Забава
Астрофизичар кој соработувал со Пентагон: Најдовме остатоци од летало, кои сигурно не се од Земјата
Пентагон сè уште има тајна единица за испитување неидентификувани летачки објекти (НЛО), а набргу ќе мора да го објави она што го откриле во нивните истражувања, пишува „Њујорк тајмс“ во ексклузивен извештај.
Иако Пентагон тврдеше дека ја укинал својата тајна програма за истражување НЛО уште во 2012 година, се чини дека програмата била само преместена и преименувана. Самото постоење на напредната програма за идентификација на воздушно-веселенски закани беше откриено токму од „Њујорк тајмс“ во 2017 година, пет години откако наводно оваа програма била прекината. Програмата била иницирана во 2007 година, а еден од нејзините главни иницијатори бил тогашниот претседател на Сенатот, Хари Рид.
Она што е особено интересно е дека дел од истражувањата во рамките на оваа програма ќе треба да биде објавено во рок од 180 дена од донесувањето на законот за авторизација на разузнавачките податоци.
И додека некои лица вклучени во програмата се надеваат дека ќе се обелоденат докази за вонземјански летала за кои се шпекулира со децении, главниот фокус е сè уште на тоа дали станува збор за напредна технологија од ривалски воени сили, пишува „Њујорк тајмс“.
Сенаторот Марко Рубио, претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот, коментира за Си-би-ес дека е особено загрижен за НЛО, кои се забележани како летаат над воените бази на САД – особено поради можноста Русија или Кина да направиле некаков технолошки скок што им дозволува таков вид активност…
„Можеби има некое здодевно објаснување за тоа. Но, ние мора да откриеме“, додаде Рубио, инаку познат како јастреб меѓу американските пратеници, односно застапник за воени интервенции и одржување на американската воена супериорност во светот.
Меѓутоа, поранешниот директор на програмата за НЛО и поранешен службеник во военото разузнавање, Луис Елизондо, потврди дека тој и неколку други поранешни владини функционери и научници веруваат оти објекти чие потекло не може да се утврди навистина паднале на Земјата, а додаде и дека нивните остатоци биле однесени на анализа.
Елизондо, кој поднел оставка во 2017 година, по 10 години на чело на програмата за НЛО, смета дека програмата повеќе нема да се крие во сенка и дека ќе добие нова транспарентност.
Ерик В. Дејвис, астрофизичар, кој работел како консултант за програмата за НЛО на Пентагон од 2007 година, тврди дека анализата на некои од пронајдените материјали не успеала да го идентификува нивниот извор.
„Такво нешто е невозможно сами да направиме“, вели Дејвис во однос на откриени остатоци од вселенско летало, притоа мислејќи на човештвото во целина.
Теориите за НЛО, кои досега претежно спаѓаа во областа на алтернативни и псевдонаучни истражувања, добија нов момент и внимание во јавноста откога Пентагон пред неколку месеци официјално објави неколку снимки од блиски средби на американски воени авиони со НЛО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Чизмите чинат 85.000 долари и се толку ретки што не можете да ги купите
Фарел Вилијамс, креативен директор на Louis Vuitton, навистина отиде чекор понатаму кога станува збор за иновативни пристапи кон модните трендови.
Откако неговата чанта „Lobster“ за мажи (чанта во форма на јастог) предизвика вистинска возбуда меѓу модните критичари на почетокот на јуни оваа година, тој одлучи на уште едно модно парче да му го даде познатиот Louis Vuitton печат.
Во соработка со брендот за обувки „Timberland“, тој дизајнираше модел на чизми што чини 85.000 долари (околу 74.000 евра) и е украсен со детали од 18-каратно злато, пишува wwd.com
Според достапните информации, ова е ограничено издание, што значи дека само 50 пара чизми Louis Vuitton X Timberland биле произведени за продажба.
фото: принтскрин
Забава
До самиот крај: хороскопски знаци кои не се откажуваат толку лесно од љубовта
Има луѓе кои ќе си заминат кога работите ќе се отежнат, но има и такви кои ќе останат до самиот крај. Бикот, Ракот и Јарецот спаѓаат во втората категорија.
Овие хороскопски знаци остануваат до крајот. За нив, љубовта не е минлива емоција, туку основа на животот.
Бик
Биковите веруваат во сигурност и стабилност. Кога сакаат, вложуваат сè – време, труд, емоции. Затоа тешко се откажуваат. Веруваат дека предизвиците се дел од секоја врска и се подготвени да се борат.
Меѓутоа, ако некој ги изневери, тоа станува точка од која нема враќање. Бикот потоа престанува да се обидува затоа што знае колку дал.
Рак
Раковите не се откажуваат затоа што за нив љубовта значи поврзување на најдлабоко ниво. Нивната лојалност и емпатија ги прават партнер кој се обидува да разбере и да прости.
Раковите можат да трпат многу, но кога ќе одлучат да си заминат, тоа не е поради недостаток на љубов, туку поради сопствената безбедност.
Јарец
Јарецот гради врски со намера да траат. Тие знаат дека ниедна врска не е совршена и сериозно пристапуваат кон љубовта. Неговото трпение и посветеност понекогаш може да изгледаат ладно, но под површината лежи силно верување дека она што е важно вреди да се работи за него.
За овие знаци, љубовта е избор, а не само чувство. И кога ќе изберат да останат, тоа не е слабост, туку сила.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По фијаското со серијата, таа продолжи да го прави тоа што најдобро го знае – да привлекува внимание со разголените изданија
По фијаското со серијата „All’s Fair“, во која таа ја игра главната улога, Ким Кардашијан продолжи со своите секојдневни активности и ноќен живот.
Неодамна беше фотографирана во Лос Анџелес каде, според извештаите на странските медиуми, присуствувала на роденденската забава на нејзината пријателка и фотографка Петра Колинс.
Kim Kardashian stepped out in LA for the birthday celebration of her friend and photographer, Petra Collins dressed in DILARA FINDIKOGLU FW25 and MANOLO BLAHNIK safety pins shoes.
Styled by Dani Levi.
📸: Backgrid pic.twitter.com/NRmxCb8io1— StyleStars (@style_starss) November 22, 2025
За оваа посебна пригода, таа одлучи да облече бел фустан кој ја следи линијата на телото, а го носи потписот на турската дизајнерка Дилара Финдикоглу.
Креацијата е дел од есенската колекција за 2025 година, а е украсена со длабоко деколте и интересни детали – безопасни иглички.
Стајлингот го надополни со иконските сандали „safety pins“ од Маноло Бланик кои ја издолжуваат женската фигура.
#KimKardashian Brings Wet-Hair Glam and a Shimmering Gown to Petra Collins' L.A. Party 21.11.2025 X14https://t.co/OHD78KvqAA pic.twitter.com/zTK8keHChi
— HQCelebCorner (@Pawe66862800) November 22, 2025
Што се однесува до остатокот од изданието, таа се одлучи за шминка во „природни“ тонови, како и за таканаречената влажна фризура која едно време ги зафати модните писти, но и улиците на големите метрополи.
фото: принтскрин

