Забава
Бијонсе го прослави својот 43. роденден
Aмериканската пејачка, актерка, текстописец и претприемач Бијонсе го прослави својот 43-ти роденден. Таа е родена во Хјустон во семејството на фризерката Тина Лосон и менаџерот за продажба, Метју Ноулс. Бијонсе има и помлада сестра Соланж, со која е многу блиска.
На само седум години, во основното училиште, Бијонсе почнала да посетува часови по балет и џез и танц и токму таму се заљубила во музиката. Нејзиниот талент за пеење го открил инструктор по танц, кој бил воодушевен кога девојката ја завршила песната што тој почнал да ја пее на многу висока нота.
Таа беше многу срамежлива и молчалива девојка, со комплекси поради својот изглед. Иако не сакала да зборува за тоа, позната е приказната дека други ученици ѝ ставале печива на главата исмејувајќи ги нејзините големи уши. Решила да го бара спасот во музиката, а штом се качила на сцената на училиштен натпревар и победила со изведбата на песната Imagine на Џон Ленон, сфатила што сака да прави во животот.
Таа продолжи да пее на натпревари за таленти и победи на натпревар во пеење во конкуренција со девојчиња на возраст од 15-16 години. Кога имала осум години, сега познатата пејачка со своите пријатели го основала бендот Girl’s Tyme. Со нив победи на многубројни натпревари.
„Вежбавме во задниот дел од фризерскиот салон на мајка ми. Се сеќавам дека уште тогаш бев перфекционист, па му реков на татко ми дека сакам да ги усовршам чекорите и да танцувам како Џенет Џексон или Мајкл Џексон“, рекла еднаш Бијонсе. Девојките набргу потпишаа договор со „Колумбија рекордс“ и го променија своето име во Destiny’s Child во 1996 година. Следуваа многубројни хитови, но и награди.
„Тој успех те прави смирен. Бевме толку млади и успеавме да направиме толку многу. Бевме посветени на она што го правиме, но бевме и многу гладни за успех. Уште на девет години знаевме што сакаме и каде одевме, тоа е фантастично“, рече таа за странските медиуми.
Таа се прослави во доцните деведесетти како водечка пејачка на R&B групата Destiny’s Child. Бендот се распадна во 2006 година кога пејачката почна соло кариера.
Бијонсе го собори рекордот на Греми наградите во 2023 година за најмногу освоени награди во кариерата, но повторно загуби во категоријата престижен албум на годината од британскиот пејач Хари Стајлс. Бијонсе има освоено четири „Греми“, вклучувајќи го и најдобриот денс/електронски албум, со што вкупно во нејзината кариера достигна 32. И покрај нејзиниот успех во текот на годините, Бијонсе никогаш не ја освоила наградата за најдобар албум.
Пред две години таа го прослави својот 41. роденден со семејството во Хрватска. Првпат се снимени на јахта кај Цавтат. Тие биле во друштво на човек што личи на телохранителот на Јулиус де Бур, кој претходните години бил со нив во Хрватска.
Парот е снимен и во близина на Корчула, а фотографите ги уловија и додека оделе на вечера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога и зошто почнала традицијата на славење на Новата година
Милиони луѓе од целиот светот ја пречекуваат Новата година како симбол на нов почеток и надеж за подобри денови. Но, обичајот на новогодишно славење има длабоки историски корени.
Новата година го означува почетокот на нов временски циклус, а во повеќето култури тој почнува на 1 јануари, според грегоријанскиот календар. Овој датум, сепак, не бил отсекогаш прифатен.
Најстарите траги од новогодишна прослава потекнуваат од Месопотамија, каде што пред повеќе од 2.000 години Новата година се славела на почетокот на март во согласност со природните циклуси и земјоделските работи. И Кинезите се меѓу првите народи што го одбележувале овој ден, при што празникот бил поврзан и со размена на подароци.
Во антички Рим, иако јануари бил воведен уште во 700 година пр. н.е., Новата година долго време се славела на 1 март. Промената дошла во 153 година пр. н.е. кога јануари станал почеток на граѓанската година. Конечно, во 46 година пр. н.е. Јулиј Цезар со новиот соларен календар законски го утврдил 1 јануари како официјален почеток на годината.
Оттогаш овој датум постепено станал прифатен во поголемиот дел од светот како симболичен почеток на новата година.
Фото: pexels
Забава
Од луд провод до тивка вечер дома: што вели хороскопот за новогодишната ноќ
Дали Новата година ќе ја дочекаш на луда журка, во ексклузивен ресторан или мирно дома со најблиските? Астрологијата открива како секој хороскопски знак најмногу сака да се забавува во најдолгата ноќ во годината – од разузданите Овни до мирните Ракови.
Овен – сака луд, разуздан помин и журки до зори, често со многу алкохол.
Бик – ужива во гурмански дочек, во ресторан или дома со блиските.
Близнаци – секоја година избираат нешто поинакво; патувања, големи прослави или дочек на улица.
Рак – најсреќен е дома, со семејството, добра храна и мирна атмосфера.
Лав – се подготвува со месеци и избира ексклузивен дочек; важно му е да биде забележан и да не биде сам на полноќ.
Девица – избегнува гужви и бучни забави, преферира тивок дочек дома со мал круг луѓе.
Вага – сака „ин“ места, дотерување и внимание; често ја дочекува Новата година во прегратка.
Шкорпија – поделени се; младите сакаат забава, постарите мирен дочек дома.
Стрелец – најчесто патува, но се забавува секаде каде и да е.
Јарец – не е љубител на гласни прослави; Новата година ја дочекува скромно, најчесто дома.
Водолија – обожава забави, клубови и дружење со нови луѓе; останување дома не доаѓа предвид.
Риби – најважно им е друштвото; сакаат домашен дочек, но знаат и да претераат со алкохол.
Забава
Зошто кафето не е решение за мамурлак и што да пиете наместо тоа
Дочекот на Новата година за некои значи и повеќе алкохол, а тоа може да резултира со мамурлак – главоболка, мачнина и вртоглавица, пишува Express.co.uk.
Според лекарите, се препорачува добра хидратација пред, за време и по консумирање алкохол, како и внес на електролити – преку напитоци или таблети, најдобро пред спиење.
Експертите предупредуваат дека кафето не помага, туку може дополнително да ја влоши дехидрацијата. Наместо тоа, се советува вода или електролитни напитоци, особено ако има мачнина или вртоглавица.
Електролитите може да се надоместат и преку исхраната – со храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, компири.
Покрај тоа, важен дел од закрепнувањето е одморот. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па експертите советуваат да се престане со пиење порано навечер за телото да има време да го преработи алкохолот и да се обезбеди подобар сон.
Фото: pexels

