Забава
Оливија Вајлд: Документите за старателство ми ги доставија на сцена
Оливија Вајлд смета дека тоа што ѝ биле врачени документи за старателство над децата додека го промовирала својот нов филм е „злобен“ потег.
38-годишната актерка го промовираше новиот психолошки трилер „Не грижи се, драга“ во Лас Вегас во април, и беше на сцената кога ѝ беше врачен ковертот.
Холивудската ѕвезда – која ги има Отис (8) и Дејзи (5) со нејзиниот поранешен свршеник Џејсон Судеикис Џејсон – сподели: „Тоа беше моето работно место. На кое било друго работно место, тоа ќе се смета за напад. Беше навистина вознемирувачко. Вакви нешта не би требало да се случуваат.“
„Имаше огромен пропуст во безбедноста, што е навистина страшно.“
„Пречките низ кои требаше да поминете за да влезете во таа просторија: неопходни беџови, тестовите за ковид што требаше да се направат неколку дена однапред, белезици…сите неопходни мерки за да добиете пристап до настанот – сето ова бараше предумисла“.
Оливија, која го режира Don’t Worry Darling, е лута што инцидентот од висок профил успеа да го засени филмот.
Актерката која стана режисерка се сврши со Џејсон во 2013 година. Во интервју за „Вараети“ таа рече: „Мразев што оваа гадост го одвлече вниманието од работата на толку многу различни луѓе и студиото што јас го претставував таму.“
Во меѓувреме, Џејсон претходно ги негираше наводите дека точно знаел каде и кога на неговата поранешна партнерка ќе ѝ бидат врачени документите за старателство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.