Забава
Анистон вежба во 3 часот наутро за да ја одржува витата фигура

Џенифер Анистон се смета за една од најубавите жени во Холивуд и покрај тоа што наполни 53 години.
Ѕвездата на „Пријатели“ се појавува и во филмовите „Објектот на мојата наклонетост“, „Рок-ѕвезда“, „Семоќниот Брус“, „Марли и јас“ и други. Иако е позната по својата глума, таа е добро позната и по добрата исхрана и здравиот начин на живеење.
Џенифер го почнува денот со строга утринска рутина пред да вежба, пренесуваат шоу-биз медиуми, додавајќи дека таа постојано ја усовршува својата рутина за здравје и благосостојба.
Џенифер се фокусира на убавината, исхраната, вежбањето и на менталното здравје, а сето тоа почнува со нејзината утринска рутина во 3 часот наутро, според Women’s Health. Кога се буди наутро, таа го почнува својот ден без мобилен телефон.
„Не гледам во мојот телефон барем првиот час по будењето. Менталната разлика што ја прави негледањето во телефон влијае на целиот ден“, изјави Анистон за „Вог“ во една пригода.
Веднаш штом ќе стане, пие кафе и почнува со медитација, пишува дневник и вежба пред да се впушти во дневните активности.
Според Prevention, Анистон исто така ја прави својата рутина за нега на кожата, која вклучува хидратантен крем и заштитен фактор за да ја одржува кожата младешка и здрава.
Таа во неколку пригоди нагласи дека рутината за вежбање ѝ станала важна основа во животот.
Некои таблоиди тврдат дека Џенифер вежба до седум дена во неделата, што изгледа претерано. Дури и на ѕвездите им требаат денови за одмор. Сесиите траат до еден и пол час и варираат во интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Светот зборува за новата холивудска романса помеѓу Остин Батлер и Зои Кравиц: тие сè уште мудро молчат…

Актерката Зои Кравиц и актерот Остин Батлер беа фотографирани заедно во Њујорк, каде, според медиумските извештаи, уживале во заеднички викенд.
Како што посочија неколку извори, актерите присуствувале на претставата „Viola’s Room“, а потоа „побегнале“ од очите на јавноста.
Двојката предизвика гласини за потенцијална романса на почетокот на април оваа година. Дури и некои извори блиски до актерите коментирале за нивната врска.
Zoe Kravitz, Austin Butler spotted out together at immersive NYC show after sparking romance rumors https://t.co/10UpuJSc7a pic.twitter.com/2f0WZPMGry
— Page Six (@PageSix) July 20, 2025
„Тие се сложуваат добро, а хемијата меѓу нив е подеднакво добра и зад камерата и пред неа“, вели изворот.
Врската на Остин и Зои доаѓа како мало освежување, бидејќи актерите претходно беа во долги врски.
Додека Батлер беше лудо заљубен во манекенката Каја Гербер, ќерка на поранешната топ-моделка Синди Крафорд, Зои беше верена со холивудскиот згоден актер Ченинг Тејтум.
Двајцата ја раскинаа свршувачката минатата година.
Фото: принтскрин
Забава
Грешки поради кои вашиот домашен сладолед е неуспешен

Кога правите домашен сладолед, клучот е да избегнете пет вообичаени грешки што го прават неуспешен.
1. Формирање на ледени кристали
Ледените кристали се формираат кога молекулите на водата во смесата полека замрзнуваат, дозволувајќи да растат поголеми кристали. За да спречите формирање кристали, користете стабилизатори како што е 1/4 лажичка желатин.
2. Сладоледот е тврд како карпа
Ова се случува кога има премногу вода или нема доволно масти и шеќер за да се намали точката на замрзнување.Решението е да додадете 1-2 лажици алкохол (како вотка или рум) на 500 мл база за да се намали точката на замрзнување или да ја зголемите содржината на масти со користење на повеќе крем или жолчки од јајца, за да создадете помека текстура.
3. Мек и премногу течен сладолед
Ова може да се должи на недоволно време на замрзнување, премногу шеќер или премногу алкохол во смесата.Решението е основата да се олади на најмалку 4°C пред мешањето и машината за сладолед да се постави на соодветна температура за мешање. Доколку е потребно, намалете ја содржината на шеќер за 10-20%.
4. Коагулирана основа
Ова се случува кога јајцата се загреваат пребрзо или на превисока температура, што предизвикува нерамномерно згрутчување. Решението е да ја загреете смесата на тивок оган и постојано да мешате. Ако се згрутчи, брзо процедете ја смесата и веднаш ставете ја во фрижидер.
5. Нерамномерна распределба на смесата
Ако парчињата чоколадо, јаткасти плодови или овошје не се рамномерно распределени во сладоледот, причината е што се додадени прерано во процесот на матење или кога се премногу тешки за основата на сладоледот.Решението е да ги додадете тие состојки во последните неколку минути од мешањето за да бидете сигурни дека се добро соединети без да потонат на дното.
Забава
(Фото) Партнерката на Роналдо повторно критикувана

Георгина Родригез, партнерка на фудбалерот Кристијано Роналдо, повторно најде начин да биде во центарот на вниманието на медиумите – но не на позитивен начин.
Имено, пред неколку дена таа објави компилација од фотографии од католички верски објект во Португалија на „Инстаграм“, а нејзината облека наиде на критики од јавноста.
Фаталната бринета, која често не се грижи за кодексот на облекување, овој пат одлучи да ги разбранува мрежите. За посета на црквата таа одлучи да облече бел фустан со цветни мотиви.
View this post on Instagram
Целиот изглед го надополни со кожнеа чанта „биркин“ и дискретни додатоци. Составен дел од комбинацијата беше шапката, што предизвика дискусија на „Инстаграм“.
Додека некои коментираа дека изгледа совршено и во согласност со актуелните модни трендови, имаше и такви (повеќето од нив) што ја критикуваа. Судејќи според коментарите, носењето шапка во религиозен објект е одраз на непочитување кон него.
Фото: принтскрин