Забава
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс наводно нема да присуствуваат на годинешната „Мет гала“

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс наводно нема да присуствуваат на годинешната „Мет гала“. Извор близок до парот тврди дека тие не планираат да се појават на настанот, кој е закажан за 5 мај, пренесува ТМЗ.
Тие решија да го прескокнат настанот поради тековниот правен спор што Лајвли го има со колегата од It Ends With Us, Џастин Балдони. Конфликтот во последните денови стана уште позатегнат.
Сепак, според изворот, правните проблеми на Лајвли (37) и Рејнолдс (48) не влијаеле на нивната одлука бидејќи тие наводно планирале да ја прескокнат „Мет гала“ месеци пред да излезе во јавноста драмата со Балдони.
Ова не би било првпат Лајвли и Рејнолдс да одлучат да се повлечат од очите на јавноста и да го прескокнат овој гламурозен настан. Всушност, тие не присуствувале на „Мет гала“ од 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Рене Зелвегер и се придружува на Селена Гомез во хит серијата на Хулу

Рене Зелвегер се приклучи на актерската екипа на хит-серијата на Хулу, Only Murders in the Building (Само убиства во зградата). Веста беше потврдена на официјалните профили на Инстаграм и на Икс, на серијата.
„Добредојдовте во зградата, Рене Зелвегер!“, напишаа во објавата.
Тие вклучија и фотографија од актерското столче на сетот со нејзиното име. Нивната објава за само еден ден собра речиси 60 илјади лајкови, а луѓето во коментарите напишаа дека се воодушевени.
„Со секоја нова сезона станувате се поиконични“, „Само икони во зградата“, „Престанете, оваа серија постојано се подобрува“, „Ја сакам Рене“, „Бриџит Џонс во зградата?“, „Веќе ја сакам оваа серија, а сега оваа легенда ќе глуми во неа? Едвај чекам“, „Кој ја донесе оваа одлука заслужува покачување“, напишаа тие.
Во моментов не се познати деталите за заплетот на петтата сезона, како и каква точна улога ќе има Зелвегер. Актерката се приклучува на листата која ги вклучува Селена Гомез, Мартин Шорт, Стив Мартин, Мерил Стрип, Кристоф Валц, Теа Леони и Киган-Мајкл Ки.
Забава
(Видео) Меган Фокс и Машин Ган Кели добија ќерка

Актерката Меган Фокс и нејзиниот партнер, музичарот Машин Ган Кели, објавија на јавноста дека станале родители.
Двојката ја сподели среќната вест со своите следбеници на Инстаграм, заедно со кратко видео на кое се гледа нивната новородена ќерка.
Меган Фокс ги изненади своите фанови во ноември минатата година објавувајќи фотографија од трудничкиот стомак на социјалните мрежи, а во објавата го означи Машин Ган Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер.
Набргу потоа, Фокс објави фотографија од позитивен тест за бременост, отфрлајќи ги сите сомнежи.
Четири месеци подоцна, на 27 март, парот објави дека добиле ќерка, со зборовите: „Конечно е тука! Нашето мало божествено семе“.
Овој среќен момент доаѓа откако Фокс и Бејкер ја прекинаа свршувачката минатата година и решија секој да тргне по својот пат.
Забава
Кога овие хороскопски знаци ќе се заљубат, тие стануваат поинакви луѓе

Љубовта целосно ги менува овие хороскопски знаци! Проверете дали сте на списокот…
Љубовта е силна емоција која повеќето од нас копнеат да ја доживеат барем еднаш во животот.
И додека сите се трудиме да ја покажеме најдобрата верзија од себе кога ќе се заљубиме (особено на почетокот на врската), има луѓе кои драстично се менуваат кога ќе ја сретнат личноста која ќе им запали искра во срцето.
Според астрологијата, овие хороскопски знаци целосно се менуваат кога ќе се заљубат.
Стрелец
Ентузијастички и авантуристички Стрелец може да станат… мали деца кога ќе се заљубат. Тие секогаш се смеат, танцуваат и не ја кријат својата радост.
Особено на почетокот на врската ќе се обидат да ја импресионираат личноста што ја интересираат со скапи подароци и величествени гестови, додека многу брзо ќе сакаат да ги запознаат со пријателите и семејството.
Многумина ги сметаат за тривијални, но кога вистински ќе се заљубат, посветуваат големо внимание на потребите на партнерот, што ги прави особено симпатични и покажува колку можат да станат доверливи.
Водолија
Револуционерите од зодијакот, кога ќе се заљубат, од тешки и недостапни стануваат романтични и слатки. Водолијата можеби нема да ги изрази своите чувства, но кога богот Ерос ќе тропне на нивната врата, сета нивна одбрана се спушта.
Тие почнуваат да се вртат околу партнерот и сите нивни напори се насочени кон тоа добро да се забавуваат со личноста до нив. Оваа фаза ќе биде најубава во вашата врска со посвета песни, цвеќиња на работа и убави моменти.
Јарец
Јарецот буквално мутира кога е заљубен. Престанува да работи, почесто се смее и станува оптимист. Јарците имаат многу високи стандарди за нивната врска, но кога ќе сфатат дека она што го чувствуваат е вистина и взаемно, вложуваат максимални напори да му угодат на партнерот и се посветени на тоа, исто како што се посветени на секоја своја цел.
Во врска секако остануваат сериозни и никогаш не го изневеруваат партнерот.