Забава
Бијонсе во својот нов албум пее за неверството на Џеј Зи
Поп-дивата Бијонсе го објави седмиот студиски албум Renaissance два дена пред планираниот датум. Во серија песни, популарната пејачка ја споменува својата 21-годишиот однос со сопругот и рапер Џеј Зи, и пее дека „никој не е совршен“ и дека „не им треба прифаќање од светот“.
Музичката ѕвезда првпат јавно проговори за неверството на својот сопруг во нејзиниот визуелен албум Lemonade од 2016 година, нарекувајќи ја другата жена „Беки со добра коса“. Следната година Џеј Зи се осврна на скандалот, тврдејќи дека неговиот начин на преживување резултирал со емоционално затворање и на крајот, неверство.
„Не мора светот да нè прифати. Престроги се кон мене, тие се престроги кон тебе“, Бијонсе пее во Plastic on the Sofa за постојаното медиумско внимание на однос меѓу неа и Џеј Зи.
„Знам дека не можеш а да не бидеш таков каков што си покрај мене и знам дека никој не е совршен, па ќе ти дозволам да бидеш“, продолжува тaa во песната, пишува „Дејли мејл“.
Очигледно пејачката е убедена дека Џеј Зи нема да го повтори своето проблематично однесување, па пее: „Јас сум број еден, јас сум единствена“.
„Албумот процури и сите вие всушност го чекавте вистинското време на издавање за да можете сите заедно да уживате во него. Никогаш не сум видела нешто слично“, напиша Бијонсе на својот Инстаграм-профил.
Renaissance е првиот соло албум на оваа популарна пејачка по шест години, од објавувањето на Lemonade во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.
Забава
Интензитет, страст и самодоверба: Кои хороскопски знаци имаат најсилно либидо
Според астрологијата, страста и сексуалната енергија се поврзани со инстинктот, самодовербата и односот кон емоциите и телото. Постојат хороскопски знаци кај кои либидото е поизразено и силно поврзано со личноста.
Шкорпија
Луѓето родени во овој знак се познати по силна сексуална енергија и длабока страст, поврзана со емоции и интензитет. Нивната привлечност често е мистериозна, а желбата долготрајна.
Овен
Кај Овните страста е импулсивна и директна. Либидото е поврзано со енергијата, натпреварувачкиот дух и потребата за освојување, што ги прави исклучително страсни.
Лав
Лавовите ја поврзуваат страста со чувството на посакуваност и самодоверба. Нивното силно либидо произлегува од харизмата и потребата да бидат ценети и обожавани.
pexels

