Забава
„Блекпинк“ за документарецот: Ја покажавме нашата поискрена страна
„Ох, боже, ќе заплачам“, вели Роуз Парк од „Блекпинк“ во инсерт од новиот документарен филм, храбро обидувајќи се да се насмее низ солзи.
Нејзиниот глас затреперува додека се сеќава како во 2012 година го напуштила семејството во Австралија за да го оствари својот К-поп сон. Во тоа време имала само 15 години. Пред тоа, најдолго време што некогаш го поминала надвор од дома било две недели.
Овој емотивен момент, редок за 23-годишната девојка, е вклучен во докуентарниот филм за мегапопуларниот јужнокорејски бенд.
Нивниот рекорден деби-албум неодамна ја зацврсти нивната круна како женски бенд со највисок рејтинг на американската листа на албуми „Билборд“.
Документарниот филм „Блекпинк: Осветли го небото“ ќе се емитува на стриминг-платформата „Нетфликс“, а премиерата е денес, 14 октомври.
119-минутниот филм Blackpink: Light up the Sky е преполн со досега невидени снимки од квартетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Изразите на лицето на Џорџ Буш на инаугурацијата на Трамп ги преплавија социјалните мрежи
Џорџ В. Буш, поранешен претседател на САД, го привлече вниманието на јавноста благодарение на изразите на лицето за време на инаугурацијата на Доналд Трамп. Неговите реакции брзо се проширија низ социјалните мрежи, а корисниците на TikTok и платформата X (поранешен Твитер) ги претворија во мемиња кои насмеаја милиони.
@adventures_by_arika Bush was lit at Trump’s inauguration 🇺🇸 #trumpinauguration #bush #georgebush #inaugurationday #inaugration #usa🇺🇸 #fyp #fypシ #fypage #fypシ゚viral #fyppppppppppppppppppppppp ♬ Cake Batter – Derix Mail & Junior Baby
Многу корисници на X и TikTok споделуваат видеа и фотографии од изразите на лицето на Џорџ В. Буш со хумористични коментари како: „Џорџ В. Буш на инаугурацијата – тоа сум јас кога ќе ја видам келнерката како ми носи храна“, „Не ми е гајле што некој ќе каже, јас го сакам Џорџ Буш и неговиот 10-годишен дух на божиќен концерт“, „Џорџ Буш застана во продавница за слатки пред инаугурацијата и изеде премногу“.
@brannon311 George Bush face #foryoupageofficiall #DonaldTrump #fyp #GeorgeBush #inaugurationday #sitting #funny #silence ♬ original sound – EmperorBran
Неговата ќерка Џена Буш Хејгер (43) изјавила дека смешните реакции на нејзиниот татко за време на инаугурацијата на Доналд Трамп предизвикале вистинска бура во семејниот групен разговор.
Забава
Џастин Бибер ја отпрати сопругата на Инстаграм: дали нивниот брак е во неволја
Пејачот Џастин Бибер ги изненади фановите со својот најнов потег. Имено, тој деновиве на Инстаграм престана да следи неколку луѓе, меѓу кои и неговата сопруга Хејли Бибер.
Тој, исто така, не го следи својот поранешен ментор Ашер, Скутер Браун и таткото на Хејли, Стивен Болдвин. Неговите обожаватели брзо забележале дека Хејли повеќе не е на списокот на Џастин на луѓе што ги следи, што предизвика бран коментари на социјалните мрежи.
Многумина почнаа да шпекулираат за проблеми во нивниот брак.
„Дали раскинаа?“, „Зошто Џастин прекина да ја следи Хејли на Инстаграм?“, „Никој не е сигурен“, „Што се случува?!“, коментираа фановите.
Од друга страна, некои обожаватели забележале дека Хејли сè уште го следи Џастин на Инстаграм и се обиделе да ја смират ситуацијата.
„Таа сè уште го следи, се надевам дека тоа беше само грешка на Џастин“, напиша еден од нив.
Еден фан исто така истакна дека парот моментално се одмара во Аспен, сугерирајќи дека се уште се заедно.
Инаку, веќе некое време се шират гласини за проблеми во нивниот брак. Сепак, Бибер ги премолчи гласините објавувајќи фотографија со Хејли со порака: „Ќе одам каде било со тебе“.
Забава
Хју Грант: За малку ќе го отруев семејството двапати, децата ме молеа да не готвам повеќе
Актерот Хју Грант (64) во интервју за британски Вог откри дека за малку ќе ги отрул своите деца по катастрофа на скара. Тој разговарал со својата колешка Рене Зелвегер и ја шокирал со информацијата дека почнал да готви дури во шеесеттите, но се покажало дека не е многу талентиран.
„За малку ќе го отруев семејството двапати. Им дадов црви. Пилешкото не беше доволно сварено. Двапати. Печев на скара во темница и кога го заглавив ножот во месото, не можев да видам какво е. Го сервирав – црви насекаде. Децата ми се смееја. Децата ме замолија повеќе да не готвам“, рече Хју.
Актерот има пет деца. Тој има две деца со актерката Тинглан Хонг, синот Џон и ќерката Табита, а со сегашната сопруга Ана Еберштајн има три деца – Феликс, Лулу и Блу.