over!
Wolverine vs Thanos (Seedance 2.0) pic.twitter.com/Ym3enAMlVm— anand mekala (@athianandam) February 13, 2026
За контроверзната алатка
„Сиденс 2.0“ сè уште не е интегрирана на ТикТок на начин на кој „Грок“ е интегриран во платформата „Икс“. Достапна е преку други платформи управувани од „Бајтденс“, како „Дуобао“ и „Дримина.
„Бајтденс“ е кинеска компанија со седиште во Пекинг, а американските законодавци ја принудија да го пренесе американското работење во заедничка подружница со кинеско и американско сопствеништво.
Комбинацијата од напредокот на вештачката интелигенција и распространетоста на социјалните мрежи ги затекна регулаторите и владите неподготвени, особено во правни системи кои стравуваат од обвинувања за нарушување на слободата на говорот. Јапонски претставници исто така изразија загриженост поради наглата појава на кратки акциски манга-филмови генерирани со ВИ на социјалните мрежи.
При лансирањето на „Сиденс 2.0“ , Бајтденс се пофали со способноста на алатката да создава сложени сцени со движење. Сепак, сега се чини дека компанијата сфаќа дека можеби отишла предалеку.
„Ги слушнавме загриженостите во врска со „Сиденс 2.0“ , изјави портпарол на компанијата. „Преземаме чекори за зајакнување на постојните заштитни мерки додека работиме на спречување неовластено користење на интелектуалната сопственост и ликовите од страна на корисниците.“
Hitech
ИТ-секторот пред пресврт: Вештачката интелигенција ќе замени половина од софтверот
Повеќе од половина од постоечкиот деловен софтвер би можел да биде заменет со вештачка интелигенција (ВИ), изјави Артур Менш, директор и основач на компанијата „Мистрал АИ“.
Неговите коментари доаѓаат во време на растечка загриженост кај инвеститорите за иднината на софтверските компании, чии акции во последните месеци бележат пад, објави „Си-Ен-Би-Си“.
Стравувањата дека вештачката интелигенција може да ги преземе функциите на постоечките деловни програми веќе доведоа до распродажба на акции на големи софтверски компании.
Инвеститорите се сè позагрижени дека ВИ може да ги извршува задачите за кои денес се користи деловен софтвер, што би можело да ги загрози бизнис-моделите засновани на софтвер како услуга (СааС).
Вредноста на фондот „Ајшерс експендед тех – софрвер сектор“, кој ги вклучува компании како „Мајкрософт“ и „Сејлсфорс“, паднала за повеќе од 20 проценти годинава. Пад бележат и акциите на големите индиски софтверски компании како „Тата Консултанси Сервисис“ и „Инфосис“.
„Проценувам дека повеќе од половина од она што ИТ-секторот моментално го набавува во форма на СааС ќе премине на вештачка интелигенција“, изјави Менш на маргините на самитот „АИ Импакт“ во Њу Делхи. „Вештачката интелигенција ни овозможува да развиваме софтвер со брзина на светлината“, додаде тој.
Менш објасни дека компаниите, со „соодветна инфраструктура“, можат да ги поврзат своите податоци со ВИ-системи и да создадат апликации за специфични деловни задачи.
„Кај нашите клиенти гледаме дека за само неколку дена можеме да создадеме целосно прилагодени апликации за управување со работни процеси, на пример за набавка или синџири на снабдување. Пред пет години за тоа ви беше потребен специјализиран СааС“, истакна тој.
Според него, во тек е „промена на платформите“, при што компаниите се насочуваат кон користење ВИ наместо постојните СааС-решенија.
„За нас тоа е голема можност, бидејќи повеќе од 100 деловни клиенти веќе ни се јавија со желба да го редизајнираат својот ИТ-систем. Сакаат да се ослободат од решенија купени пред 20 години, кои стануваат прескапи“, рече Менш. „Тие ја гледаат вештачката интелигенција како начин системот да стане поефикасен и поевтин.“
Сепак, Менш нагласи дека софтверот наменет за системи за складирање податоци „нема да се промени“, бидејќи тој е одговорен за податоците во организацијата и често функционира во соработка со ВИ.
Слично мислење има и Бипул Синха, директор на компанијата „Рубрик“, кој за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека „софтверот за работни процеси“ може да биде значително нарушен од ВИ, но дека софтверот за податочна инфраструктура што ја овозможува ВИ ќе има корист.
Менш потврди дека компанијата оваа година планира да отвори прва канцеларија во Индија, со што влегува на пазар каде што за удел се натпреваруваат сите глобални технолошки гиганти.
Мистрал веќе соработува со меѓународни компании присутни во Индија, а сега активно бара клиенти со седиште во земјата, и во јавниот и во приватниот сектор.
За разлика од Европа, каде што гради сопствени центри за податоци, во Индија компанијата ќе воспостави партнерства со фирми кои веќе имаат физичка инфраструктура.
Индиската влада го поттикнува развојот на ВИ-модели што можат да работат локално, со податоци складирани во рамки на земјата. Големите јазични модели на „Мистрал“ веќе поддржуваат повеќе индиски јазици, меѓу кои хинди и панџаби.
„Тоа е нешто што долгорочно ќе биде исклучително важно за индискиот потрошувачки пазар“, заклучи Менш.

