Забава
Бен Афлек со години е вљубен во Џесика Алба: „Тој се интересира за неа 20 години“

По неодамнешниот развод со Џенифер Лопез, Бен Афлек наводно се насочил кон познатата актерка Џесика Алба, која исто така неодамна се раздели по 17 години брак.
Извори за странските медиуми изјавија дека актерот долго време бил вљубен во Алба. „Добро чувана тајна е дека Бен Афлек бил вљубен во Џесика Алба пред многу години“, рекле тие и додале: „Тој се интересира за неа речиси 20 години. Сепак, нивните патишта никогаш не се вкрстиле. До сега. Тие имаат силна врска и секогаш кога поминувале време заедно во минатото, хемијата меѓу нив се разбранувала“.
„Бидејќи и двајцата сега се сингл и нивните деца се пораснати, изгледа дека е совршено време нивната врска да процвета“, заклучил изворот.
Раскинувањето на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи пред повеќе од шест месеци, а оттогаш Афлек се поврзува и со Кик Кенеди, ќерката на Роберт Кенеди Јуниор, но таа гласина набрзо беше демантирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Иако сите велат дека е ужасно, доаѓа втора сезона од шоуто на Меган Маркл

Меган Маркл доби втора сезона од нејзиното шоу за готвење и начин на живот With Love, Meghan. Снимањето е веќе завршено, а се очекуваат новите епизоди да пристигнат на Нетфликс оваа есен. Оваа вест изненади многумина бидејќи серијата доби слаба оценка и бројни негативни критики.
„Ова може да биде изненадување, но едно нешто што Нетфликс го сака е контроверзноста – и оваа серија секако предизвика многу дебати. Многумина беа толку груби за серијата на Меган што мислеа дека нема шанси да добие уште една сезона“, изјави добро информиран извор за „Сан“.
Оценките за сериите на Меган засега не се големи. Серијата е оценета со 2,4 од 10 на IMDb, а има оценка од 33% на Rotten Tomatoes. Британските медиуми особено го критикуваа шоуто. Независната критичарка Кејти Росеински му даде на шоуто една ѕвезда од можни пет. Таа го нарече шоуто „измачувачко и исцрпувачко“.
И покрај лошите критики на IMDb и Rotten Tomatoes, гледачите на Икс пишуваат главно позитивни коментари за шоуто. „Со љубовта, Меган е совршеното мало бегство од превирањата што се случуваат во светот. Браво, Меган“, „Го гледам шоуто, каков прекрасен живот има“, „Таа е толку шармантна и елегантна“, се некои од коментарите.
Забава
(Видео) Дензел Вашингтон кон жената која го моли за помош: „Зошто плачеш? Јас сум човек како тебе“

Познатиот актер Дензел Вашингтон стана хит на интернет откако се појави видео на кое тој се среќава со жена која бара совет од него.
Во видео кое кружи на социјалните мрежи, жена му приоѓа на Дензел, кој во тој момент влегува во њујоршкиот театар. Таа го прашува дали има совет за актери кои не можат да најдат работа. Дензел ја поканува да дојде во театарот со него и ја замолува да го спушти телефонот. После тоа видеото престанува.
Во вториот дел од видеото, Дензел ја прегрнува истата расплакана жена и вели: „Зошто плачеш? Јас сум обичен човек како тебе“.
This woman was following a busy Denzel Washington, complaining about how hard it is to get acting jobs. So, Denzel invited her inside 🙌🏽 pic.twitter.com/ugocVAOfc2
— FearBuck (@FearedBuck) March 4, 2025
„Каков човек“, „Затоа го сакам“, пишуваат воодушевените обожавателите на Дензел, иако сè уште не е јасно што точно излезе од неговиот разговор со жената.
Ова не е прв пат Дензел да дава совети. Неодамна му дал совет и на едно момче од Лондон: „Не можеш да научиш да глумиш онлајн. Мораш да излезеш на сцена. Најди мал театар. Оттаму јас почнав. Ако го сакаш тоа што го имам, направи го тоа што го направив”.
На крајот од разговорот познатиот актер му рекол „Се гледаме на работа“.
Забава
(Фото) Георгина Родригез го привлече вниманието со своето издание на модна ревија во Париз

Георгина Родригез, партнерка на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се појави на модна ревија во Париз во саботата во провокативна облека која привлече внимание.
Ревијата на белгискиот дизајнер Лудовик де Сент Сернин се одржа во рамките на Париската модна недела, а 31-годишната Георгина се појави во кафеав кожен корсет со длабоко деколте.
Комбинацијата ја комплетираше со црно кожено здолниште, високи чизми и кожна јакна, а во таа прилика насмеана им позираше на фотографите.