Забава
Ар Кели, наводно, понудил 1 милион долари за враќање на снимка со детска порнографија
Раперот Ар Кели понудил 1 милион долари за враќање на снимка со детска порнографија.
Обвинителите на судењето на посрамотениот аренби пејач во Чикаго презентираа докази за очигледната понуда, за која тие тврдат дека се случила во 2000 година. Тие тврдат дека на снимката се гледа дека Кели (55) сексуално злоупотребува 14-годишно девојче.
Кели се соочува со неколку обвиненија, вклучително и продукција на детска порнографија и местење на неговото судење за детска порнографија во 2008 година со закани на сведоци и настојување да ги скрие видеодоказите.
Неговиот поранешен агент за продажба, Чарлс Фримен, сведочеше за тоа како Кели контактирал со него во 2001 година за да му даде инструкции да ја пронајде снимката.
Фримен (52) од Канзас Сити, додаде дека со години вршел притисок врз Кели и неговите соработници да му ја платат ветената сума од 1 милион долари откако ја пронашол и ја вратил лентата.
Тој им кажа на поротниците дека не ја знаел содржината на видеото, кое го нашол во приватна куќа во Атланта во 2001 година, сè додека подоцна истиот ден не го ставил во VHS плеер во домот на пријател.
Фримен пред поротата ја опиша содржината: „На снимката се гледа како Роберт Кели има секс со една млада дама“.
Кога обвинителот го праша Фримен – кој сведочеше согласно договорот за имунитет – зошто му беа потребни речиси 20 години да ја предаде лентата и другите снимки од детска порнографија поврзани со Кели, Фримен одговори: „Бидејќи полицијата немаше да ми плати милион долари.“

Фримен призна дека бил да го гледа Кели на концерти за да си ги бара парите за враќање на снимката и му се заканил дека ќе излезе во јавност со она што го знае и ќе поднесе тужба против него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

