Забава
Амбер Херд фрлала шишиња алкохол по Џони Деп и го горела со свеќи
Актерот Џони Деп поднесе нова тужба за клевета против својата поранешна сопруга Амбер Херд во износ од 50 милиони долари. Деп ја обвини Амбер дека ги лажирала повредите и модринките и дека тој бил жртвата во нејзината приказна и сведочење за семејно насилство.
„Ги одбивам обвинувањата на госпоѓица Херд. Ги отфрлив уште во мај 2016 година. Таа успеа да го убеди судот благодарение на лажни фотографии од модринки. Јас имам сведоци и снимки што може да потврдат дека претходно таквите повреди ги немала. Таа беше насилна, а јас жртва“, стои во тужбата на Џони Деп.

Актерот тогаш од судот добил привремена забрана за доближување на неговата сопруга Херд. Деп тврди дека Амбер била насилна кон него и дека често знаела да го удира и во присуство на други луѓе.
„Често ги мешаше амфетамините, лековите со алкохол. Госпоѓица Херд многупати извршуваше насилство над мене, често и во присуство на трети лица. Многупати добивав и тешки повреди. Ме удираше повеќепати и фрлаше со шишиња алкохол. Ме гореше со свеќи“, стои во тужбата, во која пишува дека Амбер му го повредила прстот на Деп кога фрлила шише вотка кон него. Деп во тие моменти барал Амбер да потпише предбрачен договор.
Адвокатот на Амбер го карактеризира овој чин на Џони Деп како теорија на заговор.
Ѕвездата од „Пиратот од Карибите“ и Амбер се запознаа во 2011 година, а се венчаа четири години подоцна. По нејзините обвинувања за малтретирање во 2016 година, целиот свет дозна за насилното однесување на актерот. Една година подоцна законски се разведоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и концертот насловен „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер која ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме подготвувам и едно мало, музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20:00 часот во Филхармонија, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцена. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства кои траат и моменти кои се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Емина Јаховиќ ги расплака посетителите на нејзиниот концерт, а потоа му порача на Ковачевиќ: Ќе мораш да ми го кажеш тоа во лице
Пејачката Емина Јаховиќ синоќа, 18 ноември, го одржа својот втор концерт по ред во Сава Центар во Белград, на кој расплака многумина.
Најемотивниот момент од концертот беше кога Емина на сцената се сети на својот покоен колега Халид Бешлиќ.
Таа го отпеа неговиот хит „Први полљубац“, кој публиката го поздрави со аплауз, а многумина се расплакаа.
По концертот, Емина Јаховиќ даде изјава за медиумите, а новинарите ја прашаа за Саша Ковачевиќ, на што таа рече:
– Никогаш не сум имала ништо лошо во животот со ниту еден од моите колеги, никакви негативни вибрации. Моите колеги се мои пријатели пред сè. Саша и јас имаме безвременска песна. Напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш немавме никакви проблеми, никакви караници, кажување лоши работи еден на друг… – ја започна приказната Емина Јаховиќ, откривајќи дека го поканила на својот прв концерт, но дека тој одбил.
На прашањето што има да одговори на неговиот коментар „дека не е џентлеменски да каже што е проблемот“, Емина му порача дека ќе мора тоа да и го каже во лице.
фото: принтскрин

