Забава
Бенедикт Камбербач сакал да биде во изолација во Нов Зеланд

Бенедикт Камбербач откри дека уживал додека бил во самоизолација.
45-годишниот актер, кој има три деца Кристофер (6), Хал (4) и Фин (3) со сопругата Софи Хантер, беше на снимање на вестерн драмата на „Нетфликс“, „Моќта на кучето“, во Нов Зеланд кога беа воведени ограничувања за движење со цел да се запре ширењето на Ковид-19.
Актерот се радувал што може да поминува време со своето семејство додека учел нови вештини за филмот.
„Го сакав локдаунот. Бев со сопругата и децата. Мајка ми и татко ми дојдоа на тринеделна посета за да го видат нивното момче како јава коњ и одгледува добиток. И останаа пет месеци! Бевме многу среќни. Далеку од дома, но најдовме нов дом“, изјави Бенедикт за американското издание на „ОК!“.
Ѕвездата на „Шерлок“ ја презеде улогата на нестабилен сопственик на ранч во „Моќта на кучето“, филм заснован на романот од Томас Севиџ од 1967 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.
Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.
Забава
Три хороскопски знаци кои освојуваат со шарм

Симпатичноста е квалитет што веднаш привлекува – топлина, шарм и лесно склопување пријателства. Според астролозите, овие три знаци се издвојуваат како најпривлечни по својата природна ведрина:
Близнаци
Друштвени и духовити, лесно ja разгоруваат атмосферата и со своите приказни веднаш освојуваат симпатии.
Вага
Зрачат со љубезност и склад, секогаш се трудат сите да се чувствуваат пријатно, што ги прави омилени во секое друштво.
Риби
Нежни и сочувствителни, со искрена грижа и емпатија прават луѓето околу нив да се чувствуваат прифатено и сакано.