Забава
Бен Афлек ја заштити Џенифер од човек што премногу ѝ се доближил

Таблоидите пишуваат за мал инцидент на меѓународниот аеродром „Марко Поло“ во Венеција, каде што агресивен фан на Џенифер Лопез го заобиколил обезбедувањето во обид да направи селфи со неа.
Човекот без заштитна маска за лице, кој очигледно не ги почитувал правилата, премногу ѝ се приближил на Џенифер, но Бен веднаш застанал да ја одбрани.
На фотографиите од инцидентот се гледа како актерот веднаш го оттурнал човекот за да ја заштити својата партнерка, а потоа оставил обезбедувањето да си ја заврши својата работа.
Пејачката и актерка (52) се повлекува назад зад Бен, додека тој реагира да ја заштити пред нивниот телохранител да дојде поблиску.
По интервенција на обезбедувањето, кое го фатило агресивниот фан за зглобовите на рацете и го одтурнало подалеку од Џенифер и Бен, тие продолжиле да се пробиваат низ аеродромот избегнувајќи контакт со очите со минувачите.
Инцидентот се случи само еден ден откако славниот пар првпат официјално се појави заедно на свечена церемонија на филсмиот фестивал во Венеција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Александра Пријовиќ уживаше во Дизниленд со семејството, го покажа својот труднички стомак

Александра Пријовиќ ги објави првите фотографии на кои го покажува своето трудничко стомаче, а со семејството го посети и Дизниленд.
По успешната турнеја, пејачката се повлече во Мајами, каде, како што се шпекулираше, ќе ја помине бременоста. Александра на својот Инстаграм профил објави фотографии од семејното патување во Дизниленд, каде што уживаше со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Александра.
Фановите беа особено трогнати од првата фотографија, на која нејзиниот мал син го бакнува нејзиниот труднички стомак, додека Александра носи препознатливи уши како на Мики Маус. Познато е дека пејачката очекува девојче, кое треба да се роди ова лето.
Забава
Еден хороскопски знак го очекува 20 години непрекината среќа: ги остварува своите најдлабоки желби

Една од најпознатите руски астролози, Василиса Володина, направила пророштво кое ветува 20 години непрекината среќа за еден хороскопски знак.
Овој знак, според неа, го напушта минатото, со сите негови грешки и неуспеси, и влегува во ера на сеопфатен успех на сите полиња.
За кого доаѓа среќата? За Биковите!
Според Володина, Бикот ќе биде како магнет за среќа во наредниот период, привлекувајќи го кон себе со сета своја сила. Клучната поддршка доаѓа од лице со авторитет, кое ќе им помогне да го достигнат врвот.
Покрај тоа, финансиските околности ќе бидат исклучително поволни за нив, отворајќи им го патот кон богатство на различни начини.
Оваа среќа ќе им овозможи на Биковите да ги остварат своите најдлабоки желби, отворајќи го патот кон соништата што можеби ги сметале за недостижни.
Среќата и успехот се на нивна страна, но клучно е да ги препознаат, прифатат и искористат можностите што им се појавуваат.
Понатаму, Володина нагласува дека, покрај постигнувањето материјална благосостојба, Биковите ќе се развиваат духовно и емоционално, што дополнително ќе го збогати нивниот живот. Таа ја нагласува важноста на рамнотежата помеѓу духовните и материјалните вредности за долгорочна среќа.
Забава
Новата фотографија од Шарлот ги воодушеви фановите: „Иста како татко и, копија на Вилијам“

За да го одбележат 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, принцот и принцезата од Велс објавија нова фотографија од неа. Фотографијата ја направила Кејт претходно оваа година. Објавена е на социјалните мрежи на нејзините родители со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.
Многу луѓе забележале во коментарите на социјалните мрежи колку принцезата Шарлот наликува на својот татко, принцот Вилијам.
Објавата брзо собра илјадници лајкови и реакции, и коментари како: „Принцезата Шарлот е копија на принцот Вилијам“, „Шарлот многу личи на Вилијам на оваа фотографија“, „Иста како татко и – таа изгледа исто како него“.