Забава
Анџела Басет не ракоплеска на „Оскарот“ за Џејми Ли Кертис
Џејми Ли Кертис предизвика гласни овации од публиката во театарот „Долби“ кога го освои својот прв „Оскар“ – и сите беа воодушевени, освен Анџела Басет.
На синоќешното доделување на наградите во Лос Анџелес публиката почна гласно да аплаудира кога Џејми беше прогласена за победник во категоријата најдобра актерка во споредна улога за филмот Сè секаде одеднаш“. Сите, освен Анџела Басет и нејзиниот сопруг.
Анџела не ни стана кога Џејми излезе на сцената, а нејзината постапка налути многумина.

Таа беше номинирани во истата категорија за својата улога во „Црн пантер: Ваканда засекогаш“.
Кога беше објавено дека Кертис победи, Басет се чинеше најмалку воодушевена – и, како што се гледа во телевизиската емисија на Еј-би-си, дури и не стана да ракоплеска додека седи во првиот ред.
На социјалните мрежи се прошири реакцијата на Анџела откога нејзината колешка Џејми ја доби статуетката за најдобра споредна женска улога, категорија во која беше номинирана и Анџела.

Некои корисници на „Твитер“ беа разочарани кога ја видоа ѕвездата на „Црниот пантер“ како седи среде аплаузите за Кертис.
„Реакцијата на Анџела Басет ме боли“, твитна еден корисник.
„Без разлика кој го добил тој ‘Оскар’… Анџела Басет можеше да ракоплеска за победникот. Само да седите таму и да не ракоплескате затоа што не сте победиле…“
„Жал ми е, но Џејми Ли Кертис го заслужи ова“, „Анџела беше толку груба. Џејми е на сцената од 70-тите. Мислам дека е време да добие ‘Оскар’“, „Сите сакаат да победат, но тоа не се остварува секогаш. Лутината му штети на изгледот“, „Анџела Басет не реагира ни кога ја прочитаа Џејми“, „Па што не е во ред со неа? Можеби тоа беше разочарување, а можеби беше шок“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Малкумина сметаат дека Басет реагирала сосема нормално.
„Нека покаже емоции. Сигурен сум дека секој човек би ја имал истата реакција кога ќе пропушти награда или која било друга можност во животот“, е еден од коментарите на „Твитер“.

Инаку, покрај Џејми и Анџела, во категоријата најдобра споредна женска улога беа номинирани и Стефани Хсу, Кери Кондон и Хонг Чау.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

